„Етнос": Пораки од Атина до Скопје по кажаното „не" од ЕУ

Грција, според „Етнос", се движи по шест оски и има конкретни ставови по недобивањето датум за пристапни преговори за нашата земја на Самитот на ЕУ.

Да не се драматизира ситуацијата, европската перспектива и понатаму е на маса, Скопје да продолжи со реформите и да се почитува Договорот од Преспа бидејќи во спротивно можно е и грчко вето, се дел од пораките од Атина до Скопје, според анализата на онлајн изданието на грчкиот весник „Етнос", jави дописничката на МИА од Атина.

Грција, според „Етнос", се движи по шест оски и има конкретни ставови по недобивањето датум за пристапни преговори за нашата земја на Самитот на ЕУ.

Пишува дека Атина порачува оти „не треба да се драматизира ситуацијата, во смисла дека европската перспектива на Македонија и понатаму е на маса".

-Атина го критикува француското „не" за почетокот на пристапни преговори, но со интерес го слуша (и во голема мера го дели) барањето на Франција за измени во методологија и процесот на проширување, пишува „етнос.гр" во однос на грчките позиции и додава дека Атина јасно става до знаење дека нема се меша во внатрешните случаи на Македонија.

Паралелно го повикува северниот сосед да остане на патот на реформи.

– Разјаснува дека веројатно враќање назад од страна на која и да било нова влада на Македонија за името ќе ја доведе во прашање европската перспектива на соседната земја и ветото во таков случај нема да доаѓа само од Французите (Холанѓаните и Данците), туку и од Грција, пишува „Етнос".

Во анализата се споменува дека Атина и понатаму ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

– Европската перспектива на Западен Балкан е грчка иницијатива и цврста позиција уште од 2003 година и Самитот ЕУ-Западен Балкан што тогаш се одржа во Солун. Ниту една грчка влада не зазеде различен став во однос на тоа, рекол владин извор за „етнос.гр", оставајќи да се разбере дека ќе треба да се очекуваат од Атина и други иницијативи во следниот период за конкретниот фронт, пишува онлајн изданието на грчкиот весник.

Воедно, поставува и две прашања – дали може една техничка влада во Македонија да продолжи да го имплементира Договорот од Преспа до изборите и дали по април идната влада ќе биде расположена да го почитува Договорот.

Весникот наведува и дека во случај ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, би сакало „членство во ЕУ во комбинација со дефакто поништување на ерга омнес од Договорот од Преспа и да го овековечи името Македонија без придавки". /МИА.

Напад со нож во Шведска: Застрелан е напаѓачот, кој им се нафрли на три постари жени

Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во врска со нападот на три постари жени во градот Вастерас.

Полицијата соопшти дека мажот ги нападнал жените на возраст меѓу 65 и 80 години со остар предмет, пренесува Ројтерс. Шведската агенција Експресен објави дека една од жените и напаѓачот се во болница со сериозни повреди.

Очевидци велат дека слушнале десет истрели. Нападот се случил денеска околу 12:25 часот.

"Многу полицајци беа на местото на нападот. Мислевме дека станува збор за петарди. Не знаевме за што се работи. Автомобилот на нашиот сосед беше уништен. Полициско возило удри во него", рекол еден од очевидците.

Г7: Ќе ја зајакнеме противвоздушната одбрана на Украина

Земјите-членки на Г7 се решени да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, изјавија денеска нивните министри за надворешни работи кои се собраа на состанокот во Капри.

Седум суперсили - Италија, Канада, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија, САД и ЕУ - силно ја критикуваа руската инвазија на Украина, која трае повеќе од две години.

Киев, сепак, ги предупредува дека мора да ја сменат својата стратегија доколку сакаат Украина да издржи сѐ подеструктивни руски воздушни напади. Русија негира дека цели цивили, но смета дека енергетскиот систем на Украина е легитимна цел. Во тие напади беа убиени стотици цивили.

„Г7 ќе ја зајакне воздушната одбрана на Украина за да спаси животи и да ја заштити критичната инфраструктура“, рекоа министрите за надворешни работи, додавајќи дека ќе ја зголемат одбранбената и безбедносната помош за Киев.

„Ние сме решени да продолжиме да обезбедуваме воена, финансиска, политичка, хуманитарна, економска и развојна помош за Украина и нејзиниот народ“, додаваат тие. Изјавата е објавена на крајот од тридневниот министерски состанок во Капри, каде главни теми беа Украина и воените конфликти меѓу Израел и Иран.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен по самитот изјави дека на Украина ѝ требаат веднаш повеќе ресурси и го предупреди Пекинг дека односите на Кина со Европа ќе настрадаат доколку ѝ помогне на руската одбранбена индустрија.

„Кога станува збор за руската одбранбена индустриска база, главниот придонесувач во моментов е Кина“, рече Блинкен. „Ако Кина од една страна тврди дека сака добри односи со Европа и со другите земји, од друга страна не може да ја поттикне најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна.“

Воената помош за Киев е забавена во последните месеци бидејќи на европските партнери им снемува муниција, а американската помош е блокирана од републиканците во Конгресот. Претставничкиот дом на САД овој викенд конечно би можел да гласа за пакетот помош од 60,8 милијарди американски долари за Киев.

Друго прашање што се разгледува е како да се искористи профитот од 300 милијарди американски долари замрзнати руски средства на Запад за да ѝ се помогне на Украина. Министрите рекоа дека се уште размислуваат како тоа може да се направи.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани рече дека постои правна основа за користење камата од замрзнатите средства, а експертите сега размислуваат дали би можел да се искористи самиот капитал.

Во врска со нападот на Израел врз Иран по неодамнешниот ирански напад со беспилотни летала и ракети врз Израел, министрите рекоа дека ќе работат на спречување на ескалација на конфликтот.

„Политичката цел на Г7 е деескалација. Работиме и ќе продолжиме да работиме за да бидеме активни играчи за да обезбедиме деескалација на целиот Блиски Исток“, рече Тајани.

Мицкоски: Актуелната власт донесе цикличен артаноиден хибриден режим

„Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера, се чувствува како граѓаните се обединуваат околу желбата за промени“

„Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера, се чувствува како граѓаните се обединуваат околу желбата за промени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ранковце.

„Масовно на 24-ти април да излеземе овде во Ранковце и да го поддржиме идниот претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова. Тоа е многу важно затоа што државата ни е одземена од мала група на луѓе кои што се дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ кои што цело време за да добијат некое парче коска од наместените тендери, да добијат некое ситно евро во џебот и да ги задржат своите фотелји упорно и упорно шест и половина години измеќарат на овие од Мала Речица“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Македонија ја претворија во еден вид на артаноиден режим. Таква е денеска Македонија поради дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ.

„Пред шест и половина години овие што сега се Влада ни ветуваа дека ќе донесат слобода, ќе донесат правда, подобар живот, подостоинствен живот, поквалитетен живот за граѓаните, повеќе пари за граѓаните. А, во суштина што направија? Донесоа цикличен артаноиден хибриден режим“, рече тој.

„Кога велам артаноиден тука мислам и на неговиот ментор, а тоа е Али Ахмети од Зајас, кој што денеска ја доби Македонија на тацна од Ковачевски, Зечевиќ и останатите неколкумина политичари во раководството на СДСМ, кои се покажаа и докажаа како главни измеќари“, укажа Мицкоски.

Тој посочи дека никој не очекуваше една државотворна партија СДСМ да се претвори во гранапче на Али Ахмети, на Артан, на ДУИ и да бидат главни измеќари само за да ги задржат своите позиции.

„Тоа е политичкото мочуриште во кое што ние денеска живееме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа дека СДСМ и Стево Пендаровски немаат план, немаат програма. Единствено нешто што научиле е само ЕУ, ЕУ.

„А, од ЕУ им остана само еврото кое што го крадат од вас граѓаните преку наместени тендери“, нагласи тој.

„После осми мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ. А, сите оние кои што и нанесоа зло, неправда, болка, јас ви ветувам дека ќе одговараат“, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ на овие избори се бори за 61 пратеник и за претседател Гордана Силјановска Давкова. Време е граѓаните да живеат достоинствен живот во Македонија каде што ќе има правда, успешен образовен систем, подобар здравствен систем, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер