„Еколог" избран за спроведување на вакцинацијата против Ковид -19 во Германија - Канал 5

„Еколог" избран за спроведување на вакцинацијата против Ковид -19 во Германија

Веќе има обезбедено тим од лекари, мадицинско-технички персонал, асистенти и административен персонал за реализација на овој огромен и сложен проект.

„Еколог" избран за спроведување на вакцинацијата против Ковид -19 во Германија

Компанијата „Еколог" е избрана да го спроведува процесот на вакцинација против Ковид-19 во Германија. Како што информираат од компанијата, целосниот процес на вакцинација ќе го спроведе „EcoCare", дел од групацијата „Ecolog International". Веќе има обезбедено тим од лекари, мадицинско-технички персонал, асистенти и административен персонал за реализација на овој огромен и сложен проект.

Центрите на вакцинација на „EcoCare" пред два дена успешно започнаа со работа во различни градови во Германија, а дополнително, голем број тимови за вакцинација на повеќе различни локации започнаа и за лицата кои имаат потешкотии да ги посетат центрите за вакцинација.

Еден од центрите за вакцинација на „Еколог", како што наведуваат од компанијата, во петокот го посетија високи претставници на државата, а домаќин на настанот беше главниот медицински директор д-р Томас Лидке.

– По нашето искуство со масовни тестови за откривање корона во многу меѓународни земји, ние сме задоволни што можеме да придонесеме за контрола на короната во централните региони на Германија со нашите вакцини. Нашиот персонал е специјално обучен за спроведување на овој процес со цел обезбедување добар процес на вакцинација во самите центри, изјави за медиумите при посетата Лидке.

Компанијата „Еколог Интернешнл", од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, го прошири својот опсег и сега преку „EcoCare" нуди здравствени услуги, како организирање масовно тестирање, создавање и работење центри за вакцинација и мобилни тимови за вакцинација во различни земји од ЕУ, како и во Велика Британија. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер