Свет„Ѕвер“ со големина на Франција ја погоди Кина: Два милиони евакуирани (ВИДЕО)Тајфунот Бави, најсилната бура што ја погоди континентална Кина оваа година, донесе обилни дождови на источниот брег со силни ветрови, тестирајќи ја способноста на властите да се справат со екстремни временски услови.Бави ослабе во тропска бура до недела наутро додека се движеше кон внатрешноста, но метеоролозите предупредија дека системот со големина на Франција може да донесе продолжени и обилни дождови низ источна и северна Кина во наредните денови, објави Ројтерс. Typhoon Bavi 🌀 pic.twitter.com/KbPxf7osUB — Danyal Gilani (@DanyalGilani) July 12, 2026 Речиси два милиони луѓе беа евакуирани пред пристигнувањето на Бави, главно во покраината Џеџијанг, економскиот и технолошкиот центар на втората најголема економија во светот. Today, massive waves topping 10 meters (33 feet) battered the coast of Zhejiang, China, as Typhoon Bavi slammed ashore. pic.twitter.com/HdvIrzInaJ — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 11, 2026 Бави го погоди крајбрежниот град Јухуан во Џеџијанг околу 23:20 часот по локално време во саботата, пред да удри втор пат во Јуеќинг околу полноќ. „Слушнавме како паѓаат ќерамиди и гранки од дрвја. Секако дека бевме исплашени, но живееме покрај морето, па затоа сме навикнати на тоа“, рече еден жител. Typhoon Bavi passed today pic.twitter.com/iEBZKtOFHs — Lin Zhi Yuan (@lincoplastic) July 12, 2026 Државниот радиодифузен сервис „CCTV“ објави дека повеќе од 1.300 дрвја паднале во Јуеќинг, а повеќе од 700 се целосно искорнати. Поплавите достигнаа ниво од половина висина на гума од автомобил. Спасувачките екипи денес користеа багери и моторни пили за да ги исчистат улиците покриени со вода и паднати дрвја.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањетоГостивар се уште нема три последователни лабараториски потврди дека водата е безбедна за пиење и приготвување на храна. Краен рок кога ова ќе се случи надлежните не даваат, а најавата дека деновиве низ чешмите ќе протече питка вода останува. Во меѓувреме трае процесот на хиперхлорирање и секојдневно се земаат и испитуваат нови примероци. Премиерот Мицкоски вели очекува што е можно поскоро Гостивар да има бактериолошки целосно исправна вода за пиење, како што посочи, можеби и за првпат во последните децении, а очекува и проширување во истргата за која вели е во тек и одговорноста е веќе лоцирана. „Очекувам да имаме и проширување во истрагата, одговороноста е лоцирана и се превземаат мерки веќе е обебедена техничка вода за користење сега во мометнот се случува процес на хиперхлорирање кој го вршат екперети од водовод скопје. Секој ден се земаат разни примероци се испитуваат и одиме кон ситуација кога можеби за прв пат во последниве децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење која ќе е бактериолошки исправна... “- Христијан Мицкоски – престедател на Влада. Состојбата во гостиварско и понатаму е тема на меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. И додека за владејачката ВМРО ДПМНЕ - скандалот со водата во Гостивар е како што велат, последница на децениска негрижа на локалната власт, која велат била предводена од СДСМ, ДУИ и Таравари, од опозициската СДСМ и денеска побараа итна политичка и кривична одговорност, јавно објавување на сите анализи, итна интервенција и како што посочија обезбедување чиста вода за сите засегнати населени места. „ На 11.11.2020 година има извештај од микробиолошка анализа, во кој се вели дека поради зголемен број на колиформни бактерии водата не треба да се користи за пиење. Понатаму, на 01.03.2021 исто така водата не ги задоволува критериумите согласно правилникот за безбедност и квалитет за пиење на вода. 11.07.2022, вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец Гостивар не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. 04.08.2023 исто така вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал.“ - Валентин Манасиевки – портпарол на ВМРО ДПМНЕ. „Се уште не се објавува извештај за водата во Гостивар, кој одобри, потпиша и кој гарантира дека „техничката вода“ е безбедна. А Мицкоски и Клековски даваат спротивни изјави. Клековски вели до крај на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие а Мицкоски вели има нова бактерија. Ова е тотален институционален колапс. Резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe.“ - Маја Серафимовска Борозан, СДСМ. Инаку вчера првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов рече дека резидуалната бкатерија се уште е присутна во градскиот водовод.. според последните информации од здравство состојабата во моментов е стабилна, но во текот на вчерашниот ден регистрирани биле вкупно 60 прегледи. Од министерството велат дека иако на дневно ниво има зголемување сепка вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули кога беа евидентирани речиси 650 прегледи. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБројот на загинати мигранти во Шпанија расте! Најмалку 77 загинати при обид за преминување на границата. Најмалку 77 лица загинаа обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава Сеута, откако дури 50.000 мигранти влегле на оваа мала територија од Мароко, пренесува „Скај њуз“. Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека станува збор за „повреда на територијалниот интегритет на Шпанија“. Масовниот прилив на мигранти, кој се случи за само 24 часа, го преплави градот со околу 85.000 жители, предизвика политичка криза во Мадрид и доведе до поделени реакции кај другите земји-членки на ЕУ, вклучително и повици Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната за слободно движење. Санчез, кој пристигна во Сеута во петокот наутро, изјави дека владата ќе ги искористи сите расположливи средства за да ја гарантира безбедноста на жителите на градот. Тој за масовното преминување на границата ги обвини „мафиите за трговија со луѓе“, кои ја искористиле одлуката на Врховниот суд на Шпанија. Судот неодамна пресуди дека лицата пресретнати на море додека се обидувале да влезат во Сеута или во другата шпанска енклава во Северна Африка, Мелиља, не можат автоматски да бидат вратени според посебни правила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУште 30 см подолу и – готови сме: Вучиќ предупредува на нискиот водостој на ДунавАко Дунав се спушти уште 30 сантиметри – ние сме готови, ги предупреди своите сограѓани српскиот претседател Александар Вучиќ. Евентуалното дополнително намалување на нивото на водата на Дунав може да предизвика голем проблем, изјави Вучиќ. „Дунав е сè уште пловен по целата своја должина, но на некои места е толку плиток што мораме да градиме премини. Сè што е поврзано со нафтата е пекол за нас. Никаде нема дизел. Што да им кажам на луѓето? Не можете да купите ни еден литар дизел никаде. Нема. Го дадовме од оперативните резерви за да не го извезуваат во регионот“, рече српскиот претседател. Тој додаде дека Србија ги чува своите резерви. Добро е што ни беа дадени уште 28 дена, 4 недели. „се надевам дека во следните 10 дена ќе разговарам и со унгарскиот премиер и со рускиот претседател – рече Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook