„Декамерон“ вечер во Драмскиот театар, во рамките на фестивалот „РУТА“ - Канал 5

„Декамерон“ вечер во Драмскиот театар, во рамките на фестивалот „РУТА“

Претставата „Декамерон“ ќе биде изведена вечерва на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во рамките на фестивалот „РУТА“.

„Декамерон“ вечер во Драмскиот театар, во рамките на фестивалот „РУТА“

Главниот мотив на претставата, како што изјави на денешната прес-конференција режисерот Дејан Пројковски, е потрагата на човекот по неговата лична слобода.

Улогите ги толкуваат Милош Пејовиќ. Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ, Стефан Вуковиќ, Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ и Драгиша Вељковиќ. Драматург е Стеван Копривиц.

-„Декамерон“ уште во периодот кога го пишувал Бокачо, зборува за периодот на големата чума во Фиренца. Според тоа, појдовната точка како мотивација за нас беше да се направи една претстава преку која ќе се создаде паралела со изминатите неколку години, поточно со времето на короната и со затвореноста. Се обидовме да навлеземе во светот на Декамерон и на Бокачо, каде што всушност главната тема е човековата слобода, поточно личната слобода. Самиот човек е стегнат од мрачните, општествените и религиски норми, рече Пројковски.

Тој потенцираше дека главниот мотив во претставата е обидот на човекот на биде слободен. Ликовите во претставата го бараат одговорот на личната слобода преку духовити и апсурдни ситуации.

-Постојат многу работи кои што човек не ги бира на денот на своето раѓање, туку тие некако доаѓаат како наследство од семејството, средината и општеството. Всушност, периодот на Декамерон, на Бокачо и воопшто во уметноста, е кога човекот се обидува да биде слободен, барајќи ја личната слобода и тоа беше мотив за нашата претстава. Всушност, постои една група на луѓе кои додека трае чумата се затворени во едно место и се изолирани, при што почнуваат да раскажуваат приказни, да разигруваат. Преку тоа разигрување, се обидуваат да ја редефинираат смислата на нивното постоење и барајќи го одговорот на личната слобода преку навистина духовити и апсурдни ситуации, рече Пројковски.

Драматургот Стеван Копривица на прес-конференцијата рече дека имал одлична соработка со Дејан Пројковски и со ансамблот, а самата претстава има комедиски привид, но со сериозно значење.

-Интересот на публиката, но и на културната јавност која имаше можност да ја види претставата за време на премиерата во Ниш е голем и засега навистина афирмативен. Во следните денови ќе има премиера и во Подгорица. Се надеваме дека ќе имаме можност да ја играме претставата и во регионот. Претставата има сериозно значење во смисла на ограничување на човечката слобода, посочи Копривица.

Актерот Душан Ковачевиќ посочи дека искуството и талентот кое го имаат и режисерот и драматургот е драгоцено.

-Уште од самиот почеток знаев дека со тандемот Дејан и Стеван ќе се создаде квалитетен производ. Во тоа немав сомнеж затоа што и двајцата многу пати се докажаа дека кога ќе почнат да работат на нешто, па дури и тоа нешто привидно да изгледа невозможно во продукциска смисла, сепак нивното искуство и талентот што го носат со себе е навистина драгоцено и е сместено во оваа претстава, рече Ковачевиќ на прес-конференцијата.

Актерот Милош Пејовиќ потенцираше дека соработката со режисерот била интензивна, со оглед на тоа што немале многу време за подготовка. Уште на почетокот, како што рече на прес-конференцијата, самата претстава е едно интензивно доживување.

Актерката Сања Крстовиќ на прес-конференцијата напомена дека уште на самите подготовки за претставата можеше да се забележи размена на нови енерги, нови начини на работа и на нови видувања.

Претставата е копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Есенски ритуали за привлекување пари

ловоров лист, цимет и желади за изобилство и финансиска среќа – Еве и како!

​Есенски ритуали за привлекување пари

Една од овие работи се чува во паричник, а друга покрај врата.

Есента традиционално се поврзува со жетвата, плодовите и собирањето на сè што во текот на годината било посеано. Затоа според различни народни обичаи, овој период се смета како погоден за мали ритуали кои симболично ја претставуваат желбата за успех и благосостојба.

Ниеден ритуал не може да ја замени работата, штедењето и одговорното управување со парите, овие обичаи може да послужат само како симболичен потсетник за новиот почеток, да воведеме повеќе ред во финансиите и да размислуваме за своите цели.

Ловоров лист во паричник

Со векови ловоровиот лист е симбол на победата и благосостојбата, тој се поврзува со бројни верувања за привлекување пари и среќа.

Според еден од обичаите, потребно е во паричникот да носите сув неоштетен ловоров лист, на тој начин симболично ќе ве потсетува повнимателно да располагате со она што го имате. Ако листот стане кршлив или се распадне, се заменува со нов.

Цимет на влезната врата

Во различни традиции, циметот се поврзува со изобилство, топлина и напредок, а неговиот мирис особено одговара на есенската атмосфера. Малку цимет може да ставите во украсна чинија покрај влезната врата или да го вклопите во есенска декорација со суво лисје, шишарки и ореви. Според народните верувања, влезот е местото преку кое новите прилики влегуваат во домот, па циметот се користи како симбол за просперитет и позитивна енергија.

Желад или монета како симбол за изобилство

Желадот е карактеристичен симбол на есента, а според некои стари европски верувања се поврзува со силата, среќата и напредокот. Неоштетен желад може да се чува во чантата, или на работната маса. Оние што сакаат поедноставна варијанта, постои обичај да чуваат монета што нема да ја трошат, туку ќе има симболична улога во паричникот.

Извор:srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Француска недела“!

Еве зошто еден ден во неделата треба да престанете да бидете продуктивни!

„Француска недела“!

Дури и кога одмораме честопати во главата ни се врти сè што треба да направиме.

За многумина, недела е сè само не ден за одмор. Чистење, купување, завршување останати работи, размислување за тоа што ги чека од понеделник. На социјалните мрежи се шири тренд наречен “French Sunday” или „француска недела“, инспириран од француската традиција за неделен одмор. Модерната верзија на „француската недела“, нема строги правила: може да спиете подолго, да отидете на ручек со пријателите, да читате, шетате или едноставно, да го правите она во што уживате.

Психотерапевтот Алексис Вербин предупредува дека многу луѓе – особено оние склони кон перфекционизам – никогаш вистински не го „исклучуваат“ мозокот. Викендите им се исполнети со домашни обврски, електронски пораки, семејни задолженија и бескрајни списоци со задачи, па затоа ја започнуваат неделата исто толку исцрпени како што ја завршиле во петокот.

Дури и кога одмараме, честопати во мислите ги листаме обврските што нè чекаат. Терапевтот Х. Џ. Чо објаснува дека оваа состојба повеќе наликува на постојана, блага готовност отколку на вистински одмор. Ако во текот на неделата никогаш навистина не ги оставиме обврските настрана, новата работна недела може да се доживее како нивно обично продолжение. „Француската недела“ може да им помогне и на оние што чувствуваат страв од неделата – односно анксиозност и непријатност поради тоа што се ближи понеделник. Целта не е целосно да се елиминира грижата за претстојната работна недела, туку да се спречи таа да го окупира целиот слободен ден.

Но, што ако не можете да си дозволите цел ден без обврски? Вербин предлага да започнете со два или три часа во кои немате никакви планови. Исклучете ги пораките поврзани со работа и не го претворајте слободното време во проект за „самоусовршување“. Не мора дури ни да лежите на каучот. Прошетајте без да ги броите чекорите, појадувајте на раат, читајте за задоволство, јавете му се на некој стар пријател или направете нешто што не носи мерлив резултат. Идејата е да изберете активност што ви носи радост или релаксација, наместо таква што ви овозможува само да штиклирате уште една ставка од списокот со обврски. За многумина, ова можеби е и најтешкиот дел од овој тренд: да се прифати дека одморот не е нешто што прво мора да се заслужи. Парадоксално, стручните лица истакнуваат дека паузата од постојаната продуктивност може да ни помогне да се вратиме на работа чувствувајќи се поодморени, пофокусирани и потрпеливи.

Извор: vecernji.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трансродна полицајка силувала малолетна ќерка на својата пријателка- во телефонот ѝ пронашле ужасна снимка со куче (ВИДЕО)

Во затворскиот систем обвинетиот се третира како маж, додека на суд се изјаснува и се јавува како жена. 

Трансродна полицајка силувала малолетна ќерка на својата пријателка- во телефонот ѝ пронашле ужасна снимка со куче (ВИДЕО)

Без разлика, обвинувањата против неа се многу сериозни, а обвинетата ги признала, пишува порталот t-online.de.

Пред провинцискиот суд во Траунштајн, поранешната полицајка призна дека силувала 15-годишно девојче. Признанието е дадено во вторник, на почетокот на судењето, зад затворени врати, соопшти портпаролот на судот.

Пред тоа обвинителството и одбраната постигнаа договор. Под услов обвинетата целосно да ја признае вината, се соочува со затворска казна од најмногу три и пол години. Целта на договорот е, меѓу другото, да се поштеди малолетната жртва од сведочење на суд.

Случајот привлече дополнително внимание бидејќи 55-годишната обвинета се појавува во судот како жена и во обвинението е наведена од женски пол, додека е во притвор во машкиот оддел во затворот во Минхен.

Таа била член на елитната полициска единица

Според германските медиуми, 55-годишната жена долго време живеела како маж и како таква била припадничка на елитната единица ГСГ 9. Подоцна почнала да живее како жена, користела женски идентитет и почнала со хормонска терапија. Двајца психолошки експерти наводно потврдиле дека таа се идентификува како жена.

Првите проблеми со законот станаа познати во 2024 година. При претресот кај неа беа пронајдени материјали со сексуална содржина во која се вклучени деца и животни. После тоа била суспендирана од полициската служба и парична казна.

Само неколку недели по пресудата, во јули 2025 година, се случи случајот за кој сега ѝ се суди. Жртвата е ќерка на нејзина пријателка.

Пронајдени се стотици спорни датотеки

Таа беше обвинета и за поседување на неколку стотици досиеја со сексуална содржина во која се вклучени деца. Според обвинението, меѓу жртвите имало и многу мали деца.

Покрај тоа, таа се товари и за телесни повреди, дистрибуција на порнографски содржини и производство на порнографски материјали во кои се вклучени животни. Инспекторите наведуваат и дека таа снимила видеа на кои се појавува со повеќе сексуални партнери и куче.

Според германскиот портал Chiemgau24, во моментот на злосторството, обвинетата се уште имала машки полови карактеристики. Судот во Траунштајн не сакаше да објави детали за нејзиниот моментален статус во процесот на транзиција, наведувајќи ја приватноста и заштитата на личните податоци.

Адвокатот тврди дека ѝ е тешко во машкиот дел од затворот

Според нејзиниот адвокат, обвинетата тешко го поднесува фактот што е во притвор со мажи. Тој за Билд изјави дека, меѓу другото, била фрлена врз неа за време на нејзиниот престој на отворено и дека телесни прегледи вршеле мажи полицајци.

Судењето продолжува, а пресудата доколку се прифати постигнатиот договор би можела да биде изречена на 6 октомври.

Еден од условите за примена на договорениот казнен опсег, покрај признанието на поранешната полицајка, е и договор меѓу сторителот и жртвата. На малолетното девојче треба да и се обезбеди мотор и 5.000 евра, додека обвинетата треба целосно да ја плати казната изречена во јули 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер