Доаѓа кубанската вакцина против рак?

20 годишното истражување на кубанската вакцина и нејзиното користење кај болните од рак, е најголемата револуција во медицината.

Дали оваа вакцина ќе го намали бројот на заболени од ракот, а ќе го продолжи животот на оние кои ги водат најтешките битки во лекувањето, а ја губат војната со оваа болест.Според научниците оваа вакцина лекува рак на бели дробови, дебело црево, невролошли тумори, тумори во врат и грло. Тимот на научници и онколози на оваа вакцина своите достигнувања ги објаснија и во Македонија во министерството за здравство.

„За влез на овој лек треба Агенцијата за лекови во Македонија да даде одобрување, а тоа може да трае со години, дотогаш преку „Консултата Де Футуро“ од Белград може да заминат на лекување организирано од аеродром до болница и назад за околу 5 илјади евра“, вели Горан Пуљезевиќ „Консултата Де Футуро“ - Белград.

Од министерството за здравство за канал 5 објаснуваат дека ги чекаат официјалните резултати од кубанските центри за лекување, потоа ќе се отвори прашањето дали ќе биде дел од лекувањето на рак во Македонија или не. Вакцината во голем дел од земјите е запишана како алтернтивина медицина, но за онкологот Рено резултатите се одлични пред се во делот на лекување на рак на бели дробови.

„Резултатите се поткрепени со наоди каде процентот на преживување кај деца болни од рак на мозокот од 10 проценти се зголемил на 48 проценти“ изјава др. Рено.

Во лабораторијата за истражување на вакцината е Анабела Естер Гарсија таа објаснува се работи и на автоимуните заболувања кај луѓето.

„Ние успеавме кај пациенти кои се болни во напредна фаза од рак или напредни тумори навистина да постигнеме големи резултати“ др.Анабела есетер Гарсија. За научниците најголем успех е што во блиска иднина, вакцината ќе ги спои докторите од Куба и САД за изучување на оваа вакцина.

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер