„Еуроимпекс“ прослави јубилеј од 35 години - Канал 5

„Еуроимпекс“ прослави јубилеј од 35 години

Во средата на 10.9.2025 година, првата приватна македонска компанија со дејност од автомобилската индустрија „Еуроимпекс“, прослави јубилеј од 35 години успешно стопанисување. 

„Еуроимпекс“ прослави јубилеј од 35 години

Свеченоста беше посветена на тимот вработени на компанијата, а забавата ќе остане долго да се зборува и да се памти...

„Еуроимпекс“ започнува со работа во 1990 година, кога во Македонија немаше ниту една приватна компанија за продажба на автомобили. Тие беа први. Семејството Воиновски. Започнуваат скромно со само тројца вработени, а денес се гордеат со компактен тим од 150 вработени во Скопје и Белград и застапуваат два сериозни автомобилски бренда на територија од 5 држави во регионот.

“Бележиме автомобилска традиција од 3 поколенија.... почнувајки од нашиот дедо, потоа нашиот татко, сега јас и брат ми, а веќе и следната, четврта генерација Воиновски е тука, подготвена да продолжи по истиот пат. Од тука потекнуваат и оние вистински семејни вредности кои се рефлектираат во целокупното работење, како кон клиентите така и кон нашиот тим.

Нашиот тим е компактен, постојан, кој секогаш се грижи за своите клиенти. Со таков пристап се градат нераскинливи врски помеѓу компанијата, клиентите и соработниците. Hие сите заедно – преку доверба, создаваме иднина. “ – изјави Кирил Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“.

„Еуроимпекс“ е првично позната по своето застапништво на еден од најпознатите автомобилски брендови – Peugeot во Македонија и регионот, но истовремено е и генерален увозник на брендовите: TotalEnergies, Milwaukee, Bahco, Irimo, се грижи за развојот на ловиштето Ниџе, а од 2020 година е генерален застапник и за германскиот блиц - Opel во Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора.

„Горди сме на нашата 35 годишна традиција на раст и развој. Но, тука не застануваме. Чест ми е да најавам дека заедно со тимот на Еуроимпекс, работиме во насока на изградба на два нови репрезентативни деловни центари. Едниот во Скопје, другиот во Белград. Заедно целиме кон уште подобри 35 години!“ - – изјави Даниел Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“.

Ова беше еден од ретките настани обоени во кирилица. Гостите беа пречекани со лица во традиционални носии кои послужуваа македонски локум. Постоеше линк помеѓу минатото и иднината... Историски Peugeot возила блескаа крај црвениот килим, кои беа осветлени од најновите Peugeot и Opel модели, а по влезот во ресторанот беше искажано добредојде со шампањ и малини како симбол кој ги поведе гостите во иднината...

Гостите уживаа во македонска музика. Македонски шлагери ја преполнија просторијата со емоции. „За нас почнува живот“ и многу други, во изведба на Дина и The Ringtones. Нашата дива Калиопи, која воедно е и амбасадор на Peugeot брендот во Македонија, приреди маестрален настап, за време на кој гостите не стивнуваа од силни аплаузи и овации... Забавата продолжи на кирилица со Дина и The Ringtones, а гостите беа испратени со ракија и македонски домашен мед.

Ова не беше обична свеченост. Ова беше настан преполн со емоции, посветен на вредните колеги, соработниците и клиентите. Ова беше свеченост на која сопствениците и тимот на „Еуроимпекс“ покажаа како заеднички и тимски се гради и сака една компанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

Град Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед.

- Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит.

- Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер