„Џез под ламба“ вечер во Центар - Канал 5

„Џез под ламба“ вечер во Центар

Општина Центар вечер на пјацетата кај Италијанската амбасада третпат го организира настанот „Џез под ламба“ на кој ќе бидат изведени џез верзии на најпознатите новогодишни и божиќни песни во изведба на Мартина Елиора и нејзиниот бенд. 

„Џез под ламба“ вечер во Центар

Покрај добра музика, присутните ќе уживаат и во греано вино и печени костени.

- Ги поканувам сите љубители на добрата музика да ни се придружат и да ја споделиме божиќната атмосфера. Да ја продолжиме оваа навистина убава традиција, која му дава посебен и препознатлив шарм на Центар, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Настанот „Џез под ламба“ е дел од програмата за култура на Општина Центар, кој го промовира џезот и македонските изведувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доаѓа армија од машини: Кина ќе прави над 100.000 хуманоидни роботи оваа година

Кина очекува да произведе повеќе од 100.000 хуманоидни роботи оваа година, според Ган Сјаобин, заменик-директор на Одделот за наука и технологија во Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина.

Доаѓа армија од машини: Кина ќе прави над 100.000 хуманоидни роботи оваа година

Во разговор со новинарите по повод Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) во Шангај, тој рече дека развојот на вештачката интелигенција и проширувањето на екосистемот на вештачката интелигенција го забрзуваат растот на роботската индустрија во Кина и е еден од клучните двигатели на идниот технолошки развој на земјата.

Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) ќе се одржи во Шангај од 17 до 20 јули 2026 година, заедно со состанок на високо ниво за глобално управување со вештачката интелигенција.

Организаторите најавија дека овогодинешниот собир ќе биде еден од најголемите глобални настани посветени на развојот и примената на вештачката интелигенција, со повеќе од 1.100 компании-изложувачи, над 3.000 презентирани производи и решенија и вкупен изложбен простор од повеќе од 100.000 квадратни метри. Програмата ќе вклучува повеќе од 140 тематски форуми, со учество на над 1.400 меѓународни гости, според веб-страницата на организаторите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик.

Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус.

Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше решение кое ќе биде прифатливо за сите.

Но, кога требаше договорот да биде финализиран, СДС, Левица и ДУИ решија да се повлечат и да го блокираат целиот процес.

Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората.

Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младеновска: Нов скандал на Тошковски –полицијата е како „швајцарско сирење“, наркодилер избега низ прозорец

Нов скандал на Панче Тошковски, наркодилер му побегна од полициска станица во Кочани.

Младеновска: Нов скандал на Тошковски –полицијата е како „швајцарско сирење“, наркодилер избега низ прозорец

Александар Лазаров Цуна познат криминалец кој и претходно бил осудуван и лежел во затвор за трговија со дрога бега од сред полициска станица.

Ако наркодилери можат слободно да бегаат од полициска станица што значи тоа?

Тотален распад. Швајцарско сирење. Тоа е сликата за денешната партизираната полиција која наместо да ги гони, ги штити криминалците на власт.

Но, овој скандал отвора сериозни сомнежи за пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци и наркодилери на секое ниво.

Тошковски треба да излезе пред граѓаните и да одговори, кој ќе понесе одговорност за овој скандал?

Има ли барем малку грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани?

Каква е поврзаноста на Цуната со началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, поставен од Тошковски?

Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него?

Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој намерно го пуштил?

Зошто наркодилерот не бил чуван во просториите за задржување?

Доколку обвинителството навистина подготвувало предлог за определување мерка притвор, тогаш овој случај е уште посериозен и бара итна и темелна истрага. Но пред се бара одговорност.

Во секоја нормална држава, ваков случај ќе значеше итна одговорност и оставки.

Овој скандал му се случува на истиот оној Панче Тошковски на кого му поминаа пет тони дрога преку македонската граница без никој да понесе одговорност.

На истиот оној Панче Тошковски за време на чиј мандат криминалци бегаа преку граница кога сакаат.

На истиот оној Тошковски кој ветуваше: „Брат да ми е, ќе одговара“, а по две години мандат никој не одговара а криминалнци бегаат од полициска станица.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност за сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани.

Уште колку скандали во МВР се доволни за Тошковски да понесе оставка?

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер