Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
1Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
2Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
Здравје Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролотНутриционист открива како оваа хранлива намрница има бројни придобивки за здравјето.Наутот е едноставна, достапна намирница што заситува, а и нуди бројни здравствени придобивки. Нутриционистката Луси Кершо тврди дека оваа често занемарена мешункаста билка е одличен дел од балансираната исхрана бидејќи е богата со протеини, влакна, витамини и минерали. Можете лесно да ја вклучите во вашата исхрана преку додавање во салати, супи и чорби или да ја испечете во рерна и да ја сервирате како крцкав прилог. Поради високата содржина на протеини, често се наоѓа во менито на вегетаријанците и веганите, објавува The Mirror. Кершо истакнува дека наутот може да биде одлична алтернатива на црвеното месо, бидејќи ви овозможува да консумирате протеини со помала содржина на заситени масти. „Некои црвени и преработени меса, вклучувајќи колбаси, сланина и шунка, можат да бидат богати со заситени масти, чиј вишок може да доведе до повисоки нивоа на холестерол. Замената на некои од овие намирници со растителни извори на протеини како што се наутот, гравот и леќата е лесен начин да го намалите внесувањето на заситени масти. Конзервираниот наут и мешунките се евтини и практични, додека сушените варијанти може да се купат во поголеми пакувања многу поволно“, објаснува Кершо. Една од придобивките од наутот е тоа што е богат со растителни влакна, кои се важни за варењето и можат да помогне во одржувањето на здраво ниво на шеќер во крвта. Влакната исто така можат да играат улога во регулирањето на холестеролот. Ако сакате да ја дополните вашата исхрана со намирници што содржат доволно количини на протеини и растителни влакна, наутот е одличен избор. Тој е хранлив, лесен за подготовка и лесно може да се додаде во разни јадења, така што можете да го вклучите во вашата дневна исхрана без многу напор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасадаМалолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин. Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен. За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации. Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата . „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.Тагови: Србија терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаПоп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежокДенес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Почитувани центарци, Почитувани претставници на медиумите, Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Влезот во објектот е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата. Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот. Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото? Герасимовски, граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста. Не може да се ветува уредено и хумано Дебар Маало, а притоа да се носат одлуки што отвораат нови проблеми за луѓето што веќе живеат таму. Дебар Маало не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните! Бараме Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го решава паркирањето и ќе го зачува зеленилото. Жителите заслужуваат решенија, а не уште едно неисполнето ветување! Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на ОК Центар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаХоџа: Пет дигитални модули за поголема транспарентност и поефикасна заштита на животната срединаМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност, поефикасни административни постапки и подобро управување со податоците и процесите поврзани со животната средина. „Дигитализацијата за нас не е само софтвер. Таа е политичка алатка за правда. Таа е сурова транспарентност. Каде што има дигитален систем, нема простор за криење. Таму завршува неефикасноста на системот“, истакна Хоџа. Првиот модул, „ТЕМЕЛИ“, ќе овозможи граѓаните, медиумите и граѓанските организации да имаат увид во проектите што ги реализира Министерството, нивната вредност, роковите, локациите и изворите на финансирање. Модулот „ЈАДРО“ опфаќа дигитализација на архивата и просторно-информативниот систем. Дигиталната архива ќе овозможи електронско следење на предметите, увид во нивниот статус и информација за службеникот задолжен за нивното постапување. Овој процес се реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Дигитализацијата на просторно-информативниот систем е веќе завршена и овозможува подобро управување со геопросторните податоци за заштитените подрачја и поголема транспарентност во постапките поврзани со нив. Преку модулот „ВРЕМЕ“, Министерството учествува во реформите за поедноставување на административните постапки. Целта е граѓаните да се ослободат од сложени процедури. Од околу 30 чекори за поедноставување на постапките поврзани со Министерството, 15 се предвидени во првата фаза, која треба да заврши до крајот на годината. Модулот „ЗЕМЈА“ предвидува дигитално мапирање на дивите депонии во општините, со цел полесно планирање на средствата и ресурсите за нивно расчистување, како и подготовка за воспоставување на регионалните центри за управување со отпад. Функционалноста на платформата ќе биде предмет на консултации со граѓанските организации, ЗЕЛС и стручната јавност, а нејзината реализација е предвидена во буџетот за 2027 година. Паралелно, во неколку општини се спроведува пилот-проект за видео-надзор на дивите депонии. Петтиот модул, „ВОЗДУХ“, предвидува воспоставување дигитален регистар во кој 140 иматели на А-интегрирани еколошки дозволи ќе ги објавуваат податоците за емисиите согласно условите од издадените дозволи. Регистарот е поврзан со Законот за контрола на емисиите во воздухот, кој стапува во сила во септември 2027 година. Во наредниот период Министерството ќе ги презентира модулите поединечно, со детални информации за нивната функционалност и придобивките за граѓаните. „Ова не е само дигитализација. Ова е нов вредносен систем. Ова е нашиот зелен пресврт“, порача Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook