Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
Свет„Еурактив“:Европската десница се надева дека политиката на Трамп ќе стигне и до ЕвропаЕвропската десница се надева дека бранот на политиката на Трамп ќе стигне и до бреговите на Европа Конзервативните и екстремно десничарски лидери од ЕУ кои учествуваат на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Вашингтон имаат само една цел на памет: како во Европа да го пренесат влијанието на политиката „Да ја направиме Америка повторно голема“ на новиот американски претседател Доналд Трамп, оценува бриселскиот портал „Еурактив“. - Европските екстремни десничари отидоа на годишниот состанок на американските конзервативци во Вашингтон, како фанови на концерт, за да ги видат, а можеби да направат селфи со Доналд Трамп, потпретседателот Џеј-Ди Венс и нивните сојузници, се наведува во текстот. Сепак, според „Еурактив“, овогодишното издание на Конференцијата за конзервативна политичка акција, што се одржува од средата до утре во Вашингтон, е повеќе од обичен собир на десничарите од целиот свет. - За европските десничари таа е сигнал дека се на победничката страна на историјата и надеж дека бранот на „Да ја направиме Америка повторно голема“ ќе стигне и до европските брегови, се оценува во текстот. Меѓу учесниците на Конференцијата во Вашингтон од ЕУ се и италијанската премиерка Роберта Мецола, нејзиниот словачки колега Роберт Фицо, претседателот на Партијата на европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), Матеуш Моравијецки, лидерот на францускиот Национален собир (РН), Жордан Бардела и европратеничката на француската партија Повторно освојување (РЕЦ), Сара Кнафо. Според директорот за анализи во тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи и поранешен советник за Европа и Евроазија во американскиот Стејт департмент, Џереми Шапиро, присуството на една ваквиот собир им овозможува на учесниците да се чувствуваат помоќно. - Близината до моќта и перцепцијата на близина до моќта претставува моќ, изјави Шапиро за „Еурактив“. Во врска со учеството на нејзини членови на собирот во Вашингтон, се огласи европската суверенистичка, национал-конзервативна и десно популистичка партија Патриоти за Европа (ПФЕ), која оцени дека овој собир претставува можност за одржување на „стратешки разговори“ со колеги од САД за зајакнување на „односите меѓу европските и американските патриотски движења“. - Учеството на настанот означува значаен чекор во градењето посилни трансатлантски патриотски врски за одбрана на националниот суверенитет и за враќање на моќта на народот, се додава во соопштението на ПФЕ. Инаку, меѓу членките на ПФЕ се и францускиот РН, чиј неформален лидер е Марин Ле Пен, Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Лига на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, Акцијата на незадоволни граѓани (АНО) на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, Партијата за слободата на Австрија (ФПО), холандската Партија на слободата (ПВВ) и шпанската Вокс. Како што јави Франс 24 на маргините на Конференцијата во Вашингтон, како придружни настани на собирот, се одржуваат повеќе тематски тркалезните маси, како „Нема каде да бегате: Отстранувањето на левичарската технологија“, „Важен е животот на БлекРок: Разбивање на контролните соби за протести“ или „Воини на културата: Прифатете го примирјето и туркајте го“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава „Макфест“ ја затвори 41. фестивалска приказнаСо две фестивалски вечери, 27 нови композиции и средба на повеќе генерации македонски музичари, Штип го заокружи 41. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Овогодишната програма донесе спој на нови авторски остварувања, добро познати естрадни имиња и песни што потсетуваат на богатото музичко наследство на фестивалот, кој повеќе од четири децении е еден од најзначајните настани во македонската забавна музика. Финалната вечер понуди 18 композиции, од кои шест беа избрани на првата фестивалска вечер, додека останатите 12 беа нови музички премиери. Во продолжението на натпреварувачката програма настапија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска, кои со своите композиции повторно застанаа пред публиката. Посебна димензија на втората вечер ѝ даде присуството на афирмирани македонски музичари, од кои дел по подолга пауза повторно се вратија на сцената на „Макфест“. Агни Авшар, Наташа Малинкова, Марија Данева, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак и Симона Поповска, Огнен Здравковски и Давид Темелков беа дел од музичката програма, носејќи различни интерпретации, стилови и генерациски искуства. Меѓу впечатливите моменти на вечерта беше и нејзиното отворање, со потсетување на еден од препознатливите макфестовски хитови - „Ти ме сакаш знам“, на Јован Јованов и Маја Саздановска. Водителите Димитар Атанасовски и Марјана Станојковска ја отпеаја песната, додека Атанасовски ја збогати изведбата со придружба на виолина, создавајќи убаво музичко потсетување на фестивалските хитови што продолжуваат да живеат низ годините. На сцената се случи и уште една интересна музичка средба - Јован Јованов и Тони Зен се претставија со новата композиција „Уште ми требаш“, со што ја продолжија приказната на некогашниот хит „Итно ми требаш“. Во текот на вечерта, на сцената се обрати и Слаткаристика, кој сподели дел од своето лично искуство со пелтечењето, охрабрувајќи ги сите што се соочуваат со овој предизвик да продолжат да сонуваат и да работат на остварување на своите цели. Тој упати и порака за поголемо разбирање и прифаќање, потсетувајќи дека лицата што пелтечат имаат многу што да кажат и заслужуваат да бидат слушнати. Во рамките на овогодишното издание беше доделено и признанието за најслушана песна во периодот меѓу двата фестивала, кое ѝ припадна на Лара Иванова за хитот „Доминантен“. За младата пејачка, ова признание има дополнителна симболика, бидејќи токму на макфестовската сцена во 2019 година го имаше својот прв фестивалски настап. Со наградата уште еднаш се потврди и присуството на македонската музика во секојдневното слушателско искуство. 41. издание на фестивалот започна со вечер посветена на новите музички имиња, на која 15 изведувачи и музички состави ги претставија своите авторски композиции. Настапија Анастасија Спасевска, Драгана Јовановска, Девана, Kaly и Гоки, Санела Шукриевска, Ненад Вржалски, „Три пати на ден“, Дорис Ди, „Арте-Факт“, Ана Цамбулева, Доно, Тамара Грујеска, Теа Златева, Марија Наумоска и Елена Наумова. Ревијалниот дел од првата вечер го одбележа Антониа Гиговска, која во поинакво, интимно музичко издание интерпретираше дел од своите песни и познати макфестовски хитови. Посебен емотивен момент беше и музичкиот омаж посветен на Владо Јаневски, со кој беше оддадена почит на авторот и изведувач чии песни се вградени во македонската забавна музика. Со ова издание, „Макфест“ уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што ги поврзува афирмираните музичари со новите автори и изведувачи. Двете вечери понудија вкупно 27 нови композиции, што е значаен придонес кон домашната музичка продукција и можност за создавање нови песни што допрва ќе го бараат својот пат до слушателите. По 41 издание, вредноста на „Макфест“ не се мери само преку песните што низ годините станале евергрини, туку и преку континуитетот во создавањето нова музика и отворањето простор за генерации што доаѓаат. Тагови: Макфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во ГерманијаХаос на улиците во Франција. Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот. Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица. Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети. Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо. Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци . Немири и насилства имаше и на улиците во Германија. Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата. По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје. Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе. Тагови: протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандераДел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера. Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter