„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво - Канал 5

„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

 Виена веќе не е најдобриот град во светот за живеење. 

„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit - 'ЕИУ'), главниот град на Австрија е детронизиран од „прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува. Данската престолнина го зазеде првото место на топ-листата најпогодни градови за живот, на светско ниво за 2025 година, објавена вчера.

На списокот на сестринската организација на „Економист" се рангирани 173 градови од цел свет - врз основа на низа фактори, вклучувајќи здравје, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина. Копенхаген ги победи Виена и швајцарскиот град Цирих, коишто се израмнија на второто место. Австралиски Мелбурн се задржа на четвртото место, а Женева (Швајцарија) е петта. Сиднеј (Австралија) се искачи на топ-10 листата - од седмото на шестото место, додека јапонската метропола Осака и Оукленд (Нов Зеланд) се изедначија на седмото и осмото место.

На деветтото место е Аделаида - третиот австралиски град на оваа топ-листа. Ванкувер (Канада) го зазеде 10-то место.

Зошто Виена годинава не е на прво место?

Иако австрискиот град сѐ уште има добри резултати во повеќето категории, параметарот во стабилноста опадна. Копенхаген, од друга страна, постигна високи резултати во сите критериуми. Остриот пад на оценките за австриската престолнина им се припишува на неодамнешните инциденти, вклучително и заканата со бомба на концертот на Тејлор Свифт минатото лето, што доведе до откажување на настанот.

- Глобалниот квалитет на живот остана непроменет во изминатава година, а како и во 2024., оценките за стабилност се намалени на глобално ниво. При притисокот врз стабилноста Виена ја загуби позицијата на најдобар град за живеење по три години, рече заменик-директорот на „ЕИУ“, Барсали Батачарја.

Виена не е единствениот град што забележа пад. Калгари падна од петтото место во 2024 година, на 18-то - откако доби пониска оценка за здравствената заштита, заедно со три други канадски градови, поради оптоварувањето на здравствениот систем на земјата. Торонто, исто така, падна од 12-то на 16-то место. И британските градови Лондон, Манчестер и Единбург бележат пад - Лондон од 45. на 54., Манчестер од 43. на 52., а Единбург од 59. на 64. место.

Хонолулу, Хаваи, САД - беше највисоко рангиран американски град на листата - се најде на место бр. 23.

Дамаск, Сирија, и натаму е на дното на листата - како најмалку погоден за живот во светот. Веднаш над него е рангиран либиски Триполи, главниот град на Бангладеш, Дака, пакистански Карачи и градот Алжир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер