„Дневник“: Почнува лустрацијата на егзекуторите на Ченто? - Канал 5

„Дневник“: Почнува лустрацијата на егзекуторите на Ченто?

Нема да биде изненадување доколку по ова бидат лустрирани повеќе лица кои биле вклучени во целиот случај „Ченто“ - од судиите што го воделе предметот, па до неговите нарачатели.

„Дневник“: Почнува лустрацијата на егзекуторите на Ченто?
Државната комисија за лустрација в петок ќе ги разгледува сите документи што се однесуваат на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, кој беше жртва на политички монтиран процес во 1946 од тогашното југословенско и македонско комунистичко раководство поради свои промакедонски ставови, пишува „Дневник“.

Според весникот, нема да биде изненадување доколку по ова бидат лустрирани повеќе лица кои биле вклучени во целиот случај „Ченто“ - од судиите што го воделе предметот, па до неговите нарачатели. Прв на удар на можната лустрација ќе биде судскиот совет на Окружниот народен суд во Скопје, чиј претседател беше Панта Марина, а членови Лазар Мојсов, подоцнежен висок југословенски функционер, и Коле Чашуле, познат македонски писател и дипломат. Меѓутоа, можно е со лустрирањето да бидат опфатени и погорните ешалони на тогашната македонска власт, во кои главниот збор во тој период го имаше Лазар Колишевски. Ова првенствено се однесува на оние личности што биле вклучени во подготвувањето на обвинението и на судскиот процес. Од комисијата за лустрација за „Дневник“ потврдиле дека предметот на Методија Андонов-Ченто ќе биде разгледуван.

- Ќе се разгледаат судското досие, сите пресуди, сведочења, изјави на сведоци, обвинителни акти, жалби, сите документи врзани за постапката за неговата рехабилитација. Што на крајот ќе произлезе, останува на членовите - изјавиле од комисијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Лишено од слобода лице барано со потерница за сторени кривични дела изнуда и насилство .

Уапсен е насилник од Скопје, баран по потерница

Денеска (27.09.2026) во 9:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Единицата за интервента полиција при СВР Скопје во дворот на негововиот дом го лишија од слобода Ц.А.(26) баран по централна потерница од 06.08.2026 од Основен Суд Скопје-1 по член 258 ст.1 вв член 22 изречена мерка притвор и централен распис од 17.04.2026 од СВР Скопје за сторено кривично дело по член 386 ст.6.

Од страна на Единицата за интервента полиција при СВР Скопје Ц.А. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постака, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на здравствената установа во Бардовци

Вчера попладне било пронајдено тело на мртов човек во близина на здравствена установа во Бардовци.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на  здравствената установа во Бардовци

„На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.“, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Никола Јокиќ би можел да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА следното лето.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Имено, доколку остане со Денвер Нагетс, според сегашните проекции, српскиот центар би можел да добие околу 360 милиони долари во текот на пет години. Сепак, Кевин О'Конор го предупредува тимот на Колорадо дека неговиот престој не треба да се зема здраво за готово!

Трократниот МВП на НБА не потпиша продолжување на договорот, а зад тоа стои идејата дека ќе добие историска плата следната сезона. Сето ова е наведено ако остане во Денвер. Јокиќ можеше да потпише минимум четири години оваа година и да добие бројка од 278 милиони долари, но - реши да почека.

- Мојата идеја е да потпишам следното лето и да останам во Денвер до крајот на кариерата - изјави Јокиќ ова лето.

Сепак, засега сè се базира на шпекулации, но треба да очекуваме Никола Јокиќ да остане во Денвер до крајот на својата НБА кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер