„Девојчето- сирена“, родена со споени нозе, ги направи првите чекори (ВИДЕО) - Канал 5

„Девојчето- сирена“, родена со споени нозе, ги направи првите чекори (ВИДЕО)

35-годишната Ноел Спајви открила дека нејзиното неродено бебе има ретка вродена аномалија на плодот на нејзиното 12-неделно скенирање.

„Девојчето- сирена“, родена со споени нозе, ги направи првите чекори (ВИДЕО)

Ѝ било кажано дека нејзината ќерка Блер ќе се роди со сиреномелија, што значи дека нејзините нозе се ротирани наназад од колената и споени кај стапалата.

Лекарите ја објавија и страшната вест дека не се работи за „ако“ туку „кога“ ќе умре Блер.

Ноел, стоматолошка асистентка од Лабок, Тексас, САД, рече: „Се чувствував како вечност додека бевме таму.

Докторот влезе и во основа рече: „Вашето бебе е во критична состојба“. Почнав да плачам - беше доволно тешко што останав бремена. Тие рекоа: „Не е прашање дали таа ќе умре, прашање е кога ќе умре“, вели Ноел, стоматолошката асистентка од Тексас.

Но, малата Блер победила, го преживеала породувањето и била подложена на седумчасовна операција за одвојување на нозете кога имала 18 месеци, а и ја ампутирале и ногата кај коленото, пишува британски Метро.

Ноел била решена да не се откаже од своето бебе и внимателно ја следела состојбата за време на бременоста.

„Повеќето бебиња на кои им е дијагностициран синдром на сирена како фетус не развиваат бубрези, црева или гениталии. Страшно е."

Рече дека раѓањето на Блер „бил најсреќниот момент во нејзиниот живот.“

„Кога се уверија дека е добро, ја видов и плачеше. Ја ставив раката на нејзината глава, таа ме погледна и престана да плаче. Родена е со бели дробови, срце, мозок - сѐ беше нормално. Но, имаше само една од двете коски на потколеницата. Под нејзиното колено се ротираше наназад и сè беше поврзано. Бев преплашена од непознатото“.

Кога имала само еден ден, бебето Блер имало операција за да ѝ помогнат да го реши проблемот со дебелото црево. Потоа, кога имала 18 месеци, ѝ направиле операција на нозете.

„Колената ѝ беа ампутирани, а следната пролет ѝ беа вметнати блокови. Минатото лето ѝ ја направија нејзината прва целосна протеза со стопала“.

Блер сè уште има неколку здравствени проблеми кои лекарите ги разгледуваат, како што е фактот дека таа има само делумен мочен меур, но нејзината мајка Ноел ја опиша како „силна“.

"Таа е супер паметна и урнебесна. Неодамна научи да ги вкрстува очите. Таа е чудо. Се надевам дека ќе има долг, среќен и здрав живот ".

Сега Блер успеа да ги направи своите први чекори со целосни протетски нозе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје

Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед.

Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје

Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед и консултативен преглед со претходно изготвени ПСА резултати со уролог специјалист кој доаѓа од ГОБ 8 Септември.

Лани во рамките на ваквиот преглед биле навреме откриени 3 карцинома на простата кој за среќа биле во почетна фаза заради што укажуваат дека за оваа болест секој ден порано е значаен.

Превентивата е иднината на медицината ососбено за ракот на простата кој е 4 по смртност во светски рамки а кој најчесто нема симптоми додека не дојде во крајна фаза.

Ноември е месецот на машкото здравје но тоа не значи само да се пуштат бркови туку да се појде на превентивен преглед

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе има ли поскапување на цената на струјата и парното по нова година?

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини власта дека води лоши економски политики. 

Ќе има ли поскапување на цената на струјата и парното по нова година?

Тврди дека и покрај ветувањата оти струјата нема да поскапи се најавува ново зголемување на цените на струјата и парното, што според него дополнително ќе го оптовари животниот стандард на граѓаните .

„Иако токму тој во септември ветуваше и укажуваше дека цената на струјата нема да поскапи, претседателот на РКЕ, членот на ВМРО криминалната група, Ацо Ристов, најави зголемување на струјата од 2 до 3 проценти и на парното, коешто е веќе зголемено 5 проценти, за дополнителни 6 до 8. Ете толку од добрите економски политики на оваа власт и толку од желбата да се зачува, во најмала рака, а па не станува збор за зголемување на стандардот на граѓаните. Што ќе се случи после Нова година кај нас? Ова зголемување на струјата за 2 до 3 проценти ќе повлече зголемување на сите производи кај нас“, подвлече Филипче.

Лидерот на опозицијата предупреди дека новите поскапувања дополнително ќе ја намалат куповната моќ на граѓаните, во услови кога, како што посочи, синдикалната потрошувачка кошничка веќе достигнала 71 илјада денари.

Од Регулаторната комисија за енергетика за Канал 5 кусо информираат дека не коментираат политички ставови и дека во моментов нема донесено одлука за поскапување на струјата. Евентуалната промена на цената се очекува да се разгледува во текот на декември.

Претходно, претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во телевизиско гостување изјави дека компаниите побарале поскапување на парното од 45 до 50 проценти, што го оцени како неприфатливо. Сепак, поради растот на цената на природниот гас, очекува зголемувањето да се движи од шест до осум проценти, додека струјата за домаќинствата од Нова година би можела да поскапи за два до три проценти.

Од друга страна, премиерот Мицкоски предупреди дека Европа ја очекува исклучително тешка зима поради енергетската криза и високите цени на енергенсите. Тој уверува дека Владата ќе продолжи со мерките за заштита на животниот стандард и спречување драстични поскапувања. Според Мицкоски, со намалувањето на акцизите за горивата и ДДВ, Македонија поуспешно се справува со енергетската криза во споредба со земјите од регионот.

„За нас како Влада главна цел е да го одбраниме стандардот на граѓаните од оваа зима. Односно да не дозволиме драстични скокови кога станува збор за цените на енергенсите. И во таа насока ќе продолжиме да ги водиме нашите политики. Кога станува збор за енергенсите, тука мислам на цената на електричната енергија и цената на топлинската енергија којашто ја добиваат одреден дел на граѓани во главниот град Скопје“, изјави Мицкоски.

За справување со енергетските предизвици, Владата планира да го зголеми домашното производство на струја во термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“, преку набавка на јаглен од Косово, како и да го рестартира ТЕЦ „Неготино“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногата

Тело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. 

Пронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногата

Според официјалните информации од МВР станува збор за лицето Е.Ш. од селото Љубин. Покрај телото во близина бил пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот.

При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата а на лице место екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 6 часот и 15 минути. Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Засега нема информации како настанала прострелната повреда ниту дали станува збор за убиство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои починал 38-годишникот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер