Балкан„Фајненшал Тајмс": ЕУ не смее да го оттурне Балканот од себеЕвропската Унија не треба да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформски струи во регионот, пишува „Фајненшал Тајмс".Европската унија, како што стои во текстот на колумнистот Тони Барбер, е опасно блиску да направи уште една историска грешка на Балканот. -Владите на членките на ЕУ треба да донесат одлука на самит во јуни дали ќе одобрат отворање на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Одлуката треба да биде донесена едногласно за да биде спроведена. Неколку влади, меѓу кои на чело се Франција и Холандија, покажуваат неволност кон следната фаза од проширувањето на ЕУ. Тоа го прават, во голема мера, за да се заштитат себеси од критиките на противниците во нивните земји, наведува „Фајненшал Тајмс". Во текстот е посочено дека Франција бара од ЕУ да се фокусира на внатрешни реформи и на зајакнување на еврозоната и притоа да избегне чекори кои би можеле да ја зголемат поддршката во Европа на десничарите и на популисите кои се борат против естаблишменот. Но, доколку противниците успеат во нивните намери, тогаш се јавува ризик за поттикнување на тензии за кои ЕУ вели дека сака да ги држи на страна на Балканот. -Овој аргумент е особено изразен во Северна Македонија. Премиерот Зоран Заев и неговите колеги го отфрлија ултранационализмот на нивните претходници. Покажаа огромна храброст за да најдат решение за спорот во врска со името на земјата, кој ги отежнуваше односите со соседна Грција уште од почетокот на деведесеттите. На Балканот, кој е има озлогласена репутација уште од времето пред Првата светска војна поради тешките етнички, верски и територијални спорови, решението претставува навистина редок пример на разумен компромис, кој бил направен по мирен пат, пишува „Фајненшал Тајмс". Со право, како што стои во текстот, граѓаните на Северна Македонија ќе започнат да се прашуваат дали некогаш ЕУ ќе ги отвори вратите доколку храбрата дипломатија и вештото менаџирање на домашната дименизја на спорот за името не бидат наградени со почеток на преговори за членство. Каков било застој би можел да им зададе удар на реформите во Северна Македонија и со тоа да и наштети на борбата против корупција и организиран криминал, а би се поттикнал и македонскиот шовинизам. -Најстрашно од сè, тоа ќе ги разочара етничките Албанци кои сочинуваат околу една четвртина од населението. Нема ни 20 години откако избувна албанскиот бунт во Северна Македонија, што предизвика брза интервенција на НАТО. Една од причините за релативното затишје кое следеше потоа е уверувањето на главните албански лидери да не се губи вербата во ЕУ, чие што членство за нив е гаранција за граѓански права и ветување за просперитет, пишува „Фајненшал Тајмс". Весникот наведува дека ако вратата на ЕУ остане затворена, ќе им се наруши угледот и довербата на овие центристи. Меѓутоа, постои и друга опасност, како што предвидуваат некои во регионот, ако ЕУ ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија, а ја задржи Албанија во чекалната. -Ваквиот потег ќе додаде масло во огнот на пан-албанскиот национализам, ставајќи ги политичарите и активистите од Албанија и Косово во искушение да се откажат од надежите за влез во ЕУ и што посилно да ја прифатат каузата за Голема Албанија. За возврат, ова би фрлило дамка врз напорите да се реши спорот помеѓу Србија и Косово и да се намалат тензиите помеѓу Бошњаците, Србите и Хрватите во Босна и Херцеговина, пишува „Фајненшал Тајмс". Во случај да се зголеми нестабилноста во регионот поради колебливоста на ЕУ, како што наведува весникот, ќе се создаде плодна почва за мешање од странство. Балканот е една арена на натпревар меѓу надворешни сили, вовлекувајќи ги Русија, Турција и Кина во едно ќоше на Европа кое е во голема мера под влијание на ЕУ и САД уште од времето на југословенските војни. Во текстот понатаму е посочено дека, руски агенти стоеја зад обидот за државен удар во 2016 година во Црна Гора и беа зафатени со Грција и Северна Македонија обидувајќи се набрзина да го окончаат договорот за името. Турција финансира политички ислам во регионот. Таа е активна меѓу муслиманските Бошњаци и етничките Албанци во Косово, Северна Македонија и Албанија. Кина го шири своето влијание со помош на обемни инвестиции во рамките на иницијативата „Појас и пат." – Со цел да ги заузда амбициите на Русија и Кина, Вашингтон едвај чека да работи со ЕУ за заштита на интересите на Западот. Брисел треба да е среќен што Балканот е еден од неколкуте региони во светот кои не се допрени од фрикцијата во американско – европската надворешната политика под администрацијата на Трамп. ЕУ и Америка добро се искомбинираа во придонесот кон решението на спорот меѓу Грција и Северна Македонија, пишува британскиот весник. Критичарите на проширувањето, како што е наведено во текстот, се во право кога велат дека квалитетот на демократијата и владеењето на правото е под европките стандарди во земјите на Балканот. -Но, довербата која регионот ја има во ЕУ и ентузијазмот кај народот за тешките реформи кои се бараат за да се заслужи членството, ќе се намалат освен ако нема позитивен сигнал од Самитот следниот месец. Се останато би го втурнало Балканот во превирања и би и наштетило на ЕУ, која повторно самата ќе си пука во здрава нога, пишува „Фајненшал Тајмс". /MИА The EU must not cut the Balkans adrift https://t.co/Hgj7SQz3Bv — Financial Times (@FT) May 15, 2019 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваИрина Шајк како ѓаволица на Ноќта на вештерките- сите се воодушевени (ФОТО)Манекенката Ирина Шајк (40) избра смел костим за овогодинешната Ноќ на вештерките, кој привлече големо внимание на социјалните мрежи. Таа носеше тесен црвен комбинезон од сјаен материјал, а комбинацијата ја надополни со високи потпетици и ѓаволски рогови. На фотографиите што ги сподели на Инстаграм, таа позира во комбинезон со долги ракави и висока јака што ја нагласува нејзината фигура. „Ангел претворен во ѓавол“, напиша таа покрај објавата, која собра повеќе од 163.000 лајкови. Меѓу бројните реакции, се издвоија коментарите на познати лица од светот на модата. Дизајнерот Рикардо Тиши остави емотикони во форма на црно срце, додека моделот Даниела Понтес рече: „Воау“. Црвен комбинезон и впечатлива шминка Покрај самиот костим, вниманието го привлече и нејзиниот изглед. Таа ја стилизираше црната коса во бујни локни што паѓаа преку рамената, додека челото ѝ беше украсено со внимателно стилизирани бранови коса. На главата носеше црвени рогови што дополнително ја нагласуваа целата комбинација. Шминката беше подеднакво импресивна. Таа ги нагласи очите со смело црно мастило и светкава сенка за очи, а на усните стави темноцрвен кармин со сјаен финиш. Исто така, избра црвен маникир што одговара на костимот, чиј сјаен материјал беше особено видлив на фотографиите направени со блиц. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) По модната писта, Ноќта на вештерките со семејството Фотографиите пристигнаа кратко по нејзиното враќање на модната ревија на „Викторијас сикрет“, одржана на 18 октомври во Лос Анџелес. Во интервју за ¡HOLA! зад сцената, таа зборуваше за самодовербата и предизвиците што ги носи таа. „Мислам дека е многу тешко да се има самодоверба денес“, рече таа. Покрај тоа што го покажа својот гламурозен костим, Ирина дел од Ноќта на вештерките го помина и со своето семејство. Со нејзиниот поранешен партнер, актерот Бредли Купер, и нивната ќерка Леа, таа посети куќи и собираше слатки во Њујорк. „40-тите години се новото најдобро време за жените“ Ирина го прослави својот 40-ти роденден во јануари, а во неодамнешното интервју за „Вог Арабија“ зборуваше за стареењето, убавината и прифаќањето на телото. „Луѓето треба да се опуштат бидејќи четириесеттите години се новото најдобро време за жените. Тоа е нов почеток“, рече таа. Таа, исто така, се осврна на нереалните очекувања што ги следат жените во модната индустрија. Таа нагласи дека професионалните фотографии не мора нужно да покажуваат како изгледа во секојдневниот живот и отворено зборуваше за брчките и целулитот. View this post on Instagram A post shared by irina shayk (@irinashayk) Таа, исто така, призна дека научила повеќе да го прифаќа своето тело со текот на годините, по долг период во кој се чувствувала притисната да се вклопи во одредени стандарди за убавина. Денес, таа се обидува да најде време за себе и покрај деловните обврски и грижата за својата ќерка. Меѓу навиките што станаа дел од нејзината рутина, таа ги издвои здравата исхрана и посетите на руската сауна.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директоритеПратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, оценувајќи дека со образложението за ваквиот потег се доведува во прашање способноста на безбедносните институции. Таа порача дека, доколку власта остане доследна на наведените оценки, треба да следат оставки од министерот за внатрешни работи и од директорите на разузнавачките агенции. На расправата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Петровска го оспори пристапот со кој утврдените недоследности се решаваат со укинување на законот, наместо со нивно отстранување. „Не постои во нашата поблиска и подалечна историја која било влада што ќе даде карактеристика за безбедносно-разузнавачките служби дека се неспособни. Ако сакате да бидете доследни на она што сте го напишале, очекувам откако ќе се усвои законот да следат и оставки на оние што се одговорни во МВР, директорите на АНБ и Агенцијата за разузнавање и надлежните институции“, рече Петровска. Таа посочи дека надлежните имале една година да ги коригираат констатираните недоследности, но наместо тоа сега предлагаат престанување на важењето на законот. Според Петровска, укинувањето на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница претставува сериозен безбедносен проблем, особено во услови кога соработката меѓу институциите е клучна за одговор на глобалните предизвици. „Дали ова значи дека безбедносните институции немаат капацитет да одговорат на глобалните предизвици?“, праша таа. Дополнителна загриженост, според неа, предизвикува тоа што укинувањето на законот се предлага во период кога Владата најавува обединување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Петровска оцени дека евентуалното спојување на службите не треба да започне со отстранување на постојните механизми за координација, без претходно да се понуди јасна слика за идната институционална поставеност и начинот на кој ќе се обезбеди нивната соработка, се наведува во соопштението на Петровска. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечерВо рамки на посетите на урбаните и месните заедници, вечерва остваривме средби со жителите на локациите Киро Крстев, Браќа Џунови, Страшо Пинџур 1 и Страшо Пинџур 2.Преку непосредна комуникација, размена на мислења и конкретни предлози, ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите за Програмата за работа за 2027 година. Продолжуваме да бидеме на терен, таму каде што се создаваат најдобрите решенија – во директен разговор со граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook