3Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
Култура„Денови на македонски кореографи” од 22 до 25 април на Малата сцена во НОБ Од 22 до 25 април на Малата сцена во Националната опера и балет ќе се одржат „Денови на македонски кореографи”, во чии рамки ќе бидат изведени пет претстави и една изложба.Во првата вечер на „Денови на македонски кореографи” на 22 април ќе се прикажат две претстави „Мокументари“ од Андријана Данчевска и „Ехо на баронот“ од Дејан Битровски. Во втората вечер на 23 април ќе може да се проследи претставата „Болеро“ на Саша Ефтимова. Но, и во Фоајето на Националната опера и балет ќе биде прикажана изложбата на слики „Вечни тела“ од Искра Шукорова. На 24 април ќе биде прикажана претставата „Д како Дездемона“ од кореографката Рисима Рисимкин. А на затворањето на 25 април „Денови на македонски кореографи” ќе се изведе претставата „Патување“ од турскиот кореограф Чан Арслан. Оваа претстава се спремала во НОБ со македонски балетски уметници и пред околу еден недела ја имаше премиерата во Анкара. Марија Кичевска Шокаровска, уметнички раководител на Балетот на денешната прес-конференција информира дека настанот е по повод 20 години јубилеј од првата претстава на Мала сцена, а тоа било „Јас, Исидора“ од Олга Панго. Таа нагласи дека идејата и целта на Мала сцена е да се развиваат нови креативни кадри од македонски кореографи. Саша Евтимова, кореограф и организатор на „Денови на македонски кореографи” истракна дека Малата сцена е една платформа која што дава еден креативен поход каде може да се изразуваат креативно. Како што нагласи,„Денови на македонски кореографи” е значајна и за младите кореографи коишто се развиваат и им треба простор за развивање и на етаблираните кореографи кои своите почетоци ги направиле на Малата сцена. -Моето прво дело е во 2006 година баш на Малата сцена. Само Малата сцена може да биде платформа за нови млади креативни сили кои сакаат сакат да се изразат во копродукција со Национална опера и балет или некои независни проекти кои ќе можат да се одржуваат на таа сцена. Таа сцена треба вечно да трае. Таа сцена треба да се развива и треба да буди креативни умови како што ги имаме ние во нашата држава, рече Евтимова. Кореографкат Рисима Рисимки информира дека „Скопје танцовиот театар“ на „Денови на македонски кореографи” ќе претстави три премиери – „Мокументари“ од Андријана Данчевска, „Ехо на баронот“ од Дејан Битровски и „Д како Дездемона“ од Рисимкин. -Ова е мојата втора претстава во која што се бавам со жените на Шекспир во делата на Шекспир. Пред две години ја правев „Лејди Магбет“. „Да како Дездемона“ е втора претстава која се бави со таа тематика. Ова е прекрасно искуство. Деновиве ние тука ги правиме подготовките. Отворена е вратат за нас, како независна сцена, што навистина значи еден исчекор во нашето заедничко работење и мислам дека тоа ќе значи една платформа на која што понатаму се повеќе ќе се развиваат и нови кореографи и нови дела. Јас искрено се надевам дека оваа сцена ќе продолжи да живее и понатаму ќе има претстави и ќе стане традиција да можеме ние и утре нови кореографи да имаат можност да се изразат, рече Рисимкин. Искра Шукарова, кореограф и автор на изложбата „Вечни тела“ ифнормира дека нејзината изложба била изведена во Културно информативниот центар и инспирирана била од телото на изведувачот. -Се работи за наши колеги на возраст од 70 до 90 години – Емилија Џипунова, Зоица Пуровска Велевска, Снешка Шијак, Зоран Талев и Ирена Лозинска. Соработката е со фотографот Жарко Стојчевски. Идејата е поврзано со возрасното тело, всушност инспирирана сум од телото на изведувачот, конкретно тоа е моја лична приказна. Телото кое што се менува, но тело кое што памети. Соработник во однос на изложбата е Јованка Попова, која е куратор во визуелна уметност и многу добро го рефлектираше она што ние го изведовме практично, рече Шукарова. Кореографката Адријана Данчевска Ровчанин истакна дека „Мокументари“ е танцов перформанс кој е обликуван според нивен наратив и ја рефлектира политичката и општествената состојба во земјава. Информира дека за претставата за музика задолжен бил Александар Гроздановски и Ивана Мојсовска за сценографијата. Кореографот Дејан Битровски нагласи дека неговото дело „Ехо на баронот“ се бави со тематика која што на еден начин е многу модерна од аспект на дигитална дистопија преку синдромот на Михаузен и искрививањето на некои вредности кои што можеме се почесто да ги сретнеме во интернет просторот. -Пробувам на еден начин преку танц, движење и сценографија да ги донесам на ниво да можам да кажам да се запрашаме точно што се случува со целата ова наша ситуацијата во која ние живееме овде, меѓутоа и на глобално светско ниво, рече Битровски. Киро Павлов, менаџер на операта и балетот најави дека ќе продолжат понатаму со оваа иницијатива. -Едно е да се има идеја, а едно е да се остварат многу дејности внатре во театарот, бидејќи од техничкиот аспект сме многу назад. Таа Мала сцена потребно многу да се реновира, пред се од интер бината за седење, светлосни ефекти, под. Ние ќе работиме напорно. Додека работиме, велам дека Малата сцена ќе функционира не верувам во мај поради Мајските оперски вечери, но во јуни, јули, па и од септември натака ќе даваат претстави континуирано како и на Големата сцена. Се надевам дека до декември ќе имаме можност да го обновиме светлосниот парк, а во 2026 година да доминира на едно европско ниво, бидејќи тоа го заслужува оваа куќа и оваа држава. Во последните 20 години многу малку се инвестирало внатре, рече Павлов.Тагови: НОБ македонски кореографи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаМајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден. Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“. Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт. На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир. Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот. Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата. Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето. Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“. Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна. Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател. Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди. Таа е осудена на две години затвор. „Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки. „Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.Тагови: кокаин мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
СветМистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле. Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат. Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“. Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот. View this post on Instagram A post shared by Fox News (@foxnews) „Барале вредни предмети“ Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција. Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот. Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот. Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.Тагови: Њујорк канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00