ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
1ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
2АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
Култура„Евангелие на глупоста“ в сабота премиерно во Драмскиот театар„Евангелие на глупоста“ (Далај мама во два дела), според текст и во режија на Љубиша Георгиевски, в сабота премиерно ќе биде прикажана во Драмскиот театар - Скопје.Во претставата играат бардот на македонската глума Милица Стојанова, Благој Чоревски, Ирена Ристиќ, Филип Трајковиќ, Игор Георгиев, Катерина Шехтанска - Лаковска, Трајанка Илиева - Таци, Игор Ангелов, Славиша Кајевски, Валдета Исмаили, Ана Костовска, Александра Павлова, Диме Илиев и Златко Митрески. Првпат на сцената на Драмскиот театар гостува Петар Мирчевски. Костимографијата и сценографијата се на Мери Георгиевска, а музиката на младиот Гаврило Миловановиќ. Режисерот Георгиевски рече дека текстот е напишан во 2002 или 2003 година, а игран е во режија на Пројковски во Народниот театар - Битола пред шест или седум години. Ова е скопска премиера. -„Евангелие на глупоста“ (Далај мама во два дела) е приказна за распадот и крајот на т.н. западна цивилизација на која и припаѓаме и ние и со која агонизираме, рече на денешната прес-конференција Георгиевски. Тој додаде дека се работи за трагична фарса во која ликовите немаат релевантни проблеми. Диме Илиев рече дека во претставата има три слоја или екипи, фамилијата Поткошулови, трите баби, стари по стотици или илјадници години, кои го претставуваат подземниот свет и тој, како врска меѓу подземниот и надземниот свет. Игра повеќе улоги, но главно е гробар. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАстон Вила и Карагер на суд: „Нè навреди“ Англискиот премиерлигаш Астон Вила најави поведување судска постапка против легендарниот фудбалер Џејми Карагер поради, како што наведоа од клубот од Бирмингем, неприфатливи навреди што поранешниот фудбалер на Ливерпул ги упатил кон нив.По тој повод, „Вила“ се огласи на социјалните мрежи и информираше за правните чекори што ќе ги преземе. Во соопштението, потпишано од претседателот на клубот Насеф Савирис, премиерлигашот го обвини Карагер дека ги навредил и клубот и навивачите. Во објавата се наведува дека клубот нема да дозволи никој да го запре подемот на „Астон Вила“ во англискиот и европскиот фудбал. Гостувајќи во подкастот „Stick to Football“ претходно оваа недела, Карагер изнесе претпоставка дека менаџерот на „Астон Вила“, Унаи Емери, би бил заинтересиран да ја преземе тренерската функција во „Манчестер Јунајтед“, во услови на шпекулации дека Мајкл Керик таму ќе добие отказ. „Тој сигурно би сакал можност да води некој голем клуб. Во фудбалот, сакале ние или не, постои одредена хиерархија. Така, Реал Мадрид ќе го земе најдобриот играч на Манчестер Јунајтед – како што направија со Роналдо. Исто така, постојат клубови кои се на повисоко ниво од Астон Вила и кои би можеле да ги земат нивните играчи или тренер. Затоа, навивачи на Астон Вила, молчете повеќе! Астон Вила никогаш нема да биде Манчестер Јунајтед“ – гласи „контроверзната“ изјава на Карагер, поради која сега ќе заврши на суд. Откако се најде на удар на навивачите на Вила, Карагер изјави дека делот со „молчете“ бил шега. Тој потоа ги потсети навивачите на клубот од Бирмингем дека со години зборува за Емери само во суперлативи. „Мислам дека Емери е најдобриот тренер во лигата, а ако сте Манчестер Јунајтед, се прашувате: ’Што е најдоброто што можеме да го добиеме?‘. Не велам дека тој ќе си замине – само велам дека, да бев на нивно место, ќе си го поставев тоа прашање. Мислам дека, ако некој ви каже ’тоа е вашето ниво‘, вашето его би се побунило и би рекло: ’Не, не е така‘. Тоа е она што го мислев. А приказната доби многу пошироки размери“, изјави Карагер за „Overlap Daily“. Карагер повтори дека неговата порака до навивачите на Вила била упатена „како шега“.Тагови: Астон Вила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во ЃорчеОсновното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, а за четворицата осомничени вчера е побаран нов краткотраен притвор во траење од 48 часа. – Се преземаат дејствија за прибирање докази, јавниот обвинител до судот денеска ќе достави предлог за определување нов краткотраен притвор од 48 часа – информираа од Обвинителството. Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров. Од МВР тогаш информираа дека приведувањата биле реализирани во координација со ОЈО Скопје и по издадени наредби од обвинителството, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива.-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Македонија. -АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење. Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола. Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи. Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка. Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити. Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење. АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата, стои во соопштението од банката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook