„Ecce homo macedonicus: Осмо светско чудо“ е новото дело на скулпторот Жарко Башески - Канал 5

„Ecce homo macedonicus: Осмо светско чудо“ е новото дело на скулпторот Жарко Башески

Ќе ја добие ли „Обичен човек“,  една од најпознатите слуптури на Жарко Башевски својата локација?

„Ecce homo macedonicus: Осмо светско чудо“ е новото дело на скулпторот Жарко Башески

Заедничката децениска замисла на универзитетскиот професор и драмскиот писател Јордан Плевнеш е таа да се издигне 20 метри на планината Галичица од точката во која истовремено се гледаат Охридското и Пренспанско езеро.. Скулпторот Башески за Канал 5 вели дека идејата е Македонија да добие туристичка атракција, а истовремено, како што вели авторот, би симболизирало и колевка на цивилизацијата.

-Самиот проект не е локален, со локални размери да значи само нешто за Македонија или за Охрид. Целокупно е, човечкото битие да го прикаже на едно место, фокусирано тука на Галичица. Планината Галичица, точно каде што се гледаат двете езера и Охридското и Преспанското езеро, затоа што тоа е една, по мое, тоа е една од најинтересните и најмагични места што ги има овој простор. Како уметничко дело е познато, скулптурата си го живее веќе цел свет, сакам сега ние да почуствуваме бенефит од нејзе.

Институциите покажале сериозен интерес за оваа идеја, но од интерес до реализација скулпторот вели патот е долг.

Инаку, Башевски веќе не памети како изгледа оригиналната скулптура, пред 8 години го тргнала својот пат по светот од исток кон запад и од север кон југ и се изложува во музеите. Последната станица и била Шведска, а од таму се упатува кон Јужна Кореја.

Еве јас осум години ја немам видено, не е вратена во Македонија, постајано е некаде во некој музеј по 3-4 месеци, 6 месеци. Сега во моментов е во Шведска, после оди во Јужна Кореја, во Сеул, а беше не знам каде, секаде, од Тајван до Америка, секаде, секаде, осум години не е вратена и не знам дали ќе се врати, јас не знам како изгледа веќе после толку време. Самата скулптура е направена од материјал, од бронза, што би била врската со земјата и росвајтот или инокс што некои го викаат кој е огледално исполиран би ги претставувал и небото и водата, значи оваа скулптура ќе ги поврзува земјата, небото и водата со двете езера

Новата скулптура својата промоција ќе ја има на изложбата на Башески што почнува во понеделник во „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид.. Карактерично за авторот е што Пристапот и начинот на работа му е хипереалистички, користи вистински влакна и нокти за своите скулптури, а кожата на нив изгледа сосема живописно – единствена разлика со хипереализмот е што често неговите скулптури се во различна големина од она што го гледаме со око, а скулптурите во неговот ателје оддават впечаток како да гледате во живи луѓе..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Илјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно.

Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај.

,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД

И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува.

,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,,

Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност.

,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,,

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер