„Џифони Македонија“ им дава глас на младите - Канал 5

„Џифони Македонија“ им дава глас на младите

„Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. 

„Џифони Македонија“ им дава глас на младите

„Џифони“ се роди во Италија пред повеќе од 50 години, од едноставна, но моќна идеја, да им даде глас на младите луѓе преку филмот, тоа е посебен момент за младите генерации, да го откриваат светот, различните култури, да ги споделуваат своите лични погледи на свет и да ги хранат своите умови. Фестивалот се реализира и во Скопје 13 години и многу сум горд што италијанската амбасада е меѓу промоторите и поддржувач на организаторот сиве овие години. Заедно сакаме да ви понудиме уникатна можност – да растете, да се вклучувате во меѓукултурен дијалог, преку јазик што е универзален, јазикот на филмот – рече Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во земјава, синоќа на свеченото отворање на 13. „Џифони Македонија“ во киното „Фросина“ во Скопје.

Неговата екселенција им посака да уживаат, да го живеат ова искуство со многу ентузијазам и заемна соработка и да не забораваат дека на овој фестивал нивното мислење е многу важно.

-Ќе видите филмови од различни земји, со свои специфични идентитети, но сите со универзални пораки за нашите улоги и одговорности. Ова нè потсетува дека уметноста и културата секогаш создаваат долги пријателства што ги преминуваат сите граници. Се надевам дека секој филм ќе ја поттикне вашата љубопитност и ќе се одрази на светот околу вас. Ќе имате можност да учествувате на работилници, ќе учите како се прават филмовите, како приказните се раскажуваат преку анимации, фотографија, стрип. Фестивалот ќе биде можност и за откривање нови таленти меѓу вас и да ја изразите вашата креативност. Вечерва гледате италијански филм, филм што ни покажува дека доброто пријателство не знае за граници. Вие сте духот на овој фестивал, не сте само гледачи туку сте и жири – рече Палминтери.

Фестивалот „Џифони Македонија“ започна пред 13 години по иницијатива на г. Клаудио Губитоси, основачот на најголемиот филмски фестивал за деца и млади во светот, кого го очекуваме на завршната церемонија на фестивалот, најави Анастасија Јуруковска, програмски менаџер на „Џифони Македонија“.

-„Џифони Македонија“ официјално стана тинејџер, а како што и темата на оваа година вели — „Да се биде човек“, истражуваме што значи да растеш, да го доживееш тинејџерството, и да станеш човек. Со тоа, можеби забележавте промена во нашата вообичаена локација. Оваа година, свеченото отворање го одржуваме во МКЦ — срцето на нашиот град — каде што многумина од нас пораснале, а многумина уште ќе растат. Место каде што се живее тинејџерството и каде што станувањето човек е неизбежно. Во следните пет дена, ќе угостиме повеќе од 400 членови на жирито од осум различни земји. Можам ли да чујам аплауз за: Италија, Романија, Данска, Швајцарија, Србија, Косово, Црна Гора, и секако, Македонија – рече Јуруковска.

Од денес јуниорите, кадетите и сениорите имаат можност да гледаат бројни филмови, да учествуваат во работилници поврзани со филмот и да се вклучат во инспиративни разговори преку мастеркласови. Освен гледањето филмови, џифонци ќе можат да учествуваат на разговори на програмата Creative Youth Talks со Бојан Василев и Беса

Туша, кои ќе ги претстават своите нови кратки филмови. Вечерва на програмата е и Меѓународната вечер на фестивалот, кога сите учесници преку музика и храна ја претставуваат својата култура.

Фестивалот ќе трае до 1 октомври. Во наредните шест дена Скопје ќе биде домаќин на 400 учесници од Македонија, како и 30-ина младинци од седум земји. Младите учесници од другите земји ќе бидат сместени во фамилиите на нивните врсници од Скопје. Сите учесници на фестивалот го сочинуваат жирито поделено во три категории според возраста: јуниори (од 10 до 14 години), кадети (од 14 до 16 години) и сениори (од 17 до 19 години). Сите проекции на филмови, работилници и содржини наменети за младите учесници на фестивалот се целосно бесплатни.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Агенција за филм, Градот Скопје, Општина Карпош, Џифони Експириенс од Италија, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер