Култура„Дамар на слободата“ концерт во Македонската филхармонија„Дамар на слободата“ е насловен концертот што ќе се одржи вечер во Македонската филхармонија на кој како солисти ќе настапат двајца македонски пијанисти – Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари. На програмата се „Свечена увертира“ од Дмитри Шостакович, Концертот за две пијана и оркестар во де-мол од Франсис Пуланк и „Енигма варијации“ од Едвард Елгар. Концертот ќе го води маестро Конрад ван Алфен од Холанија. Конрад ван Алфен е „инспиративен диригент што прави нештата да се случуваат“, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Неговите соработки со Рускиот национален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден 1963 година во Преторија. По завршувањето на музичките студии на 26-годишна возраст, се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање, под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи. Анастасија Грговска своето музичко образование го започнува во Куманово, каде што е родена, во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Во 2013 година дипломира со cum laude на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска. Добитничка е на голем број награди и признанија на државни и на меѓународни натпревари. Зад себе има бројни солистички концерти во Куманово, Скопје, Велес, Прокупље, концерти со камерни состави и настапи на реномирани фестивали како „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“ и „Есенски музички свечености“. Во 2009 година настапува како солист со Камерниот оркестар на град Перник, во Бугарија, а во 2013 и 2017 година како солист со Македонската филхармонија во Скопје. Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски“ во 2014 година, a добитничка е и на Гран-при за 2021 година што ја доделува Одборот на Фондацијата. Дел е од Камерното дуо „Дистанца“ со пијанистката Бриџида Мијоре од Италија. Активно се занимава со педагогија и корепетиција. Во август 2024 година, како пијано-дуо со пијанистот Шкељзен Бафтиари настапува на фестивалот „Охридско лето“, одбележувајќи јубилеи на македонските композитори Зографски и Тошевски. Се надоградува на семинари со познати светски имиња од класичната музичка сцена како: Х. Холтман, Германија, Ј. Кот, Украина, Н. Трул, Русија, А. Диев, Русија, Ж. Захариева, Бугарија, А. Гиндин, Русија, Ф. Турисини, Италија, Г. Грузман, Германија, Љ. Гашпарови, Хрватска. Магистрира со највисока оценка на Руската музичка академија „Гњесин“ во Москва, во класата на проф. Јулија В. Фјодорова, кадешто како редовен студент бележи настапи на концерти на класата и во камерни ансамбли. Шкељзен Бафтиари дипломирал со cum laude на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов и завршил постдипломски студии со cum laude, во класата на светски познатиот пијанист Симон Трпчески, со кој сѐ уште има добра соработка. Основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „ИлијаНиколовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Људмила Романова. Пијано почнува да учи на 10-годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ„Тодор Скаловски-Тетоец“ во Тетово. Добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград. Одржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина, Тирана, Софија, Охрид. Настапувал на неколку фестивали како „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“, „ДАМ“, „Шопен пијано фест“, „Косово камерфест“, „РеМузика“, „Сцена на албанската сериозна музика“. Соработувал со познати диригенти и инструменталисти како Симон Трпчески, Шкељзен Доли, Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Дерек Хан, Саша Николовски-Ѓумар, Борјан Цанев, Томас Херцог итн. Настапувал како солист со Лондон сити филхармоник, Македонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Косовската филхармонија и Симфонискиот оркестар на Албанската РТВ. Покрај поголемиот број снимки за радио и за ТВ, редовно учествувал на семинарите под раководство на проф. Борис Романов што се одржувале секоја година во Охрид.Тагови: Македонската филхармонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаРешена е мистеријата на радио сигналите од вселената, кои се емитуваат на секои 8 минутиНаучниците од Универзитетот Куртин и Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR) поврзаа мистериозни радио-сигнали со необичен пар ѕвезди .Научниците од Универзитетот Куртин и Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR) поврзаа мистериозни радио-сигнали со необичен пар ѕвезди - мртва ѕвезда што ротира околу својата оска на секои осум минути и ѕвезда слична на нашето Сонце, соопшти Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR), објави списанието Nature. Новооткриениот систем, познат како GPM J071507−114153, се состои од две ѕвезди што орбитираат една околу друга: бело џуџе - густото јадро што останува по смртта на ѕвездата - и ѕвезда од типот G, слична на нашето Сонце. Ова е прв пат радио-сигнали да бидат откриени од бело џуџе што орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето. Ваквите сигнали обично се гледаат во системи со помали, постудени ѕвезди - црвени џуџиња, што значи дека откритието отвора сосема ново поглавје во истражувањето на вселената. Овие ѕвездени парови припаѓаат на поширока класа на објекти познати како долгопериодични транзиенти (LPT), кои произведуваат радио-сигнали што се вклучуваат и исклучуваат во интервали од минути до часови. Откако истиот тим на ICRAR го откри првиот таков објект во 2021 година, откриени се уште десетици, а астрономите сè уште работат на нивно разбирање. Иако неколку претходно откриени LPT системи содржат бело џуџе и друга ѕвезда, не е јасно која од двете ѕвезди ги произведува радио импулсите. „Ова е прв пат импулсите да се доволно јасни за да се види како белото џуџе се движи во својата орбита околу својот придружник, па затоа знаеме дека пулсациите доаѓаат од регион близу до белото џуџе, или можеби дури и од самото бело џуџе“, рече д-р Сем МекСвини, главен автор на студијата и научник задолжен за Опсерваторијата Square Kilometre Array (SKAO), кој го направи откритието додека работеше како истражувач во филијалата на ICRAR на Универзитетот Куртин, од каде објавија ВИДЕО од феноменот. Тимот обработи повеќе од 100 часа радио податоци во Истражувачкиот центар за суперкомпјутери „Пози“ за да го потврди и разбере движењето на белото џуџе. Професорката Наташа Харли-Вокер, коавторка на трудот, изјави дека пулсирањата емитирани од белото џуџе му овозможиле на тимот да детектира ѕвездени пламени на ѕвездата слична на Сонцето, слични на оние што создаваат аурори овде на Земјата. „Како бонус, го видовме и белото џуџе како се движи зад област со силно магнетно поле, најверојатно „ѕвездена истакнатост“, што е голема јамка на плазма што излегува од површината на ѕвездата. Неверојатно е што можеме да детектираме бури на ѕвезда оддалечена повеќе од 5.000 светлосни години користејќи радио бранови“, рече таа. Истражувачите на ICRAR се во првите редови во откривањето на овие ретки системи. „Го откривме овој систем во големо истражување на небото користејќи го Murchison Widefield Array (MWA), скенирајќи го целиот Млечен Пат видлив од Австралија. Потоа го користевме радиотелескопот MeerKAT во Јужна Африка за да ја одредиме неговата прецизна позиција“, рече Харли-Вокер. Откако LPT беше лоциран со радиотелескоп, опсерваторијата W. M. Keck на Мауна Кеа, Хаваи, ја потврди нејзината поврзаност со ѕвезда од тип G со оптички набљудувања. И MWA – управувана од Универзитетот Curtin во објектот Inyarrimanha Ilgari Bundara, опсерваторијата за радио астрономија Murchison на CSIRO на земјиштето Wajarri Yamaji во Западна Австралија – и MeerKAT, изградена и управувана од Јужноафриканската радио астрономска опсерваторија во покраината Северен Кејп во таа земја, служат како претходници на телескопите SKA: системот SKA-Low во Австралија и системот SKA-Mid во Јужна Африка, соодветно. „Ако веќе правиме вакви откритија со телескопите-претходници, само замислете колку уште ѕвездени системи ќе можеме да најдеме и каков прекрасен детален поглед на нивните сигнали ќе имаме кога телескопите SKAO ќе бидат целосно изградени“, рече д-р МекСвини.Тагови: вселената радио сигнали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама во САД: Танкер удри во туристички брод, патниците скокнаа во реката Мисисипи (ВИДЕО)Голем танкер денеска се судри со туристички брод на реката Мисисипи во Њу Орлеанс, САД.На бродот имало околу 129 патници и членови на екипажот, а по судирот почнал да тоне. Започната е голема спасувачка операција, а снимките од местото на несреќата покажуваат луѓе во вода. Несреќата се случила околу 12:30 часот по локално време, недалеку од мостот Кресент Сити Конекшн. Танкерот „Атлантик Асфалт“ удрил во туристичкиот брод „Американ Херитиџ“, кој во тој момент бил закотвен на брегот. Watch the moment a tanker struck a cruise ship in New Orleans. Rescues are underway. 📷: Kern Studios https://t.co/ZPspGtM0Yr https://t.co/O1qGr8kImf — wdsu (@wdsu) November 13, 2026 Бродот се навалил по ударот и почнал да тоне Снимките што се појавија на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога многу поголем танкер се судри со туристички брод со препознатливо големо тркало на крмата. По судирот, бродот се навалил силно на страна, а дел од трупот завршил под вода. Снимките покажуваат луѓе кои носат елеци за спасување во реката, додека други се држат за оградата на бродот. Според првичните информации, „Американ Херитиџ“ се закотвил во пристаништето приближно два часа пред несреќата, а патниците се подготвувале да се симнат од него. Rescues are underway in New Orleans after a tanker struck a cruise ship on the Mississippi River Friday evening. 📷: Kern Studios https://t.co/ZPspGtM0Yr https://t.co/30fn83oHVS — wdsu (@wdsu) November 13, 2026 Голема спасувачка операција На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, полиција, брза помош, пристанишна полиција и крајбрежна стража на САД. Поручникот Стефани Ц. Норвуд од Службата за итна медицинска помош на Њу Орлеанс потврди дека сите релевантни служби се вклучени во спасувачката операција. Пристанишните власти објавија дека нивниот моментален приоритет е безбедноста на патниците, членовите на екипажот и спасувачките екипи. Според првичните извештаи, спасените патници се транспортираат до зградата на пристанишната администрација, каде што добиваат медицинска помош. View this post on Instagram A post shared by WDSU (@wdsu6) Причината за судирот сè уште не е позната Сè уште нема официјално потврдени информации за бројот на повредени или евентуално исчезнати лица. Според неофицијалните информации што ги објавија американските медиуми, танкерот можеби останал без струја пред судирот. Надлежните служби сè уште не ги потврдиле овие информации. Американските власти ја продолжуваат спасувачката операција и ги утврдуваат околностите на судирот.Тагови: брод Мисисипи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОд детска кавга до вооружена престрелка- тројца загинати, меѓу кои двајца браќа (ВИДЕО)Три лица загинаа денеска кога тепачка меѓу деца стана смртоносна во пакистанскиот град Фатех Џанг, во близина на Аток.Престрелката се случила во населбата Наи Абади, каде што расправија меѓу децата довела до тепачка меѓу возрасни членови на семејството, објави 24NewsHD. За време на тепачката, еден од мажите извадил пиштол и отворил оган. Тројцата лица починале на самото место. Жртвите се идентификувани како Самад (28), Саџид (35) и Амир Азиз (55). Самад и Саџид биле браќа. Телата на жртвите биле однесени во болницата Техсил во Фатех Џанг, а полицијата веднаш се упатила на местото на настанот по добивањето на пријавата. Според полицијата, осомничениот избегал и се водат рации на различни локации за да се уапси. Children’s Fight Turns Deadly as Three People Are Shot Dead in Fateh Jang CLICK HERE: https://t.co/3ZeI0d8y3w #ChildrenFight #Deadly #ThreePeople #ShotDead #FatehJang #TTI https://t.co/38ntrVIVRx — The Truth International (@ttimagazine) November 13, 2026 Главниот министер на Пенџаб, покраинскиот генерален инспектор на полицијата и регионалниот командант на полицијата во Равалпинди се информирани за инцидентот и презеле мерки. Командантот на регионалната полиција им наредил на високите полициски службеници веднаш да излезат на местото на настанот и да започнат сеопфатна и транспарентна истрага за да го изведат сторителот пред лицето на правдата. Тагови: браќата престрелка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20