„Драма за принцезите“ нова претстава во Драмски театар - Канал 5

„Драма за принцезите“ нова претстава во Драмски театар

Драмски театар Скопје сезоната ја започнува со подготовките на претставата „Драма за принцезите“, која е последната претстава за 2024 година што театарот ќе ја реализира согласно Годишната програма одобрена од Министерството за култура и туризам.

„Драма за принцезите“ нова претстава во Драмски театар

-Претставата „Драма за принцезите“ се работи по текстот „Девојката и смртта“ I-V на австриската писателка и драматург Елфиде Јелинек. Таа е една од најодликуваните авторки кои пишуваат на германски јазик и ја добила Нобеловата награда за литература во 2004 година за нејзиниот „музички тек на гласови и контра-гласови во романи и драми кои, со извонредна лингвистичка ревност, ја откриваат апсурдноста на општествените клишеа и нивната потчинувачка моќ“, информираат од денеска од Драмски театар Скопје.

Тимот од Словенија го сочинуваат режисерката Жива Бизовичар, драматургот Ник Жнидрашиќ и сценографот Јан Кремељ. Костимографијата му е доверена на македонскиот дизајнер Александар Ношпал.

Предизвикот во претставата е замислата на младата режисерка Жива Бизовичар сите осум лика во претставата да се играат од женскиот дел на актерскиот ансамбал при Драмски театар.

Жива Бизовичар (1998) работи како театарски и радио режисер. Дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија, програма за театарска и радио режија во Љубљана и моментално ја посетува магистерската програма. Нејзините студиски продукции беа изведени на фестивалот „Борштникови средби“ и „Фестивалот на култура Костањевица“. Ја добила студентската „Прешеренова награда “ за режија за претставата „Јагабаба“ на Зајчев. Како ментор и режисер работела со Младинската сцена на АМО во Нова Горица, а редовно работи и со РТВ Словенија. Како дел од проектот „Чекајќи го Супермен“, ја режирала претставата „Жени на тест“, за која ја добила наградата „Шелиг на неделата“ на словенечката драма, наградата на Друштвото на театарски критичари и театролози од Словенија и наградата „Борштник“ за холистички пристап кон обработката на материјалите.

Од Драмски театар Скопје соопштуваат дека премиерата на претставата ќе биде реализирана согласно планираниот термин во средината на месец ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата

Во судницата наодите поврзани со урбанистичките и градежните аспекти на објектот ги презентираа вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска.

Во вештачењето е констатирано дека во објектот биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале пречка за безбедна евакуација. Лазаревска покажа фотографии од изведбата на челични греди и столбови во приземјето на објектот, направени во 2012 година во рамки на пренамената од магацин за теписи и теписони во угостителски објект.

Лазаревска претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница, како и преградни ѕидови од гипс-картон со кои бил оформен влез со двокрилна двонасочна врата. Според неа, ваквото решение било недозволено од безбедносен аспект, особено при евакуација.

Со изведувањето на градежното вештачење, кое го изработил тим од градежниот факултет при УКИМ, се очекува да заврши доказната постапка предложена од обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер