„Еурактив": Пазете се од епидемија на вета при проширувањето на ЕУ

Фактот што Бугарија го блокираше стартот на преговорите за пристапување кон ЕУ со Македонија не е ниту новина, ниту изненадување.

Со ветото на евроинтеграцискиот процес на Македонија, Бугарија ја користи својата позиција како членка на ЕУ за да постигне некои нејзини надворешно-политички интереси, на ист начин како што тоа го правеа многу други претходно, но проблемот е во тоа што Унијата како да нема желба и начин да ги обесхрабри ваквите еднострани постапки, оценува соработникот на Меѓународниот институт за безбедност од Белград, Орхан Драгаш за „Еурактив".

– Фактот што Бугарија го блокираше стартот на преговорите за пристапување кон ЕУ со Македонија не е ниту новина, ниту изненадување. Постои долга историја на соседски пречки на патот кон членство во ЕУ. Словенија ја блокираше Хрватска поради границата со Пиранскиот Залив, Хрватска веднаш штом стана членка на ЕУ ги блокираше преговорите на Србија, а Бугарија го стори истото на кусо пред три години, заради позицијата на нејзиното малцинство во Србија, наведува Драгаш.

Тој потестува и дека Грција со децении ја блокираше земјава без никакви шанси да се интегрира во ЕУ и НАТО, се додека не го смени името.

– За цело тоа време, ЕУ повторуваше дека нерешените соседски проблеми не смеат да бидат причина членка на ЕУ да стави вето на својот сосед што не е членка на Унијата. Но, кој би поверувал во тоа, особено по бугарското вето? Значи, проблемот не е во тоа што Бугарија го условува пристапувањето на Македонија, Бугарија ја користи само својата позиција на членка на ЕУ за да постигне некои нејзини надворешно-политички интереси, на ист начин како што тоа го правеа многу други претходно. И тоа е целосно легитимно. Но, проблемот е во тоа што ЕУ нема желба и начин да ги обесхрабри и спречи ваквите еднострани активности на нејзините полноправни членки, заклучува Драгаш.

Според него, со својот однос кон фактот дека Бугарија ја условува Македонија со историски и идентитетски прашања, ЕУ и Германија како нејзин актуелем претседавач оставаат впечаток на „најголема и најотворена незаинтересираност досега за отворање на вратата за нови членки од Балканот".

Ниту Брисел, ниту главните европски метрополи не се обидуваат да најдат утешни, оптимистички зборови за оние кои сè уште се во чекалната, тие едноставно веќе немаат волја за тоа, додава експертот.

Според Драгаш, по бугарскиот потег кон Македонија, тешко е да се очекува зајакнување на довербата во ЕУ на Балканот, што отвора простор Европејците лесно да бидат заменети со некои други големи светски играчи, што ќе биде штетно и за ЕУ ​​и за регионот.

– Празното место на европскиот ентузијазам веднаш ќе го заземе некој друг, во чии планови за иднината на Балканот нема многу простор за напредок, безбедност и развој на балканските народи. И, за жал, на Западниот Балкан, се уште има голем потенцијал за конфликт, сиромаштија и корупција, оценува авторот во текстот во „Еурактив".

Сепак, според него, додека Европа го потценува ризикот од бугарското вето на патот на земјава кон ЕУ, среќна околност е што САД имаат појасен став и бараат ваквите проблеми да се решат надвор од процесот на пристапување во Унијата.

– Судејќи спорес изјавата на Мајкл Карпентер, поранешен советник за надворешна политика на Џозеф Бајден, кој рече дека ниту Бугарија, ниту Македонија не добиваат ништо од сегашниот конфликт и дека од тоа корист имаат само оние што сакаат поделби во Европа, ваквиот тренд (во американската политика) ќе продолжи и во идна администрација, заклчува Драгаш./МИА.

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер