3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
Македонија„Еден месец потоа“ - нашиот уредник Гоце Михајлоски ја отвора душата за последните 30 дена од неговата животна драмаЗа среќа, во модерниот технолошки свет веќе не важи Гебелсовата "1000 пати повторена лага станува вистина“. Ви го пренесуваме во целост FB статусот на Гоце Михајлоски кој ќе гостува во Само Вистина овој ЧетвртокЕДЕН МЕСЕЦ ПОДОЦНА: Битката ја добив, војната ја изгубив(ме) Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон, кога кажа дека новиот вирус е како крадец. Доаѓа од "нигде-никаде", и за брзо остава пустош зад себе. Во случајот со моето семејство, зеде и живот - на татко ми. Последниот викенд во Прилеп Во семејната куќа во Прилеп вирусот "влегол" кон крајот на март. Викендот 28-29 март бев во посета на родителите, неполни 24 часа, тогаш полицискиот час беше од 16 часот. Подоцна се покажа дека тоа е и последна средба со татко ми. Никој немаше никакви симптоми и не можеше ниту да претпоставиме дека "непријателот" е тука. Од каде дошол не знаеме, можеме само да погодуваме, ама тоа сега веќе е и ирелеватно. 5 април, недела Седум дена подоцна, на 5 април недела, додека се уште бев на работа, попладнето околу 16 часот почувствував омалаксаност. Веднаш заминав дома (тоа беше мојот последен ден на работа), а вечерта добив покачена температура (38.4) и треска. Нормално, веднаш се појави стравот дека можеби "ова е тоа" за кое толку слушавме и зборувавме. Вредно е да спомнам дека практично од петокот, помеѓу двете интервјуа, ми додеваше главоболка на која тогаш не и обрнав особено внимание со оглед дека ја имам често кога сум под стрес и под притисок. Траеше прилично долго, три дена. Не помагаа никакви апчиња, а исчезна дури неделата вечер, кога се појавија температурата и треската, па гледано од денешна перспектива можно е таа да беше поврзана со вирусот. Претходните денови, во кои бев преокупиран со веќе познатите две интервјуа, повеќепати разговарав со татко ми за емисиите, но во ниту еден момент не се пожали дека има некакви здравствени проблеми. Но, во саботата на 4 април, мајка ми, помалку изнудено (да ме одврати од идејата да го однесам детето на чување неколку дена) и помалку бенигно, ми кажа дека заедно со татко ми 2-3 дена "имаат некоја настинка, повремено со покачена температура и трески". 6 април, понеделник Ова беше доволен аларм за мене веднаш, веќе понеделникот, на 6 април, да ја контактирам ординацијата на матичниот лекар. Ги кажав симтомите и информацијата дека моите родители имаат слични такви, но според електронскиот прашалник излезе дека нема доволно индикации да бидам тестиран (не знам дали е се уште истиот прашалник, но доколку е, тогаш е пропуст на системот кој мора итно да биде корегиран). Веднаш почнав да барам алтернатива во приватните лаборатории кои прават такви т.н. молекуларни тестови, но без успех. Две ми одговорија дека ги прават само преку закажување од матичен, а третата дека имаат термин дури следната недела. (Како е сега, не знам) Попладнето се слушнав повторно со мајка ми. Ми кажа дека таа е веќе добра, но дека состојбата на татко ми е влошена. "Тешко дише ноќе, го открив и дека во тоалет исплукува крв и има дијареја", ми рече. 7 април, вторник Во вторникот наутро, 7 април, татко ми, кој како по обичај дотогаш велел дека "ништо не му е", самиот побарал мајка ми да го однесе во прилепската болница. Таму му била дадена инфузија, земени тестови, и пуштен дома. Јас, пак, утрото ја продолжив потрагата по лабораторија. Последна опција ми остана Систина, со т.н. брзи тестови за антитела во крвта. Иако за нивната релеваност веќе со денови се водеше расправа, одлучив да се тестирам. Ми закажаа термин за истиот ден, и веќе околу 13 часот го добив резултатот и тој беше негативен. Сепак, немаше простор за радост со оглед што попладнето, веќе трет ден по ред, се врати темературата и треската. 8 април, среда По уште една тешка ноќ, во средата наутро мајка ми повторно го однела татко ми во болница. Поради сериозната состојба лекарите одлучиле да го хоспитализираат и покрај тоа што се уште не биле стигнати резултатите од тестот за вирусот. Од тогаш веќе никој од семејството не го виде. Јас и средата бев исто како и претходните денови. На дистанца од сопругата и синот колку што дозволуваа можностите, со повремено покачена темература и трески, без кашлица или отежнато дишење. Се "лекував" дома со чаеви, витамини и парацетамол. Ми се појави и силна болка во грлото, па матичниот лекар ми препиша антибиотик, мислам беше Амоксиклав. Тие денови полека го изгубив и чувството за мирис и вкус. Критичниот ден - 9 април, четврток Од веќе напластените грижи, ноќта не спиев добро, а утрото околу 7 часот ме разбуди повик на мој близок роднина. "Татко ти ноќта ја поминал лошо во болница и покрај кислородната поддршка, треба да го однесат на Инфективна клиника во Скопје, но не сакаат да го примат, немало место. Види што можеш" ми рече роднината. Веднаш откако спуштив почнав да размислувам што да правам, а веќе следниот момент колабирав, ја изгубив свеста. Не знам по колку време, се разбудив во локна крв, испружен на подот во дневната соба. Полека се созедов, се уште не свесен што се случи и од што е крвта, дали од физичка повреда или од белите дробови. За брзо дојде сопругата од другата соба и дилемата беше расчистена. Имав голема расекотина на брадата која мораше да биде сошиена. Дестинацијата веќе ја знаев - градската болница "8 Септември", одредена за интервенции кај суспектни од коронавирусот. Додека се подготвував, роднината се јави повторно, овој пат со добра вест. Проблемот бил надминат, татко ми за брзо ќе го транспортираат на клиника. Јас се појавив сам пред влезот на "воена" некаде околу 8, се уште немаше движење. Ме дочекаа вообичаено тмурните лица од обезбедувањето, кои по правило не се расположени да дадат ниту основна информација каде да се упатиш. Нејсе, по неколку минути веќе бев пред шалтерот на "приемно", во ургентниот центар, сега ковид центар. Таму на љубезната медицинска сестра, облечена во скафандер и сета друга заштитна опрема, и кажав зошто сум дојден, со дополнување дека иако имам негативен тест од Систина, неколку дена имам температура и трески, а и татко ми е суспектен на вирусот. За кратко, вратата ми беше отворена, а истото го повторив пред дежурниот лекар. И тој беше крајно љубезен, па откако ме ислуша, почна со испитувања. Притисок, сатурација, крвна слика, рентген на белите дробови... на крајот ми ја сошија раната, и таман помислив дека си одам дома, околу 10 часот докторот ми рече: "има некои отстапувања на рентгенот, пневмонија која можеби поминала, но според протоколот мораме да те задржиме". Веќе следниот момент ми дадоа болнички пижами и ме однесоа на третиот кат во одделение на кое пишуваше Дигестивна хирургија, сега пренаменето за карантин. Бев сам во собата 312, во која имаше уште 4 кревети. Околу пладне, ми се јави татко ми, да ми каже дека веќе стигнал во Скопје и го сместиле на клиниката. Тешко зборуваше, а за да не се вознемири дополнително не му кажав дека и јас сум во болница. Тоа беше нашиот последен телефонски разговор. Попладнето почнав да примам терапија, а околу 17 часот добив информација дека татко ми е позитивен на вирусот. Поради големиот јавен интерес (интервјуата со лидерите пред една недела) уште вечерта итно ми беше земен брис и мене. Докторката ми рече дека "резултатот ќе биде во најбрзо време, можеби истата вечер", но тоа не се случи. 10 април, петок Веќе бев буден, беше околу 8.30, кога ми заѕвони телефонот и ја добив информацијата дека и мојот тест е позитивен. Според се, не беше изненадување, но секако беше огромен шок. Во 10 часот веќе беше прес конференцијата на министерот и веста ја дозна целата јавност. Од фејсбук и порталите попладнето веста ја дознал и татко ми, кој само успеа да ми пише на месинџир "биди силен". Тој ден бев преместен и во друго одделение, мислам дека беше кардиолошкиот центар, сега исто наменет за ковид 19. Тоа беше и првиот ден без покачена температура. 11 април, сабота Денот почна повторно со "селење". Бев вратен во истата соба на третиот кат, овој пат прво со двајца "цимери", подоцна тројца, на крајот четворица... Тој ден беше и последната комуникација со татко ми преку месинџер. Утрото рече дека е подобар, но вечерта ми пиша дека состојбата му се влошила. Јас го уверував дека сум добар, дека нема потреба воопшто да се грижи за мене, но колку во тоа поверува не знам. Го храбрев дека е во добри раце и се поздравивме со договор следното утро да ми пише како е. 12 април, недела Веќе беше 8 часот, а од татко ми немаше абер, што веќе беше чудно, да спие до толку доцна не се случило. Му пишав јас, но забалежав дека не бил активен од претходниот ден, што беше несвојствено за него. Целиот ден сите во семејството бевме вознемирени од фактот што не знаевме што се случило. Дури попладнето околу 17 часот, разбравме дека утрото му се влошила состојбата и дека е ставен на машина за дишење, фамозниот респиратор. 13-17 април, пон-пет Следните денови беа исти. Јас ја добивав терапијата во болничката соба, (не знам точно што, но секако сумамед и трицеф), веќе добро се запознавме и со "цимерите", па низ разговори времето поминуваше некако побрзо. Покачената температура и треските беа веќе минато, тие денови имав само кашлица. Кон крајот на неделата, по направените контролни анализи, на тројца од веќе петтемина во собата ни беше кажано дека ќе бидеме пуштени на домашно лекување, поради добра општа состојба. За татко ми целата недела немаше никаква новост. "Состојбата му е иста, ни полошо, ни подобро", ни повторуваа секој ден од клиниката. 18 април, сабота Со возило на Брза помош бев донесен дома саботата, ден пред Велигден. Добив антибиотици како терапија за уште една недела и задолжителна изолација до два негативни тестови. 19 април, Велигден На големиот празник, дојде првата добра вест по подолг период. Сопругата и синот се негативни на тестот за вирусот. Веднаш по неа, истиот и следните два дена доаѓаа добри вести и од колегите кои беа ставени во самоизолација, по проценка на епидемиологот. Вкупно осуммина, сите негативни. 20-24 април, пон-пет Продолжи неизвесноста со татко ми. Тој веќе втора недела беше приклучен на машината за дишење. Само еднаш (четвртокот на 23 април) ни кажаа дека има некакво подобрување на крвната слика и рентгенот, но предупредија дека рано е за било каква радост. 25 април, сабота По една недела дома, дојде денот за првиот мој контролен брис. Ми беше земен на прагот од влезната врата од станот. 26 април, недела Веќе не се чекаше многу за резултатите како претходно, но сепак бев изненаден што веќе следниот ден, во неделата попладне, го добив резултатот. Беше негативен, односно вирусот веќе го немаше. Според процедурата, следното утро во понеделникот ми беше земен втор контролен брис. 27 април, понеделник При редовниот телефонски контакт со лекарите во Инфективна (секој ден од 14-15 часот се јавуваше сестра ми) добивме информација дека состојбата на татко ми по повеќе витални параметри се влошила. Околу 18 часот ми ѕвонеше непознат број. Уште пред да одговорам, интуицијата веќе ми говореше дека не е за арно. "Дали сте вие синот на Марјан?", ме праша непознатиот машки глас. Откако одговорив потврдно, ми ја соопшти лошата вест. "Се јавувам да ве информирам дека татко ви почина", рече човекот. Веста брзо беше проширена и кај одговорните за погреби во Прилеп, па веќе вечерта експресно неговото тело, со сите процедури за вакви случаи, беше пренесено во капелата на прилепските гробишта. Вечерта ми беше соопштено дека и вториот мој тест е негативен, односно и дефинитивно го нема веќе вирусот во мене. Тоа барем ми овозможи да присуствувам на погребот. 28 април, вторник Погребот беше извршен рано, повторно според процедурите за вакви случаи, со полициски надзор. Имаше 63 години и беше релативно здрав човек, без некои сериозни хронични болести. Присуствуваме само неколкумина од најтесното семејство, сите со маски и на растојание поголемо од 2 метри. Веќе во раните попладневни часови се вратив во Скопје, неколку минути пред министерот да ја соопшти статистиката за последното деноноќие. Во неа ме имаше и мене, го имаше и татко ми. Јас во оздравените, тој во починатите. Така, еден месец подоцна можам да кажам дека битката со вирусот ја добив, но не можам да кажам дека ја добив(ме) и војната. Од борбата со оваа подла болест до крајот на животот ќе ми останат две лузни - една на лицето и една во душата. ...... Ова го напишав за неколку пораки: - Носете маска и држете растојание! Јас од почетокот на епидемијата ги практикував и двете, освен дома. Се покажа недоволно за мене, но доволно да не го пренесам вирусот никому. Сите што беа во контакт со мене - и лидерите, и колегите, и моите дома, останаа негативни. Жалам за непријатноста и неизвесноста што им ја предизвикав на сите што беа засегнати на некој начин. - Вирусот веројатно веќе стивнува, но по игра на случајноста ако почувствувате некакви симптоми не чекајте, јавете се на лекар! Подобро е да мислите дека го имате, а тестот да го покаже спротивното, отколку да мислите дека го немате, па да задоцните со лечењето. Можеби татко ми ќе имаше шанси да побарал помош неколку дена порано. - Да изразам благодарност за сите медицински лица што се грижеа за мене и се бореа за татко ми. Тие анонимни херои работат во смени и од по 24 часа во исклучително тешки услови со маски, скафандери, наочари, визири... Заслужуваат и повеќе и подобро. - Јавно да се заблагодарам на сите пријатели кои ми помагаа мене и на моето семејство во овој период, особено во 10-те дена додека бев во болница, а сопругата и 3,5 годишниот син беа сами затворени во станот во двонеделна изолација. Не знаете како е да не можеш ниту ѓубрето да си го фрлиш. Во мака се гледаат вистинските пријатели, со право рекол нашиот народ. - Да се заблагодарам на сите познати и непознати што на било каков начин, јавно или лично, ми изразивте поддршка за време на лекувањето и сочувство за загубата. Во тешки моменти значи и се памти секој кажан , но и премолчан збор. Многумина позитивно ме изненадија, иако имаше и неколкумина кои особено ме разочараа. Посебна благодарност до менаџментот на Канал 5, кој беше со мене за целото ова време. - На крајот. Јас сум здрав и наскоро ќе почнам да се излегувам од дома, полека да се враќам во нормален живот, колку што е можно тоа во сегашните услови. Сепак, познавајќи го нашиот менталитет, знам дека ќе има и такви на кои ќе им биде непријатно да бидат во моја близина. За нив: Ако не ви е доволна дистанцата од 2 метри и маските за да се чувствувате безбедно, ве молам свртете си ја главата, искрено нема да ви забележам, го разбирам стравот кај луѓето, дури и кога е нерационален. Ова премрежје по кој знае кој пат потврди една вистина - семејството е единственото што е важно, без се друго се може. П.с. Козарот ќе го тужам за лагите и клеветите, најмногу поради тоа што во најтешките моменти ми го вознемири семејството. Многу веројатно и татко ми во неговите последните часови при свест. Очекувам да биде "храбар" како што е на тастатурата и да не се крие зад "не добив уредна покана", "страната не е моја", "некој ми ја хакирал" и сл. и на суд да ги докаже гадостите што ги пишуваше. П.п.с. А, одамна "декодираната" новинарка нема да ја тужам. За неа имам само сожалување. Ретко се наоѓа толку многу злоба и фрустрација во еден човек. Порака од Канал 5 ТВ: Гоце Михајлоски беше и ќе остане „еден од нас“. Никој во Канал 5 никогаш нема да го доживее како „лепрозен“ или пак ќе се дистанцира од него. Неговата професионалност и човечност , не се дел само од неговото битие, тие се веќе дел од нашата заедничка „душа“, нашиот колектив- FK5! Изречените лаги, експресии на злоба, само се уште поголем доказ дека колективната ментална свест на нашата Македонија е се уште далеку од онаа кон која се стремиме.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка. На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи. Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил. Брегзит во центарот на разговорот Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи. Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок. Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста. Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста. Камерон предупредува за враќање во ЕУ Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата. Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот. „Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг. Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“. Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили. Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит. „Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас. Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“. Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата. Спор околу слободата на движење Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија. Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ. Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ. Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум. Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум. Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат. „На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам. Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници. „Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател. Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.Тагови: Емануел Макрон премиерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook