„Денови на европско Скопје" од 4 до 7 ноември - Канал 5

„Денови на европско Скопје" од 4 до 7 ноември

 „Денови на европско Скопје 2018" ќе се одржува од 4 до 7 ноември со цел на поинаков, модерен и привлечен начин  да се одбележи Денот на ослободувањето на главниот град 13 Ноември.

„Денови на европско Скопје" од 4 до 7 ноември

Соопшти денеска организаторот на четиридневната програма – Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС). Настанот ќе почне в недела во Музејот на Град Скопје со одбележување 25 години од мултимедијалниот проект „Траги" на фотографот Љупчо Илиевски, посветен на исчезнатиот раскошен лустер кој некогаш висел во Офицерскиот дом во Скопје.

Проектот опфаќа три содржини – уметничка и документарна фотографска изложба „Траги", репринт на каталогот „Око, раска и видело" на Гоце Ристовски, Тања Битољану-Плавшиќ во издание на ДКУС, и проекција на документарниот ТВ-филм „Игра на стаклените монистра" од 1993 година во продукција на МРТ. Авторот Илиевски на прес-конференција денеска рече дека се работи за возобновување на неговиот проект кој овојпат ќе вклучи и фотографии кои не биле прикажани пред 25 години.

-Изложбата ќе биде составена од 27 фотографии – две документарни и 25 авторски. Преку овој лустер доловив стотина години за предмет што веќе стана и личност. Со својата монументалност – тежок 1.050 килограми, со 176 места за светилки, изработен од чешко стакло и со многу македонски елементи, едноставно плени и не може човек да не се даде себеси и да се обиде да ги открие сите негови траги и лузни. Елементарните непогоди, како поплавата и земјотеесот во '62 и '63 година, не му можеа ништо, меѓутоа човечката глупост и негрижа можат сѐ и сешто и овој лустер веќе не постои. Можеби ова е убава пригода да се направи напор да се најде тој лустер затоа што, некако, во неговата генетика е да се губи и да се појавува, рече Илиевски.

„Денови европско Скопје 2018" на 5 ноември ќе продолжат со изложба „Архитектите за европско Скопје" во фоајето на Македонската опера и балет, организирана во соработка Архитектонскиот факултет. Учесници се студенти и магистранди кои ќе ги претстават нивните визии за европско, современо Скопје. Куратор на изложбата е проф. д-р Анета Христова-Поповска. Наредниот ден во ЕУ Инфоцентарот, пак, ќе биде отворена изложба „Младите за европско Скопје" со фотографии изработени од ученици од средните скопски училишта, за кои беше организирана и работилница. На отворањето на изложбата ќе бидат избрани и наградени најдобрите три фотографии.

Манифестацијата ќе заврши на 7 ноември со концертна акустична вечер со Влатко Стефановски насловена „Музички кулиси", на малата сцена на Македонската опера и балет.

Од ДКУС соопштија дека и идниот месец ќе продолжи конкурсот за новинарски есеј на тема „Визија за европско Скопје" на кој може да учествуваат новинари од сите медиуми во Македонија. Трудовите треба да се праќаат на [email protected]. Ќе бидат доделени три награди од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Писателот Томислав Османли повика да се пријават што повеќе трудови особено затоа што, рече, есејот е заборавен жанр во време кога доминира пишувањето политички колумни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. 

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.

Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми

Идејата за плаќање по работен час, наместо досегашниот модел на месечна плата, отвори дебата меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, но ја отвора дилемата дали со таков модел ќе има помали плати?

Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вели дека воведувањето на ваков модел би значело измени во Законот за работните односи. Пред да се донесе каква било одлука, смета дека потребно е темелно да се анализира како тој би се одразил во јавниот и во приватниот сектор.

- Од економски гледна точка, не само мое лично мислење, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати, да видиме кои се нивните анализи да направиме наши анализи. - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд

Од Конфедерацијата на слободни синдикати го поддржуваат предлогот и очекуваат растот да ги опфати сите плати.

- Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати — не само минималната, него сите плати, не само во јавниот сектор, него и сите плати во приватниот сектор.- Благоја Ралповски – претседател на КСС

Од бизнис-заедницата, од каде што потекнува иницијативата, сметаат дека плаќањето според одработените часови може да ја подобри продуктивноста, да овозможи пофлексибилна организација на работното време и да ги намали трошоците на компаниите. Според нив, работниците што поефикасно ги извршуваат задачите би имале можност да заработуваат повеќе. Од организацијата на работодавачи, нагласуваат дека се потребни јасни правила за распределбата на работните часови и пресметката на платите.

- Самиот вработен ќе рече во дадена ситуација: Јас за 4 часа овдека на ова работно место ја завршив работата. После може да отиде да доработи на друго место уште 4 и практично да земе дупла плата - Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори

-Мора на некое неделно или месечно ниво да ги има часовите што работникот треба да ги одработи за да ја земе целата плата да се задоволат.- Ангел Димитров - Организација на работодавачи

Од Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, претходно посочија дека се подготвени да го разгледаат предлогот, но бараат гаранции дека новиот модел нема да доведе до намалување на платите и дека ќе се обезбеди достоинствена вредност на работниот час.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош

На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.

Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка.

На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.

Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин.

Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош.

Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер