„Драгон кунг фу современа танцова компанија“ од Пекинг ќе го затвори 11 „Танц-фест“ - Канал 5

„Драгон кунг фу современа танцова компанија“ од Пекинг ќе го затвори 11 „Танц-фест“

Делегација на менаџери и уметнички директори на најзначајните институции од областа на културата во Кина денеска имаа средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по повод гостувањето на „Драгон кунг фу современа танцова компанија“ од Пекинг на 28 април во Велешкиот театар за затворање на 11-тиот „Танц-фест“.

Канческа-Милевска и кинескиот амбасадор во Македонија Вен Џеншун на прес-конференција искажаа задоволство од досегашната соработка во културата која ќе се унапредува со идни гостувања и размена на проекти.

- Македонија и Кина негуваат одлични релации во областа на културата. Програмата за културна соработка која беше потпишана во 2011 година овозможи бројни настани, меѓу кои беа и Деновите на македонската култура во Кина, а по повод одбележувањето 20 години од дипломатските односи, во Скопје и Охрид настапи кинескиот младински национален оркестар од Пекинг, истакна Канческа-Милевска.

Таа наведе и други примери со кои се продлабочува македонско-кинеската културна соработка - возвратните театарски гостувања, преводот на 135 тома македонска литература на кинески јазик низ антологиски приказ, а потсети и дека годинава добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата е кинескиот поет Беи Дао.

Амбасадорот Вен Џеншун, исто така, подвлече дека Македонија и Кина имаат успешна соработка на политички и економски план, особено во инфраструктурните проекти, како и во размена на културата.

- Оваа година Кина испрати многу силна и на високо ниво танцова група „Драгон кунг фу современа танцова компанија“ да гостува на свеченоста за затворање на „Танц фест“. Амбасадата на Кина во Македонија продолжува да ја поддржува културната размена меѓу Македонија и Кина. Се надевам дека македонските медиуми ќе посветат внимание на културната размена меѓу двете земји и ќе информираат за големите настани, рече Џеншун.
Уметничкиот директор на „Танц фест“ Рисима Рисимкин истакна дека фестивалот повторно покажал дека е мост на културата меѓу Македонија и светот, зашто оваа танцова компанија првпат гостува во Македонија. Соопшти и дека „Скопје танц театар“, кој е организатор на „Танц фест“, во мај ќе учествува на фестивал во Пекинг, каде што со две програми ќе го претстави македонскиот современ танц.

„Драгон кунг фу современа танцова компанија“ ќе гостува со 11-члена екипа која ќе го изведе проектот „Кунг фу танц” - комбинација од борачки вештини и танц. Проектот е на шестмина кореографи, во режија е на Лиу Лу и на музика на Зоу Ханг. Во пет сцени ќе биде презентирана традиционалната култура и современата уметност во Кина, во која борачките вештини се традиционален спорт, но и мошне ценето културно наследство.
Компанијата е основана во 2006 година од светски позната кунг фу ѕвезда Џеки Чен. Вклучува членови од престижни кунг фу групи од Кина и сите имаат богато изведувачко искуство на кунг фу техниките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер