„Евроњуз“: Со Радев може да има значајни промени во надворешната политика на Бугарија - Канал 5

„Евроњуз“: Со Радев може да има значајни промени во надворешната политика на Бугарија

Појавата на нова политичка партија предводена од сега веќе поранешниот претседател Румен Радев би можела значително да ги преобликува не само внатрешните работи на Бугарија туку и нејзината надворешна политика. 

„Евроњуз“: Со Радев може да има значајни промени во надворешната политика на Бугарија

Ова се наведува во анализата на „Евроњуз“ по повод оставката на Радев и најавите дека ќе почне нов политички проект само два месеца пред следните предвремени парламентарни избори во земјата, која е зафатена од политичка криза.

- Ставот на Радев за војната во Украина остро се разликува од оној на претходните влади. Поради оваа причина, аналитичарите и противниците честопати го нарекуваат проруски. Во својот говор во понеделникот Радев се осврна и на ова прашање наведувајќи: „Во име на својата политичка иднина некои политичари го ставаат во опасност мирниот живот на Бугарите во услови на опасна војна во близина на нашите граници, па дури и се борат против граѓанскиот и етничкиот мир, кој вие и јас ќе го зачуваме и покрај нивните провокации - пишува „Евроњуз“.

Недели пред Бугарија да го усвои еврото (на 1 јануари 2026 година) Радев повика на референдум за усвојување на единствената европска валута, но парламентот го отфрли.

- Конечниот раскол меѓу Бугарите и политичката класа дојде со одбивањето на Народното собрание да одржи референдум за датумот на воведување на единствената европска валута. Народните претставници му го одзедоа на народот правото на избор - рече Радев.

Бугарскиот претседател вчера објави дека поднесува оставка од функцијата шеф на државата додавајќи дека денеска и формално ќе ја достави до Уставниот суд.

Радев е претседател на Бугарија девет години. Шпекулациите дека ќе влезе во парламентарната трка и ќе се кандидира за премиерската функција постојат веќе некое време и беа потврдени вчера.

Бугарија е парламентарна република, а нејзиното управување е во рацете на парламентот, Советот на министрите и премиерот.

- Прашањата овде се: зошто постигнувањето на овие цели не донесоа стабилност и задоволство; зошто Бугарите престанаа да гласаат; зошто не се потпираат на правосудниот систем и не им веруваат на медиумите; зошто граѓаните двапати ги преплавија плоштадите; зошто во европска Бугарија голем процент од луѓето се чувствуваат сиромашно, а уште повеќе живеат во несигурност - праша Радев.

Тој го обвини моделот на управување, „кој има надворешни карактеристики на демократија, но функционира преку механизмите на олигархијата“.

За време на мандатот како претседател, Радев мораше да назначи седум привремени влади поради долгогодишната политичка криза и неможноста на партиите да формираат стабилно мнозинство.

Пред неколку недели земјата беше потресена од најголемите протести од 90-тите, првично предизвикани од противењето на нацрт-буџетот, но подоцна ескалираа во барања за оставки - повлекување од политиката на клучни политички личности, како што се поранешниот премиер Бојко Борисов и Делјан Пеевски, наведува „Евроњуз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија.

На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки?

Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и релативно топло

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Променливо облачно и релативно топло

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер