Шоу биз„Една битка по друга“прогласен за најдобар филм на 98. оскари, Мајкл Б. Џордан го победи Тимоти Шаламе за најдобар актерЕдна битка по друга, еден оскар по друг. Политичкиот трилер „Една битка по друга“, со Леонардо Ди Каприо во главната улога, режиран од страна на Пол Томас Андерсон ја доби овогодинешната престижна награда „Оскар“ за најдобар филм. Фабулата на филмот прикажува паднат револуционер што се обидува да ја спаси ќерка си од поранешен непријател. Андерсон доби награди и за најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио. -Оваа година има толку многу одлични филмови. Навистина се расплакав кога ја добив наградата за најдобар режисер и заборавив да и се заблагодарам на мојата екипа. Вие сте срцето на овој филм, целиот тим. Каква вечер, ајде да се напиеме мартини, ова е неверојатно,- Пол Томас Андерсон – Режисер на „Една битка по друга“, Оскар за најдобар филм 2026. За истиот филм, статуетки добија и Шон Пен за најдобар спореден глумец, Енди Јургенсен за најдобра монтажа и Касандра Кулукундис за најдобар кастинг. За најдобра споредна актерка беше прогласена Ејми Медиген од филмот „Оружје“ која се изнасмеа откако и беше врачен оскарот. -Ова е одлично,- – Еми Медиген – Оскар за најдобра споредна актерка. Водителот Конан О’ Брајан се пошегува на сметка на главниот лик во филмот Леонардо ди Каприо Дека е крал на интернет-шегите поради неговите карактеристични гестикулации во бројни филмови и го повика да направи нова со која ќе покаже дека не се согласува. -Ајде да направиме нова интернет шега со Лео (Леонардо ди Каприо) веднаш. „Чувството кога не се согласуваш со ова“,-- Конан О Брајан – водител. О’ Брајан не ја изостави ниту темата за фајловите на Епстин. Вели од Британија порачале дека ги апсат своите педофили. -За првпат од 2012 година (за оскар) не се номинирани најдобар актер или актерка. Портпаролот на Британија рече „да, па, во најмала рака ние ги апсиме нашите педофили“,-- Конан О Брајан –водител. Главни награди беа доделени на актери од други филмови. Џеси Бакли е најдобра актерка во филмот „Хамнет“, а Мајкл Бакари Џордан е најдобар глумец во „Грешници“, а филмот доби и награди за кинематографија, оригинална музика и најдобро сценарио.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротоколарна средба на претседателот на Собранието со британскиот амбасадор Метју ЛосонГаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна официјална посета на Британскиот парламент. Го истакна значењето на проектната помош за Собранието што се одвива преку Весминстер фондацијата за демократија и со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата. Амбасадорот Лосон изрази задоволство за потврдата на продолжување на веќе воспоставената соработка. Претседателот Гаши го информираше амбасадорот за процесот на дигитализација на Собранието, за зајакнувањето на надзорната улога на Собранието, како и за подигнувањето на нивото на политичката култура во Собранието и подобрувањето на перцепцијата на законодавниот дом во јавноста. Двајцата соговорници разменија мислења околу претстојните активности на Собранието, можностите и модалитетите во рамките на веќе утврдената соработка, но и за потенцијалите на друг вид на соработка од взаемен интерес. Беше изразена посебна благодарност до Обединетото Кралство за водечката улога и поддршка во развитокот и во клучните историски моменти на нашата земја како независна европска демократија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивнаОд иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook