Живот„Движи се за здравје“ - на 9 мај кај ШколкаПод мотото „Движи се за здравје“ Институтот за јавно здравје во соработка со Федерацијата за рекреативен спорт и Здравствен дом Скопје на 9 мај во Градскиот парк во Скопје-кај Школка ќе го одбележат Месецот на спортот и „10 Мај“ Светскиот ден за физичка активност.Елена Ќосева од Институтот за јавно здравје истакна дека целта на манифестацијата е да се изврши промоција на физичката активност во унапредување на здравјето, благосостојба, како и превенција на хроничните болести. - Во рамки на манифестацијата ќе бидат обезбедени организирани бесплатни здравствени превентивни прегледи, едукативни физички активности со примена на соодветни реквизити и совети за правилна физичка активност. Манифестацијата е во согласност со напорите на здравствениот сектор за подобрување на животниот стил на граѓаните со обезбедување на форми на здраво живеење, а сето тоа во превенција на хроничните заболувања, истакна Ќосева. Директорката на Здравствениот дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ информира дека од страна на доктори од Здравствениот дом, на 9 мај во парк од 9 до 13 часот ќе бидат организирани прегледи кои ќе вклучуваат антропометриски мерења, на крвен притисок, телесна тежина и висина, обем на струк и шеќер во и холестерол во крвта. - Токму овие параметри се одбрани бидејќи физичката неактивност, зголемената телесна тежина и неправилната исхрана можат често пати да влијаат во појава на метабилни и кардиоваскуларни заболувања, истакна Баевска-Вучковиќ. Нагласи дека со прегледите граѓаните ќе можат да ги превенираат или веќе дијагностицираните заболувања да се одржуваат во стабилна состојба. Според Светската здравствена организација 31 процент од светската популација се физички недоволно активни, додека кај возрасните овој процент изнесува 60 отсто. Хроничните болести учествуваат со над 60 проценти како причина за прерана смрт, со што претставуваат најголема причина за смрт и неспособност во светот. Физичката неактивност е на четврто место како водечки ризик фактор за смрт. Физичката неактивност се поврзува со 3,2 милиони смртни случаи годишно (од кои 2,6 милиони во земјите со ниски или средни примања), 670.000 предвремени смртни случаи (на возраст под 60 години) и 30 проценти случаи на дијабет и исхемична болест на срцето. Како што информира Силвана Ончева од Црвениот крст, според истражување реализирано во 2012 година во Скопје, 6 проценти ученици на возраст од 16 години воопшто не спортуваат, 6,6 отсто само неколку пати годишно, 12 проценти спортуваат 1-2 пати месечно, еднаш неделно спортуваат 34 отсто, додека секојдневно 41 проценти. За разлика од физичи активните, 78,6 отсто ученици секојдневно користат интернет за забава, а 13,5 проценти барем еднаш неделно. Употребата на интернет и играњето игри на компјутер во слободно време, како и излегувањето за забава (во диско, во кафуле, на забави), се најчесто хоби на учениците. Околу 76 проценти ученици користат интернет за забава скоро секој ден. Според истражување од 2013 година за однесувања поврзани со здравјето кај деца на училишна возраст, Ончева истакна дека кај млади на возраст од 15 години телесната тежина е зголемена за 7 проценти кај женската популација, додека 22 отсто кај машките. Очевска информира дека секојдневна физичка активност практикуваат 12 проценти женски и 23 отсто машки (на возраст 15 години) и 29 отсто женски и 35 проценти машки на возраст од 11 години. На 15-годишна возраст 67 женски и 63 машки практикуваат по два часа дневно да гледаат телевизија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter