Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Здравје„Дигитални деменции“ И возрасните луѓе ќе ги намалуваат способностите поради премногу гледање во телефонските екрани.Претераното користење мобилни телефони и следење на содржини преку екраните во иднина ќе влијае за зголемување на таканаречената дигитална деменција односно намалување на когнитивните способности на поединците поради преголемото потпирање на технологијата и неможноста да се разликува реалниот и нереалниот свет, вели во разговор за МИА, доцент д-р Даниела Воитикив Самоиловска, декан на Факултетот за здравствени науки при УЈИЕ. Таа посочува дека оваа таканаречена дигитална деменција, која веќе се проучува во западноевропските земји, се однесува за возрасните лица кои премногу користат мобилни телефони, па се соочуваат со зголемена опасност во иднина да се соочат со интензивирана појава на состојбата наречена деменција која се карактеризира со повеќе болести кои негативно влијаат на меморијата, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните активности кај човекот. И сега деменцијата е една најчестите дијагнози денес во невролошките амбуланти, па затоа смета дека е важно јавноста да се предупреди за негативните последици од долготрајното изложување на дигиталните екрани. - Се соочуваме со нов облик на нарушувања и когнитивно страдање за кое не знаеме дали е болест или реалност на која треба да се навикнеме. Дигиталната деменција е особено обработена од Манфред Шпицер, кој го препорачувам со неговото дело „Како ние и нашите деца го губиме умот“. Дури во 2012 година овој психијатар со германско потекло говори за тоа дека ќе дојде до значително намалување на когнитивните способности кај поединците поради преголемо потпирање на технологијата и неможност да се разликува реалниот и нереалниот свет. Тоа е токму тоа што ни се случува, објаснува д-р Воитикив Самоиловска. Таа посочува дека кога човек „скрола“ (прелистува) на екраните и на социјалните медиуми се активира левата мозочна хемисфера на мозокот што е одговорна за логично размислување, читање, пишување и анализа. Но, само со прелистување на содржините на интернет, според докторката, не доаѓа до анализа и размислување, туку само се „бомбардира“ левата хемисфера со многу информации и слики кои не ни може да постигне да ги анализира. - Десната хемисфера која е задолжена за емоциите, имагинацијата и креативноста, притоа воопшто не се активира што значи дека нема пренос на импулс и од левата на десната хемисфера. И доколку тоа трае со часови, а се случува луѓето да бидат на социјалните мрежи и подолго од еден час, два-три часа. Некои тоа го прават заради забава, некои го прават заради работа. Тогаш доаѓа од сериозно блокирање на преносот на импулси помеѓу хемисферите. Тоа ќе се одрази со намалена функција на значајни делови од кортексот, односно кората на големиот мозок, а некористењето на овие центри ќе доведе до изумирање на мозочните клетки. Всушност научно е докажано дека прекумерната изложеност на екраните воопшто не ни помага, туку напротив доведува до низа негативни ефекти на мозокот. Ова се случува кај возрасните луѓе. За децата можеби друг пат да зборуваме кај нив секако дека овој процес доведува неразвивање на когнитивните функции и до тенок кортекс, односно појава на низа проблеми во развојот, објаснува тетовската докторка, специјалист невролог. Според неа, студии за оваа појава покажуваат дека просечното време на изложеност на екраните оди над три часа. Препораките за геријатриската популација е континуирана изложеност на екраните да не биде подолга од два и пол часа. Сепак со оглед дека светската популација старее, семејствата, општествата и светот во целина ги очекува и нов предизвик во превенција и лекување на деменцијата, но не само со лекарства, туку и во насока на промена на животниот стил. -Во случај, кога на крај доаѓа до потреба за лекување на деменцијата, суштински би кажала дека тоа треба да е мултидисциплинарен пристап кој не треба да се заснова само на таблети кои му ги даваме на пациентот. Во Европа и во светот, тука е вклопен цел тим на специјалности. Ние за жал, немаме моментално таков високо специјализиран организиран систем за згрижување на овие пациенти. Кај нас сите знаеме дека грижата се сведува на згрижување во домот, каде што негувателот најчесто е некој женски член на семејството. Пораката е дека невропсихијатриските специјализирани сестри и неврогеријатриски домовите за нега ќе бидат нови предизвици на здравствените системи на светот па и на Македонија. Се надевам дека ние ќе ги следиме светските трендови, вели д-р Даниела. Когнитивен тренинг односно „раздвижувањето на импулсите“ е препораката на д-р Даниела Вотикив Самоиловска, која вели дека за тоа не треба ниту специјализирана установа како на запад, каде има специјализиран клиники за неврокогнитивен тренинг. Се советува одржување на социјална активност на возрасната популација со социјални контакти и дружења, хоби, излети, здружување и сè што може да придонесе на секојдневно ниво возрасните луѓе да имаат поактивен социјален живот. - Секако дека редовно решавање на крстозборки, читање на книги, играње на шах, исто така претставува когнитивен тренинг за протективна/заштитна улога кај повозрасната популација. Можеме да влијаеме на мотивирачките фактори на ризик, со што и те како може да се стопира брзата прогресија на болеста. Се советува модификација на стилот на живот со еден баланс, воведување на редовна физичка активност, со корекција и минимизирање на внесот на алкохол, со регулирање на хипертензија, регулирање на дијабетот, овозможување на нормален циклус сон и будност, односно поправање на несоницата и така натаму, советува д-р Даниела Воитикив Самојловска. Таа предочува дека потребата од осознавање на овие состојби се важни затоа што светската популација старее. Потсетува на статистичките податоци дека ако во 2000 година, десет проценти од популацијата била на возраст над 65 години, проекциите се дека во 2050 година, дури 21 процент од целокупното население ќе бидат луѓе постари од 65 години./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter