„Денови на Македонската култура во Белград – Допир на Македонија“ - Канал 5

„Денови на Македонската култура во Белград – Допир на Македонија“

„Денови на Македонската култура во Белград – Допир на Македонија“ свечено отворени со изложба на уметникот Тодор Јовановски

„Денови на Македонската култура во Белград – Допир на Македонија“

Во просториите на Завичајниот музеј Жарково – Музеј на град Белград, синоќа беше свечено отворена изложбата на слики од реномираниот македонски уметник Тодор Јовановски, со што официјално започна овогодинешната традиционална манифестација „Денови на Македонската култура во Белград“, под наслов „Допир на Македонија“.

Манифестацијата се одржува по 14-ти пат, во организација на здружението „Македониум“, а под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство и Министерството за култура на Република Србија.

-Изложбата на Јовановски, кој со своето уметничко творештво пренесува длабоки културни и емотивни релации со Македонија, оваа година доби и хуманитарен карактер. Уметникот ја донираше својата слика „Виолинистка“ (масло на платно, 70 x 50 см, 2016), со цел приходот од продажбата да биде наменет за помош на семејствата на пациенти од Кочани кои се лекуваат во Белград. Аукцијата е отворена до 29 мај, а на затворањето на изложбата на 30 мај ќе виде врачена на купувачот, соопштија од здружението „Македониум“.

Манифестацијата ја отворила претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, додека за творештвото на Јовановски говорел историчарот на уметноста, Здравко Вучетиќ.

Програмата на манифестацијата, како што се наведува во соопштението, продолжува со следните настани:

-9 мај, Академија 28 – Јубилеен концерт по повод 10 години од основањето на ансамблот „Македониум“, со учество на гости од Културно уметничкото друштво „Колан“, пејачките групи „Срма“ и „Луњина“, како и хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Умка. И овој настан е од хуманитарен карактер, а доброволниот билет чини 300 динари и ќе се користи за поддршка на повредените од Кочани.

-15 мај, Театар 78 – Изведба на претставата „Земјата на штрковите“ од театарот „Провокација“ од Скопје, со почеток во 19:30 часот. Претставата потоа ќе биде играна и во Јабука 16 мај, и Вршац 17 мај.

-22 мај, Градска библиотека Белград – Свечена академија по повод празникот на светите браќа Св. Кирил и Методиј, со гостување на Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик од Скопје.

-28 мај, куќа на Ѓуро Јакшиќ – Поетска вечер и портрет на поетесата Емилија Тодорова од Австралија.

-2 и 3 јуни, кино сала на Етнографскиот музеј – Филмска ревија на македонскиот режисер Љубиша Георгиевски, со избрани дела од неговиот опус, во соработка со македонската кинотека.

Оваа манифестација, која го слави македонскиот културен идентитет и го зајакнува пријателството меѓу двете држави, се додава во соопштението, се реализира и со поддршка на компаниите „Алкалоид“ и „Фудекс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со максимални температури од 34 до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. 

Сончево со максимални температури од 34 до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 38 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без струја Момин Поток, основното училиште во Петровец и ЈП Паркови и зеленило

Без електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе останат корисниците во населба Момин Поток, поточно на ул.Калош Дани, фирмите Стил Железо, Синтекс, Европа 92, сооптши РЦУК Скопје.

Без струја Момин Поток, основното училиште во Петровец и ЈП Паркови и зеленило

Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе нема објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец, а од 09.00 до 14.00 часот, главниот објект на ЈП Паркови и зеленило во општина Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 12. август 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 12. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 12. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

И да одите чекор напред па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна.

Кариера

Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски , уметнички и креативно подобрување на работата.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања.

Кариера

На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале.

Здравје и совет

Само продолжете со зададените активности.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите , ќе се побуните , а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен.

Кариера

На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање.

Здравје и совет

Имате доволно слобода , без грижа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе , а до зближувањето ве дели еден мал чекор.

Кариера

Ќе се ослободите од некаква нејаснотија , што ќе ја видите пред да ја забележат другите.Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите.

Здравје и совет

Бидете разбрани.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Оние кои се вљубени , би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом .

Кариера

Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата.Ќе успеете.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадење и пиење.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно.

Кариера

Добро ќе соработувате со сите , но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни.

Кариера

Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација.Ќе ви тргне од рака.

Здравје и совет

Можни се преоптоварувања.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор.Не изразувајте што мислите , ако тоа не можете да го промислите.

Кариера

Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите.

Здравје и совет

Добро ќе маневрирате.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат.Тоа ќе биде напредок и благо олеснување.

Кариера

Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение.

Здравје и совет

Одморете,наспијте се.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт , но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело.

Кариера

Пред вас е порака, понуда или слично , која што доаѓа од странство.Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност.

Здравје и совет

Засега анализирајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи , доколку не предложите и некои конкретни решнија.

Кариера

Верувајте дека можете подобро и повеќе.Имате право , но не треба од себе да го барате неможното.И вие сте само човек.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро ,а осамените заведуваат.

Кариера

Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефиинирани , ниту готови.

Здравје и совет

Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер