Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
Култура„Диџеј Ахмет“ од денеска во македонските кино сали!Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот и сценарист Георги М. Унковски од денеска започнува со својата официјална кино дистрибуција во Македонија.Вечерва премиерно ќе биде прикажан во кино „Синеплекс“ во Скопје, во Киноверзум Скопје, Штип и Велес, во 3Д кино Битола и Манаки Битола, по што ќе започне редовно прикажување во киносалите низ целата земја во рамки на мрежата Киноверзум. Овој момент следува по успешната македонска премиера во Битола, кога филмот го затвори 46. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Светската премиера на „Диџеј Ахмет“ се одржа на 24 јануари годинава на фестивалот „Санденс“ во Парк Сити, Јута, каде што филмот доби две престижни награди: наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија. Во август филмот имаше регионална премиера во официјалната програма на 31. Сараевски филмски фестивал, каде освои уште три признанија: Специјалната награда за перспектива на младите, наградата на филмскиот портал „Синеуропа“ и наградата од публиката за најдобар филм на фестивалот. До денес филмот е прикажан или селектиран на 40 фестивали во 10 земји и има освоено преку 20 награди, вклучувајќи ги признанијата од Санденс и Сарајево, како и повеќе награди во САД - Сонома, Лос Анџелес, Сиетл, Словачка, Чешка, Канада, Франција и Херцег Нови - Црна Гора каде филмот ја доби и наградата гранд при за најдобар филм на фестивалот. Во претстојниот период „Диџеј Ахмет“ ќе има своја кино премиера и во Турција, ќе биде прикажан на престижниот BFI во Лондон, на филмскиот фестивал во Севиља и на многу други фестивали во Франција, Белгија, Германија и САД. Филмот има обезбедена кино-дистрибуција во сите европски земји, како и во Канада, Англија, Ирска, Австралија/Нов Зеланд, а во завршна фаза е договорот за САД. Со тоа, „Диџеј Aхмет“ е на пат да стане македонски филм со најголема кино-дистрибуција во поновата историја. „Диџеј Ахмет“ е драма со примеси на комедија и ја следи приказната на петнаесетгодишниот Ахмет, тинејџер од јуручко село во Источна Македонија, кој наоѓа прибежиште во електронската музика. Во средина обележана со строги семејни очекувања и конзервативни норми, музиката станува негов простор на слобода и начин да го изрази својот идентитет. Неговиот пат кон созревање е полн со предизвици – очекувањата на таткото, традиционалната заедница и првата љубов со девојка која веќе е ветена на друг. Во главните улоги настапуваат Ариф Јакуп, Дора Акан Златанова, Агуш Агушев и Аксел Мехмет, а во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф е Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, дизајн на звукот направи Павел Јан, монтажата ја потпишува Михал Раих, а кастинг директор е Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу „Синема Футура“ и „Сектор Филм“ од Македонија, „Алтер Вижн“ и „Аналог Вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија како и „365 Филм“ од Хрватска. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска. Диџеј Ахмет“ доби поддршка од Агенцијата за филм на Македонија со 23,5 милиони денари, од националните фондови на копродуцентите и од паневропскиот фонд Еуримаж во висина од 160.000 евра. Снимањето на филмот се одвиваше во октомври и ноември 2023г во селата Коџалија и Али Коч, во близина на Радовиш и во Скопје. Со својата уникатна приказна, меѓународен успех и широка дистрибуција, „Диџеј Ахмет“ претставува значаен момент за македонската кинематографија и од денеска е достапен за домашната публика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook