Два нови случаи на ГМО ориз пронајдени во кочанско - Канал 5

Два нови случаи на ГМО ориз пронајдени во кочанско

Државниот земјоделски инспекторат откри два нови случаи со ГМО ориз во Кочанско. 

 Два нови случаи на ГМО ориз пронајдени во кочанско

Откако деновиве инспекторите беа на терен во Кочанско и по магацините земаа примероци од вреќите ориз по магацините за испитување, две од испитуваните мостри покажале позитивни резултати на ГМО. Според првиот човек на инспекторатот овие мостри сега се испратени во Германија во лабораторија за ГМО за да се потврди резултатот и да се види во колкав процент е застапено ГМО.

Магацините во кои се откриени новите количини на ГМО ориз во едниот имало вкуно околу 80 тони на ориз а во другиот 8 тони но од три различни сорти на ориз од кои само една е позитивна на ГМО. Отако ќе ги добијат резултаите од супер анализата инспекторите ќе одлучат дали ќе се уништува тој ориз со ГМо или не. Дополнително со проверката колкав е процентот на ГМО во новите случаи инспекторатат сака да утрвди дали можеби се работи за случај каде има ГМО во рмаки на дозволените 0,9% кои во еропскте земји според нивните закони е дозволена граница за која и не мора да се декларира дека има ГМО бидејки е незначителен процентот на застапеноста.

Во владина процедура се измените на регулаивите и за десетина дена и кај нас се очекува да важи дозволен праг од 0,9% за ГМО како што е во повеќето земји во европа. Покрај анализите на магацините инспекторатот најави дека ќе зема мостри за испитување и од нивите каде се сомнева дека е можно да завршил овој ориз како семенски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со вкрствено испрашување на вештаниците продолжи судењето на екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Само два од вкупно доставените 13 примероци биле погодни за анализи, а на нив биле утврдени траги од ДНК на судијата Ѓоко Ристов.

Со вкрствено испрашување на вештаниците продолжи судењето на екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Ова денеска го посочија вештите лица од МВР на вкрстеното испрашување, во судскиот процес против поранешниот апелациски судија. Вештаците ги објаснуваа анализите на биолошките и дактилоскопските траги пронајдени на алуминиумска фолија во која биле завиткани парите, откриени заѕидани во домот на неговите родители. Иако ДНК трагите се совпаѓаат, отпечатоците од прсти не се совпаднале со оние на Ристов и неговите родители, при што од вештаците беше појаснето дека од ваков материјал тешко се добиваат употребливи отпечатоци. Обвинителката Искра Хаџи Василева оцени дека самото присуство на биолошки траги е значаен доказ во постапката.

-Ние не сме професионалци, но и еден обичен правник и било кој граѓанин знае дека биолошките материјали, како што и објаснуваа вештаците практично цртаа, се подложни на контаминација, крос-контаминација како велат, но ако најдете биолошки траги на некој материјал, тие просто постојат. Без оглед дали постојат и други или трети, но овие постојат, а во конкретниот случај тие потекнуваат од обвинетиот Ѓоко Ристов,- - Искра Хаџи Василева – обвинителка.

Одбраната пак, го оспорува начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите. Адвокатот Звонко Давидовиќ посочи дека според него дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари

-Парите се извадени од истите кеси, предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, па е наредено вештачење по завршување на истрага и земени биолошки траги и дадено на вештачење кое е направено на 08.04. Вас не ви е сомненително во тие 80 дена да се отвора доказниот материјал, никој не знае што е и како е запечатен после тоа, и вештачени се парчиња од алуминиумска фолија, ама не и парите? А овде зборуваме за 350.000 евра најдени во ѕид,- -Ѕвонко Давидовиќ – адвокат на Ѓоко Ристов.

Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Следното рочиште, на кое ќе сведочи уште едно вешто лице и ќе се изведуваат докази на обвинителството, е закажано за 14 јули.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнес.

Министерот Муцунски оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

На средбата, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека овој значаен јубилеј претставува сведоштво за континуитетот, институционалната стабилност и трајната виталност на американската демократија и нејзините темелни вредности.

Соговорниците го потврдија силното македонско-американско стратешко партнерство, изградено врз заемна доверба, споделени вредности и заеднички стратешки интереси.

Воедно, беа разменети мислења за претстојниот Самит на НАТО во Анкара, при што беше потврдена заедничката посветеност на имплементацијата на целите договорени на претходниот Самит во Хаг.

Посебно внимание беше посветено и на следните чекори во спроведувањето на приоритетите утврдени на Втората сесија на Стратешкиот дијалог, одржана во април 2026 година, со акцент на конкретни иницијативи и засилена институционална соработка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија, Црна Гора и Албанија ќе се „офајдат“ со европските пари од Планот за раст

Македонија, Црна Гора и Албанија ќе се „офајдат“ со европските пари од Планот за раст за спроведени реформи на сметка на оние земји од регионот кои не успеале да испорачаат во предвидените рокови, потврдија денеска од ЕК. 

Македонија, Црна Гора и Албанија ќе се „офајдат“ со европските пари од Планот за раст

Претходно и реномираниот „Еуроњуз“ објави дека Македонија е ставена меѓу земјите предводнички во реформската агенда за кои ЕУ планира да ги пренасочи средствата за Западен Балкан. Најголеми „губитници“ според европските претставници се Босна и Херцеговина, Косово и Србија кои заостануваат во исполнувањето на преземените обврски.

Според податоците на ЕК, станува збор за повеќеод 300 милиони евра кои би отишле на контото на Македонија, Црна Гора и Албанија. Сепак, за тоа колку европски пари конкретно земјава ќе добие ќе се знае подоцна овој месец.

-Партнерот има една година да ги направи реформите, ако стигнете до овој лимит, значи сте стигнале до лимитот на грејс периодот, тогаш навистина, може да се разгледа кон потенцијална прераспределба на средствата. Сега тоа што ќе го направиме е, ќе ги разгледаме реформите кои се постигнати во поглед на грејс периодот и ќе ја разгледаме потенцијалната распределба на средствата. Финансирањето кое е под ризик да се загуби (за БиХ, Србија и Косово) со овој прв краен рок кон кој стигнавме е всушност околу 330 милиони евра, изјави Гијом Мерсие – портпарол на ЕК.

Според директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска иако е се уште е рано е да се калкулира со бројки, сепак ваквите најави од ЕК се ветер во грб за државата да продолжи со уште посилно темпо за реформи и да ја искористи шансата.

-Секако дека е добро да бидеме вклучени во трите држави коишто предводат со користењето, и на кои ќе им бидат дадени дополнителни средства од Планот за раст. Во секој случај, она што го навестува ЕК е дека во случај да бидат ставени на располагање дополнителни средства ќе бидат планирани и дополнителни реформи, значи ќе треба да се надоградат реформските агенди. Дилемата е колку ние всушност во дадениве услови ќе успееме да искористиме повеќе реформи. Од друга страна, ова е шанса за оваа Влада којашто всушност во нашиов случај ја наследи реформската агенда можеби да договори со ЕК реформски мерки што би значеле на неа и на коишто би се фокусирала дополнително, изјави Кацарска.

Досега преку Инструментот за реформи и раст на ЕУ, државава има обезбедно 142,1 милион евра, што од Министерството за европски прашања велат дека е потврда за успешното спроведување на реформите. ЕК допрва се очекува да им даде повеќе детали на земјите-членки околу распределбата на средствата од Планот за раст, а ова највероајтно ќе биде една од темите со кои еврокомесакраката Марта Кос ќе допатува во посета на Скопје во среда следната недела.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер