„Денот на Баба Марта" меѓу десет најдобри европски приказни

„Денот на Баба Марта" е создаден за поддршка на мултинационалната апликација „Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт " во УНЕСКО, со цел зачувување, презентација и популаризација на обичајот „Мартинки". 

Проектот „Денот на Баба Марта" на Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус" е избран меѓу десетте најдобри европски приказни во рамките на повикот „Приказни за европското културно наследство", поддржан од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на програмата „Европски денови на културното наследство".

„Денот на Баба Марта" е создаден за поддршка на мултинационалната апликација „Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт " во УНЕСКО, со цел зачувување, презентација и популаризација на обичајот „Мартинки". Во 2017 година мартинките беа впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО и станаа дел од светското нематеријално културно наследство, а „Хаемус" стана правен носител на ова културно добро од Македонија во УНЕСКО.

Од „Хаемус" посочуваат дека се строги условите да се биде дел од повикот „Приказни за европското културно наследство" и дека покрај многу други категории, важно е што една граѓанска организација мора претходно да има организирано барем еден голем јавен настан во последните три години.

-Тој настан е пожелно да биде координиран, евалуиран и реализиран во рамките на националната програма за „Европските денови на културното наследство". Подоцна, при аплицирањето, целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство, како дел од заедничкото – европско културно наследство, велат од „Хаемус".

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер