ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ
Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст
1ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ
2Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст
Култура„Денови на македонската музика“-Концерт на канадска виолончелистка и белгиски пијанистиКанадската виолончелистка Емили Жирар-Шарест и белгиските пијанисти Жан-Филип Колар-невен и Жан-Лик Фафшам во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“ вечерва ќе одржат концерт во Музејот на град Скопје.На програмата се дела на македонските композитори Јана Андреевска, Стојан Стојков, Гоце Гавриловски и Елизабета Илиевска-Бете, како и композиции на Жан-Филип Колар-Невен, Жан-Лик Фафшам и МИшел Гонвил. Емили Жирар-Шарест е виолончелистка, композиторка и импровизаторка која се издвојува со својот еклектичен стил. Нејзиниот репертоар на изведба е разновиден – од традиционална класична до современа музика и интердисциплинарни проекти. Како камерен музичар и солист настапувала со бројни ансамбли: Allogene, SuperMusique, La Machine, Quatuor d’occasion, Ensemble for New Music Tallin и други. Соработувала со композиторите Малком Голдштајн, Мишел Гонвил, Џоан Ету, Фредрик Гран, Ханс Цендер... Во 2004 година го формира ансамблот “ALLOGENE” состав посветен на изведба на барокна и современа музика, како и импровизација. Жирар-Шарест настапувала во бројни тетарски и танцови продукции, како и на фестивали за класична, џез и современа музика во Канада, САД, Австрија, Чиле, Аргентина, Естонија, Франција и други земји. Моментално е на постдипломски студии на Конзерваториумот за музика во Монтреал, каде работи под менторство на Денис Брот. Жан-Филип Колар-Невен е пијанист, композитор и импровизатор, кој следи нестандарден уметнички пат и чија уметност соединува разновидни жанри и дисциплини. Иако образован во класичната традиција, џезот и импровизираната музика играат голема улога во формирањето на Колар-Невен како музички уметник. Неговите проекти ги допираат и соединуваат подрачјата на композиција, импровизација, визуелни уметности, театар и филм и се честопати се на границата помеѓу традицијата и современите форми. Како големо влијание во сопствената музика, Колар-Невен ги посочува: џез контрабасистот Жан-Луи Ресинфос, како и кларинетистот и саксофонист Фабрис Алеман, вибрафонистотБарт Картиер, композиторите Лук Ферари, Клод Леду, Мишел Гонвил, Бруно Мантовани, режисерите Пјетро Пицути, Клер Гатино, диригентите Патрик Давин и Пјер Бароломе, визуелните артист Боб Фершуерен и многу други. Редовно концертира во Европа, Јужна и Централна Америка, Јапонија и Канада. Во 2003 година Сојузот на композитори на Белгија му го доделува FUGA трофејот за активноста во презентација на белгиски репертоар, аво 2008 година ја добива наградата Octave” за уметник на година. Жан-Филип Колар-Невен предава камерна музика и импровизација на Royal Mons Conservatory. Жан-Лик Фафшаме член на Ансамблот “ICTUS” со кој реализира концерти на класична музика и премиери на нови дела, и мултимедијални проекти особено со танц и театар. Како солист, тој е афирмиран во изведба на дела од класичниот и современ репертоар за пијано.Добитник е на наградата на УНЕСКО за млади композитори како и на наградата “Octave” за класичен музичар во 2006 година. Настапувал со Ensemble Intercontemporain, Musiques Nouvelles, Daniel Quartet, Calefax, National Orchestra of Lille, Liege Philharmonic Orchestra, а неговите дела биле дел од програмите на фестивалите Presence во Париз, Ars Musica во Брисел, Why Note во Дижон, Виенското биенале, како и на сцените во Сиднеј, Берлин, Лима, Копенхаген. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИСе одржа редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се разговараше за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи.Беше разговарано за случајот со Алта банка, каде се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење на пари на илјадници граѓани. Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење на параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката. Претседателот Мицкоски информираше за средбата со раководството на ВРЕДИ. Тој посочи дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период. Воедно, Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од Извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски растБуџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст и подобар животен стандард за граѓаните.Предлог-буџетот за 2027 година е насочен кон обезбедување стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст, со јасен фокус на развојните инвестиции, редовното исполнување на обврските кон граѓаните и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го Предлог-буџетот за 2027 година на Комисијата за финансирање и буџет пред пратениците во Собранието. Вкупните приходи во Буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, што претставува раст од 5,7% во однос на 2026 година, додека вкупните расходи се планирани на 440,4 милијарди денари, односно раст од 4,8%. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП, а за капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари. „Нашата определба останува јасна – постепена фискална консолидација, рационално и ефикасно трошење на јавните средства, подобра наплата на приходите и насочување на средствата кон развојни и продуктивни инвестиции“, истакна министерката. Согласно проекциите, економскиот раст во 2027 година се очекува да изнесува 3,8%. Главен двигател на растот ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто-инвестициите се проектирани да забележат реален раст од 6,8%, приватната потрошувачка раст од 2,5%, додека јавната потрошувачка ќе има умерен раст од 1,1%. Кај надворешниот сектор се очекува раст на извозот од 5,8%, а на увозот од 5,2%. Во однос на ценовните движења, за 2027 година се проектира просечна инфлација од 3,2%. Позитивните движења се очекува да продолжат и на пазарот на труд, при што се проектира раст на бројот на вработени од 1,2%, додека растот на просечната нето-плата се очекува да изнесува 6,7%. На приходната страна, вкупните буџетски приходи се планирани на 395,4 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4% во однос на 2026 година, додека социјалните придонеси се планирани во износ од 133,8 милијарди денари. Неданочните приходи се проектирани на 30,5 милијарди денари, а донациите на 5 милијарди денари. Во рамки на даночните приходи, од данокот на личен доход се очекуваат 42 милијарди денари, од данокот на добивка 27,5 милијарди денари, а од акцизи 31,9 милијарди денари. „Нашата определба е преку подобрување на наплатата, дигитализација на процесите, зајакнување на институционалните капацитети и намалување на неформалната економија да создадеме поефикасен, поправеден и потранспарентен систем на јавни приходи. Целта е планираните приходи да се остваруваат врз реални и одржливи основи, без создавање дополнителен товар за граѓаните и стопанството.“ кажа министерката Димитриеска-Кочоска. На расходната страна, вкупните расходи се планирани на 440,4 милијарди денари. За плати во јавниот сектор се проектирани околу 57,2 милијарди денари, додека расходите за стоки и услуги се планирани на 27,8 милијарди денари. За исплата на пензиите се обезбедени 123,8 милијарди денари, со вклучен ефект од усогласувањето согласно законските решенија. За надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани се предвидени околу 14,3 милијарди денари, додека за паричен надоместок во случај на невработеност се планирани 1,5 милијарди денари. За активните политики и мерки за вработување се обезбедени 2,9 милијарди денари, наменети за креирање нови работни места и поддршка на вработувањето на младите, лицата со попреченост и корисниците на гарантирана минимална помош. За здравствена заштита се планирани 58,7 милијарди денари, кои ќе се реализираат преку Фондот за здравствено осигурување, најголем дел наменети за финансирање на здравствените услуги и непречено исполнување на обврските кон јавните здравствени установи. Продолжува и поддршката на единиците на локалната самоуправа. Трансферите до општините се планирани на околу 36 милијарди денари. Капиталните инвестиции се еден од клучните развојни приоритети на Буџетот за 2027 година. За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. „Нашата определба е овие средства да бидат насочени кон проекти кои создаваат долгорочна вредност, ја подобруваат инфраструктурата и придонесуваат за поквалитетни јавни услуги. Притоа, не е важна само висината на планираните средства, туку и нивната реализација. Нашиот фокус е на навремено спроведување на проектите и на постигнување конкретни резултати на терен.“ кажа министерката во експозето пред пратениците. Во 2027 година продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти преку ЈПДП поврзани со Коридорите 8 и 10д, изградбата на автопатските делници Кичево–Букојчани, Кичево–Охрид и Скопје–Блаце, подобрувањето на локалната патна инфраструктура, како и модернизацијата на железничката инфраструктура, вклучително и источниот дел на Коридорот 8 и изградбата на заедничкиот железнички граничен премин Табановце. Во 2027 година започнуваат и нови значајни инвестициски активности, меѓу кои обновата на товарниот возен парк на Железници – Транспорт, дополнителното финансирање за изградба на фискултурни сали, како и реализацијата на проектите за развој на инфраструктурата на високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во образованието продолжуваат инвестициите во реконструкција на студентските домови, изградба и реконструкција на училишта и спортски сали. Значајни се и проектите за основна дигитална инфраструктура на државата, енергетска ефикасност во јавниот сектор, модернизација на земјоделството и изградба и рехабилитација на системите за наводнување. Продолжуваат и инвестициите во комуналната и енергетската инфраструктура, изградбата на пречистителни станици и системи за управување со отпадни води, како и проектите за обновливи извори на енергија и модернизација на енергетскиот систем. Во оваа насока продолжува и реализацијата на проектот за воведување брз автобуски превоз во Скопје. Буџетскиот дефицит за 2027 година е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5% од БДП, во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година. Определбата е постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, преку подобрување на наплатата на приходите, рационализација на расходите и зголемување на ефикасноста на јавните инвестиции. Посочи дека финансирањето на буџетскиот дефицит и отплата на обврски кои што доспеваат во 2027 година ќе се обезбедува на домашниот и меѓународниот пазар. При тоа потсети дека следната година меѓу другото доспева за отплата Еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2023 година. „Не е доволно само да планираме стабилни јавни финансии – наша обврска е тие да ги претвориме во видливи резултати, развојни инвестиции и подобри услови за живот на граѓаните“ кажа Димитриеска-Кочоска. Министерката посочи дека Предлог-буџетот за 2027 година ги одразува развојните потреби и фискалните приоритети на државата, обезбедувајќи средства за редовно функционирање на институциите, исполнување на обврските кон граѓаните и поддршка на економскиот раст, со јасна определба за наменско, транспарентно и ефикасно користење на јавните средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална властПретседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Давчевски, на прес- конференција порача дека на 13 ноември 1944 година Скопје беше ослободено, а денес градот е заробен од неспособна и криминална власт на ВМРО. Тој посочи дека градоначалникот на ВМРО, Орце Ѓорѓиевски донесе нефункционалност, сообраќаен хаос, ѓубре, диви депонии и криминал. „Нефункционален град, сообраќаен хаос, ѓубре и диви депонии, криминал и глутници од кучиња скитници насекаде. Една реченица и само десетина секунди беа доволни за целосно да се опише првата година од мандатот на актуелниот градоначалник. Дваесет и деветте минути празен отчет на Орце беше само очаен обид преку партиски ПР да се покрие тоталниот распад што Скопјани го живеат секојдневно“, рече Давчевски. Претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Давчевски, посочи дека и покрај поставувањето на 3.300 нови контејнери, Скопје не е почисто. Дивите депонии се враќаат, контејнерите се преполни, а проблемот не се решава со поставување контејнери, туку со редовно собирање на отпадот. „Не е успех да се постават нови контејнери, туку отпадот редовно да се собира и градот да ни биде чист.Граѓаните чекаат автобуси,линиите не функционираат редовно, а најавите за нови автобуси и дигитални решенија сè уште не се претвораат во резултати. БРТ, за кои се обезбедени 70 милиони евра, повторно се одложила. Скопјани не можат и не заслужуваат да живеат од нови ветувања и нови рокови“, рече Давчевски. Давчевски предупреди дека по секој пообилен дожд делови од градот се соочуваат со поплавени улици и сообраќаен колапс, што е последица на недоволното одржување и отсуството на системски решенија. Запуштени се и парковите и јавните површини, а контролата на загадувачите речиси и да не постои. „Каде се 346-те проекти со кои ја барате и добивте довербата од Скопјани? Каде се ветените булевари, катни гаражи и инфраструктурните решенија? Никаде ги нема и само се бараат изговори. И додека проектите доцнат или откажуваат, се отвораат сериозни прашања за трошењето на јавните пари“, рече Давчевски. Тој додаде дека одговорноста е кај ВМРО, која со години го блокираше градот преку Советот, а денес градоначалникот се фотографира пред инфраструктурни проекти започнати од СДСМ. „Одговорноста за состојбите не може постојано да се префрла на други и се некој друг да биде виновен за состојбите во градот. Врв на лицемерие е четири години преку Советот да го блокирате градот и да ги држите Скопјани како заложници. За денес градоначалникот бескрупулозно да се слика пред мостовите Михајло Апостолски и Љубљанска и булеварот Борис Трајковски, кои ги почна СДСМ“, рече Давчевски. Давчевски нагласи дека граѓаните не бараат чуда, туку основни услови за нормално функционирање на градот – чисти улици, редовен јавен превоз, проодни улици, уредени паркови и реализација на ветените проекти. „И одговорот, за жал, е многу едноставен - не. Градоначалничката функција не е привилегија за политичка себепромоција, туку одговорност за функционирањето на градот. На Скопје и Скопјани не му требаат уште една година најави и оправдувања. Му треба градска власт што ќе работи, ќе решава проблеми и ќе испорачува резултати“, рече Давчевски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook