„Еуробаскет“: Дамјан Стојановски во втората петорка на АБА 2 лигата - Канал 5

„Еуробаскет“: Дамјан Стојановски во втората петорка на АБА 2 лигата

 Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, репрезентативецот Дамјан Стојановски, сезонава е еден од најдобрите кошаркари во АБА 2 лигата, информира „Еуробаскет“.

„Еуробаскет“: Дамјан Стојановски во втората петорка на АБА 2 лигата

Искусниот Стојановски е избран во вториот најдобар тим во АБА 2 лигата за оваа натпреварувачка сезона.

Освен него во изборот на најдобрите во втората лига на Јадранот, има место и за неговиот клупски соиграч, Ѓорѓе Милошевиќ, кој е дел од идеалната петорка на лигата.

Покрај Милошевиќ во идеалните пет се уште и најдобриот играч во лигата за сезоната 2019/2020, Радован Ѓоковиќ од Борац од Чачак, уште еден екс-играч на МЗТ Скопје, Никола Павличевиќ, сега кошаркар на Сутјеска од Никшиќ, како и Павле Марцинковиќ (Сплит) и Филип Краљевиќ (Широки).

Во втората, освен Дамјан Стојановски се и: Тони Перковиќ (Сплит), Никола Кочовиќ (Борац), Ненад Неранџиќ (Борац) и Исмет Сејфиќ (Сутјеска)

Играчот на Борац, Радован Ѓоковиќ е најдобриот бек, Павле Марцинковиќ најдобро крило, а Филип Краљевиќ најдобар центар во лигата за сезоната која е зад нас.

Најдобар тренер е Марко Мариновиќ од Борац од Чачак, новиот член на АБА конкуренцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер