„Exynos“ сепак се враќа кај најмоќните телефони на „Samsung“? - Канал 5

„Exynos“ сепак се враќа кај најмоќните телефони на „Samsung“?

Според информациите објавени на „Twitter“ од дојавувачот „Revegnus“, „Exynos 2400“ ќе се најде во сите модели од серијата „Galaxy S24“ во Европа и Југоисточна Азија.

„Exynos“ сепак се враќа кај најмоќните телефони на „Samsung“?

До претставувањето на серијата „Galaxy S23“, водечките паметни телефони на „Samsung“ користеа „Exynos“ или „Snapdragon“, во зависност од регионот.

Додека „Exynos“ на хартија изгледаше како конкурент на „SoC“ на „Qualcomm“, во реалноста не беше така. Европските корисници често се жалеа на пад на перформансите поради прекумерното прегревање на телефонот и лошата автономија.

Имајќи го тоа на ум, не е ни чудо што серијата „Galaxy S23“ е хит кај европските корисници. „Snapdragon 8 Gen 2“ носи одлични перформанси и добра автономија, а речиси и да нема прегревање.

Но, според информациите објавени од реномираниот дојавувач на „Twitter“, „Revegnus“, „Samsung“ ќе го врати „озлогласениот“ процесор „Exynos“ во претстојната серија на телефони „Galaxy S24“.

Имено, „Revegnus“ вели дека моментално неиздадениот „Exynos 2400“ ќе се најде во моделите „Galaxy S24“, „S24+“ и „S24 Ultra“, кои ќе се продаваат во Европа и Југоисточна Азија. Од друга страна, американскиот пазар, исто како и досега, ќе го добие претстојниот чип „Snapdragon 8 Gen 3“ на „Qualcomm“.

Детали за „Exynos 2400“ чипот сè уште не се многу, но ако ги погледнете протечените информации, тој би требало да има 10 јадра и подобри перформанси од „Snapdragon 8 Gen 2“ и „Apple A16 Bionic“ чипсетот. Повеќе информации ќе бидат познати во наредните месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали трилатералниот состанок на Трамп, Путин и Си Џипинг ќе го промени светот?

Повеќе слика, отколку содржина. Откако слегна прашината по самитот на тројцата најмоќни светски лидери во Кина, доминира впечатокот дека помпезно најавуваниот состанок сам по себе е историски, но без суштински пробив за клучните теми.

Дали трилатералниот состанок на Трамп, Путин и Си Џипинг ќе го промени светот?

Повеќе слика, отколку содржина. Откако слегна прашината по самитот на тројцата најмоќни светски лидери во Кина, доминира впечатокот дека помпезно најавуваниот состанок сам по себе е историски, но без суштински пробив за клучните теми, барем на јавна сцена. Оттука, фокусот на светските анализи е кој и колку доби? Во најголем од светските анализи, преовладува ставот дека рускиот претседател Путин е најголем победник зашто по години меѓународна изолација се врати на големата сцена, а на самитот на АПЕК прв пат по 9 години.

-Русија долго време негодува на перцепцијата дека сила во опаѓање, ослабена сила, а претседателот Путин сега има право да каже: „јас сум еден од само тројцата лидери на една ексклузивно избрана маса. На тој, начин тој судерира дека и покрај воените загуби и западните санкции, Русија е голема сила. , изјави за Дојче Веле, Али Вејн, политички аналитичар од Вашингтон.

Си Џинпинг, Трамп и Путин вчера објавија заедничка мировна декларација, без воопшто да бидат споменати војната во Украина и во Иран. ројцата лидери само декларативно, а не обврзувачки се согласуваат да работат на свет без нуклеарано оружје, реформи во Обединетите Нации, ограничување на улогата на Меѓународниот кривичен суд. Она што е нејасно е дали ваквиот лидерски формат ќе продолжи и дали ќе ги разгори стравувањата за потенцијално преобликување на меѓународниот поредок, во кој Европа би останала надвор од сферата на влијание.

-Никогаш не сме ги виделе овие три лидери да седнат заедно. Ако тоа постави некаков преседан да стане еден вид централен простор за дебата, како „Г-3“, што ќе ги засени сите други групи, тогаш кој знае каде ова може да води. Си Џин Пинг мисли, Источна Азија е мој дел. САД дефинитивно, или Доналд Трамп експлицитно вели, западната хемисфера е моја. Тоа е Донро доктрината. Знаеме дека Владимир Путин би сакал да контролира повеќе од Источна Европа отколку во моментов. , изјави Ричард Вокер, аналитичар од Берлин.

Германскиот канцелар Мерц вчера оцени дека Формат во стилот на Јалта нема да донесе мир, а дека Европа нема да биде изоставена од каков било договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавното обвинителство, МВР и Министерството за социјална политика со координирам одговор против семејно насилство

Денеска се одржа работен состанок на јавниот обвинител Ненад Савески со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Јавното обвинителство, МВР и Министерството за социјална политика со координирам одговор против семејно насилство

Во Јавното обвинителство на Република Македонија денеска се одржа работен состанок на јавниот обвинител Ненад Савески со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, на кој беа договорени конкретни мерки за координирано, итно и ефикасно постапување во случаите на семејно насилство.

Во услови на загрижувачки трендови кај кривичните дела поврзани со семејното насилство, трите институции утврдија приоритетни активности насочени кон унапредување на превенцијата, обезбедување навремена заштита на жртвите и поефикасно откривање и кривично гонење на сторителите.

Согласно договорениот протокол, при секој евидентиран настан, Министерството за внатрешни работи веднаш по приемот на пријавата ќе го известува надлежното јавно обвинителство. Јавниот обвинител ќе ја координира работата на тим составен од полициски инспектори и стручни лица од центрите за социјална работа, со цел навремено и синхронизирано постапување.

Предвидено е итно обезбедување вешт наод и мислење за евентуалните повреди, процена на ризиците и прибирање на сите потребни докази, со што ќе се создадат услови за брзо донесување јавнообвинителска одлука и преземање соодветни дејствија за кривичен прогон.

Државниот обвинител Савески и министрите Тошковски и Велковски договорија воспоставување контакт точки во трите институции, преку определени лица кои ќе бидат постојано достапни за меѓусебна комуникација, координација и давање итни насоки. Постапувањето ќе се одвива согласно стандардизирани процедури, со јасно утврдени надлежности и одговорности.

Со зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка се очекува да се обезбеди побрза реакција во секој поединечен случај, навремено преземање мерки за заштита и згрижување на жртвите, како и ефикасно процесуирање на сторителите пред надлежните судови.

Институциите остануваат посветени на доследно и навремено постапување по сите случаи на семејно насилство, постапувајќи во тесна координација, со цел заштита на жртвите и обезбедување одговорност за сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постигнат договор меѓу МОН и УКИМ, нема исклучување на струјата

Постигнат договор меѓу Минстерството за оразование и ЕВН за надминување на проблемот со долгот за електрична енергија – исклучување на струјата нема да има, а неплатените обврски МОН ќе ги подмири во наредните денови. 

Постигнат договор меѓу МОН и УКИМ, нема исклучување на струјата

Ова го потврдија од ЕВН за Канал 5 од каде посочија дека не можат да споделат колкав точно е долгот кој УКИМ и четирите факултети кон ЕВН. Пред два дена Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот на УКИМ остнаа во неколкучасовн мрак откако им беше исклучена електричната енергија. Како настанал долгот не откриваа ниту реторката на УКИМ која во телефонски разговор само ја потврди информацијата дека проблемот со електричната енергија е надминат и дека не очекуваат повторно да дојде до исклучување.

- Согласно договореното, МОН ќе го подмири заостанатиот долг во текот на наредните денови, со што се создадени услови најавеното исклучување на електричната енергија да не се реализира. Во однос на прашањето за конкретниот долг на УКИМ ве информираме дека станува збор за информации кои произлегуваат од деловниот однос меѓу компанијата и нејзините корисници и од тие причини не би можеле да споделуваме поединечни информации за финансиските обврски на конкретни корисници, посочија од ЕВН.

Но, факултетите не се единсвените должници со неплатени сметки, покажуват поодатоците на Министерството за финансии за третиот квартал од оваа година. Вкупните долгови на државните институции и јавни претпријатија се околу 700 милиони ерва, од кои околу 125 милиони евра се достепани, а не платени долгови за комунлани услуги, греење, комуникација и транспорт.

Долгата должничка листа со години ја предводат Македонски железнци и Транспорт, со долгови од по над 80 милиони евра. Трети се Електрани на Македонија со долг од 40 милиони евра, а јавните здравствени установи вкупно должат над 157 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер