​Еден тон текстилен отпад собран во Кисела Вода за само еден месец - Канал 5

​Еден тон текстилен отпад собран во Кисела Вода за само еден месец

Еден тон текстилен отпад е собран за само еден месец од поставувањето на првите контејнери за текстилен отпад на територијата на општина Кисела Вода.

​Еден тон текстилен отпад собран во Кисела Вода за само еден месец

Според податоците добиени од лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, најголема количина е собрана од контејнерот поставен во населбата Расадник, што укажува на висок интерес и активна вклученост на граѓаните во процесот на селектирање и правилно одлагање на текстилниот отпад.

Во моментов се поставени 15 контејнери на различни локации пред месните заедници, а паралелно се изработуваат уште 15 нови, кои во следната фаза ќе бидат поставени пред основните училишта и детските градинки. Со тоа, вкупниот број ќе достигне 30 контејнери, а иницијативата ќе добие и силна едукативна компонента, насочена кон најмладите.

Ова е првпат во општина Кисела Вода да се воспоставува ваков систем за собирање текстилен отпад, преку договорот што беше потпишан меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и Фаик Мифтари, управител на ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје. Со воспоставената соработка се создава одржлив и јасно дефиниран систем за собирање, селектирање и рециклирање на текстилниот отпад, во согласност со важечкото законодавство и највисоките еколошки стандарди.

-Со поставувањето на контејнерите за текстилен отпад правиме уште еден суштински исчекор кон современо, одговорно и одржливо управување со отпадот. Фактот што за само еден месец е собран еден тон текстилен отпад покажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на оваа иницијатива. Ова партнерство не претставува само техничко решение, туку вложување во едукацијата, свеста и иднината на нашата заедница. Преку ваквите проекти испраќаме јасна порака дека заштитата на животната средина е заедничка обврска и трајна вредност. Искрена благодарност до ЕКО-ТЕКС ГРУП за нивната општествена одговорност и придонесот кон почиста и поздрава околина-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и син

Татко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.

Пукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и син

Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница.

Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата

Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група.

По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста.

Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје.

Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност

Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице.

Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата.

Мотивот сè уште непознат

Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж.

По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче Тошковски

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

„Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски.

Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став.

„Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски.

Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер