„Џифони искуство“ – едукација, забава, дружење - Канал 5

„Џифони искуство“ – едукација, забава, дружење

Едукација преку отворање различни теми, прашања, сериозни дискусии и дебати, истовремено многу забава и незаборавно дружење, вака децата-учесници од Македонија го доживуваат најголемиот филмски фестивал за млади „Џифони искуство“.

„Џифони искуство“ – едукација, забава, дружење
Воодушевени се од концептот, од она што им се нуди како знаење и што го земаат со себе по заминувањето. Гостувањето на мегаѕвездите, пак, што е традиција на Фестивалот, дополнително ги мотивира во желбата еден ден да бидат дел од филмската индустрија.

- Се пријавив на Фестивалот зашто сакам да станам глумица. Кога дојдовме тука, не пречекаа нашите домаќини, ни ги понудија своите домови и ни дадоа се што ни е потребно. Во однос на нашите задолженија, прво гледаме филм, секој согласно групата во која припаѓа, а потоа имаме дебата. На крај, избираме еден главен филм, победник на „Џифои искуство“, вели Бисера Самарџиева од категоријата +13 години.

На Исидора Цветковска од повозрасната категорија, +16, ова и е прво вакво исксутво.

- Од мојата група се очекуваат посериозни коментари во однос на категоријата +13 што воедно е одговорност плус бидејќи треба да ја претставиме државата во најдбро светло, истакнува Цветковска.

Во категоријата +18 право на учество имаат само Италијани, но оваа година таква привилегија добија и тројца Македонци.

- Јас и уште двајца од Македонија добивме право да учествуваме на Фестивалот благодарение на нашиот ангажман за време на првото издание на Џифони Макдонија и поради фактот што доволно добро го познаваме италијанскиот јазик, вели Катарина Величковска.

На почеток се двоумела дали и како ќе се снајде. Сепак, се завршило како што треба.

- Дисксуиите во мојата група се инспиративни, одат многу повеќе над баналните – која е пораката на филмот, како ни се допаѓа перформансот на актерите. Тука и најобичен филм се дебатира максимално сериозно, се опфаќаат сите перспективи и се извлекува суштината, посочува Величковска.

И Цветковска и Величковска сметаат дека посетата на Ричард Гир не беше само сензација.

- Неговите одговори на нашие прашања за време на средбата беа пред се мотивирачки, бараа многу искуство и значително се разликуваа од оние на некои помлади, исто така холивудски ѕвезди што претходно беа гости на Фестивалот, раскажуваат учесничките од Македонија.

„Џифони искуство“ се одржува 44 години, овој пат под мотото „Биди различен“, од 18 до 27 јули. На програмата се преку 163 филмови. Учествуваат преку 3.500 деца од 43 земји, посетеноста е огромна, а импозантен е и бројот на новинарски екипи кои ги покриваат секојдневните случувања.

Првпат годинава Фестивалот воведе и преноси во живо особено од доаѓањето на филмските ѕвезди кои вообичаено прво шетаат по синиот тепих, потоа одржуваат прес-конференција и на крај се среќаваат со членовите на меѓународното жири.

Во рамки на Фестивалот вчера се одржа Македонски ден на кој беше промовирано второто издание на „Џифони Македонија“ што ќе се одржува во октомври, а беа прикажани и неколку филмови.

Посетителите имаа можност да дегустираат традиционални македонски производи, овчо и биено сирење, гравче-тавче, ајвар, вино, локум,.... Беше отворена и изложба на фотографии од Македонија, се делеа брошури и каталози за нашата филмска продукција во периодот 2013/2014. Денот беше заокружен со настап на Мухамед Ибрахими кој ја воодушеви публиката.

Учеството на децата од Македонија на „Џифони искуство“ го поддржа Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер