3НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
Шоу биз„Евровизија 2026“: Израел ќе се натпреварува и покрај бојкотот на противницитеЖрепката за двете полуфиналиња на „Евросонг 2026“ се одржа во Виена вчера, а Израел е меѓу 15-те земји-учеснички кои ќе се натпреваруваат за место во финалето, и покрај противењето на неколку земји.Претставникот на Израел би требало да настапи во првото полуфинале на 12 мај, заедно со Грција, Белгија, Шведска, Хрватска и други. Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка се меѓу оние кои ќе настапат во второто полуфинале. Германија, Франција, Италија, Велика Британија и државата-домаќин Австрија автоматски се квалификуваат за финалето. Новите правила за гласање даваат помала тежина на гласањето на јавноста во полуфиналето отколку во претходните години. Полуфиналето повторно ќе користи приближно 50 - 50 поделба меѓу гласањето на жири-комисијата и публиката. Жирито, притоа, ќе помогне да се одлучи за 10 учесници во секоја од полуфиналните емисии коишто ќе се пласираат во финалето. Секој гледач може да даде само до 10 гласови, во споредба со до 20-те максимални гласови претходно. Новите правила важат и за финалето. Годинашниот 70. „Евровизиски натпревар“ во австриската престолнина со месеци беше во сенка на дебатата за учеството на Израел во контекст на неговата двегодишна воена кампања во Појасот Газа. Шпанија, Ирска, Исланд, Холандија и Словенија соопштија дека ќе го бојкотираат овогодишното издание на музичкиот натпревар, во знак на протест. Пријавите од вкупно 35 земји ќе бидат одредени наредниве недели. Продажбата на приближно 90.000 влезници за цела недела на натпреварот, треба денеска - на 13 јануари напладне (12:00 часот по Гринич). Оваа година Виена ќе биде трет пат домаќин на „Евросонг“. Музичкиот натпревар ги имаше своите почетоци по Втората светска војна, со цел културен натпревар и разбирање меѓу европските држави и нации. Тагови: Евровизија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧетворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенствоГрупната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот. Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија. Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција. Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули. Пинг-понгарска федерација на МакедонијаТагови: пинг понг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезонаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите. На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter