„Да се истрае во кругот“ - изложба на групата МОМИ

Во салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар-КИЦ, вечер ќе биде отворена изложба „Да се истрае во кругот“ на уметничката група МОМИ.

Групата е составена од седум авторки: Зорица Зафировска, Христина Зафировска, Ана Ивановска, Маја Кировска, Татјана Ристовска, Марија Сотировска и Кристина Хаџиева.

Симболиката на кругот е главeн елемент на интерес, а неговата формална геометриска појавност е само појдовен елемент врз кој се надградува приказната на секоја авторка одделно.

- Со изборот на темата „Да се истрае во кругот“, односно кругот како елемент со изразени симболични значења (геометриски, онтолошки, космолошки, еротски, општествени), авторките од МОМИ нудат свои толкувања на универзалните теми како што се вечните циклични движења, раѓањето, промените, истакнува Маја Чанкуловска-Михајловска, куратор на проектот. Изложбата ќе биде отворена до 6 октомври. /МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

Пронајдени мигранти од Ирак и Турција

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

притисни ентер