Заедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство
1Заедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
2Во изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилство
Живот„Цунами“ на десницата во ЕвропаНиз Европа, национал-конзервативните партии победија на неодамнешните избори, додека нивната популарност во анкетите се зголемува.Индекс - Загреб Низ Европа, национал-конзервативните партии победија на неодамнешните избори, додека нивната популарност во анкетите се зголемува. Незадоволните гласачи им приоѓаат во голем број, а некои либерални набљудувачи веќе зборуваат за „цунами на десницата“ во Европа. Со години, естаблишментот се обидуваше да ги спречи десничарските партии да дојдат на власт - работите сега се менуваат, пишува германскиот новинар Дитер Штајн во едиторијал за „Американ Конзерватив“. Во Италија, десничарската влада е на власт од минатата есен, додека партиите на десницата се во по низ целиот континент, од Германија, Франција и Шпанија, преку скандинавските земји до Централна и Источна Европа. Политиката на формирање „санитарен кордон“ околу нив, за да се спречи да дојдат на власт, е пред пукање. Главната причина за подемот на десницата во Европа е незадоволството од имиграциската политика, како и растот на цените. Мнозинството десничарски партии се скептични кон Европската Унија, но нивните ставови за надворешната политика често се разликуваат - ставовите кон Русија и Украина доведоа до поделба, според германскиот новинар. Германија - најживописниот пример за јакнење на десницата Веројатно највпечатлив раст на десницата е забележан во Германија, каде до пред десет години немаше политичка опција десно од Демохристијанската партија (ЦДУ) на тогашната канцеларка Ангела Меркел. Нејзината одлука да се сврти кон лево, а особено да прифати повеќе од милион имигранти од Блискиот Исток, доведе до пад на популарноста на нејзината партија и создаде простор за лансирање на нова политичка опција. Тој вакуум го пополни Алтернатива за Германија (АфД), основана во 2013 година, која и покрај тоа што беше на удар на сите други партии, успеа да постигне добар изборен резултат и да влезе во германскиот Бундестаг. АфД ја искористи кризата во Германија за да дојде на второто место во анкетите, со поддршка од околу 20 отсто од гласачите, во време кога четири петини од нив сметаат дека владата на канцеларот Олаф Солац не ја врши добро работата. Зајакнувањето на десницата предизвика хистерија кај другите партии. Тие „за малку ќе доживеале мозочен удар“ откако АфД победи на изборите во областа Зоненберг, на истокот на Земјата, пишува Штајн, додека германските разузнавачки служби ги набљудуваат за „можен екстремизам“. Стигматизацијата од страна на функционерите, сепак, стана тапо оружје - на гласачите веќе не им е грижа што ќе кажат. ЦДУ сега е во тешка позиција. Тие порачаа дека ќе го почитуваат „санитарниот кордон“ и дека нема да соработуваат со десницата. Сепак, таквата политика е сè потешко да се одржи, особено на територијата на поранешна Источна Германија, каде што АфД ужива поддршка од една четвртина, а можеби дури и една третина од сите гласачи. Десницата станува сè поприфатлива Стратегијата за исклучување на десничарските партии е осудена на неуспех пред политичката реалност. Кога една партија во демократски систем ќе стане доволно популарна, невозможно е целосно да се исклучи од процесот на носење закони, вклучително и самата извршна власт. Тоа можеме да го видиме во Франција. Истражувањата покажуваат дека Марин Ле Пен денес е најпопуларниот политичар во таа земја, пред претседателот Емануел Макрон, кој често се доживува како елитист, премногу оддалечен од обичниот човек. Франција сега се соочува со насилство и немири во предградијата, каде живеат претежно имигранти од африканско и арапско потекло. Расни немири неодамна избија во Париз, Марсеј, Лион и други места низ земјата, посочува германскиот новинар. Насилството и анархијата на улиците покажуваат дека Марин Ле Пен е во право кога вели дека има огромни проблеми со имиграциската и интеграциската политика. Во време на широко распространет песимизам, Ле Пен би можела да победи на следните избори. Обидите за „изолирање“ на десницата не успеаја ниту во Шведска, каде што по повеќегодишни војни меѓу имигрантските нарко бандите со речиси секојдневни пукотници и експлозии, гласачите незадоволни од меките закони за имиграција ја поддржаа партијата Шведски демократи. Како што станаа поприфатливи за другите партии, тие ја омекнаа својата реторика и програма - што доведе до пробивање на „санитарниот кордон“. Тие направија значаен исчекор на минатогодишните избори, а актуелната власт зависи од нивната поддршка во парламентот. Слична ситуација се случи и во блиската Финска, каде што десничарската Партија на Финците минатиот месец стана дел од владејачката коалиција. Најголемиот успех несомнено го постигна актуелната италијанска премиерка и претседателка на партијата „Браќа на Италија“, Џорџа Мелони, која минатата есен стана првата жена на чело на италијанската влада и оттогаш води изненадувачки стабилна коалиција. Иако левицата се обидува да ја оцрни како „постфашист“, паметната, издржлива и шармантна Мелони стекна голема популарност поради нејзината борба против „воук“ (освестената) идеологија, нивните идеи за социјален инженеринг и ЛГБТ пропаганда, според Стајн. Нејзината партија е убедливо најпопуларна во Италија денес, а нејзината влада го комбинира традиционалниот конзерватизам со построг став за илегалната миграција. Неодамнешната одлука на ЕУ да ја зајакне борбата против илегалната миграција во Медитеранот покажува промени во консензусот - она што порано беше барање на „екстремната десница“ сега е нормално. Шпанија е најновиот пример на земја која може да сврти надесно. Конзервативната Народна партија (ПП) победи на неодамнешните регионални избори, додека десничарската партија Вокс, основана во 2013 година, го зголеми бројот на пратеници во регионалните парламенти. Социјалистичкиот премиер на Шпанија, Педро Санчез, беше принуден да распише предвремени избори, а победата на десницата и коалицијата на ПП и Вокс денес изгледа како многу реален исход. Иако левицата ги обвинува дека „воделе политика од времето на диктатурата на Франциско Франко“, „Вокс“ сега стана општествено прифатлива и трета најпопуларна партија во Шпанија. Што го спречува единството на европската десница? Сите овие примери укажуваат на раѓање на нова, „конзервативна“ или „десничарска интернационала“. Ова стана особено впечатливо за време на Конзервативната акциона политичка конференција (CPAC), одржана во Будимпешта во мај. На неа присуствуваа повеќе од 600 конзервативци од Европа и Северна Америка, кои дојдоа во главниот град на Унгарија за да најдат заеднички јазик, наведува авторот на текстот. Унгарскиот премиер ја отвори конференцијата со говор насловен „Не за миграцијата, не за родот (родова идеологија), не за војната“. Постои консензус за европската десница кога станува збор за противењето на масовната миграција и „родовата идеологија“. Сепак, што точно би значело „не за војната“ остана нејасно. Орбан не прецизираше како ќе го заврши конфликтот во Украина, а ова е едно од клучните семиња на раздор што во моментов го спречува формирањето на вистинска „десничарска интернационала“. Партиите на европската десница не успеаја да формираат единствена групација во Европскиот парламент, туку беа поделени на две (понекогаш и скарани) фракции: Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Идентитет и демократија (ИД). Тука е и Фидес на Орбан, кој не е во ниту една група откако беше исклучен од Европската народна партија (ЕПП) во 2019 година. Сите овие партии се против формирањето на европска супердржава која би ги заменила националните држави, но и социјалниот инженеринг што го спроведува левицата. Обединети, тие би можеле да станат втора по големина партија во Европскиот парламент, само зад ЕПП. Сепак, според Стајн, ваквото единство е малку веројатно. Има големи несогласувања меѓу овие страни, а во моментов тие се највидливи кога е во прашање конфликтот во Украина. Некои десничарски партии се цврсто посветени на НАТО и го следат американското раководство во надворешната политика. Полската владејачка партија ПиС, која се залага за вооружување на Украина во борбата против Русија, е најдобар пример. Од друга страна, унгарскиот премиер Виктор Орбан одбива да обезбеди отворена поддршка за Украина, во која го следат партии како што е германската АфД, кои стравуваат дека тоа ќе доведе до ескалација на конфликтот и ќе ја вовлече Европа во војна, вели германскиот новинар. Некои струи на десницата, исто така, имаат отворени симпатии кон Русија, а многу од нив веруваат дека поддршката за Украина стана премногу тесно поврзана со „воук“ и глобалистичката идеологија на администрацијата на Бајден. Ова особено е нагласено во Германија, каде либералните зелени „пацифисти“ станаа највоинствената партија во земјата. Меѓутоа, доколку десничарските партии кои се противат на НАТО сакаат да станат посериозни играчи на политичката сцена, ќе мора да развијат поконкретна одбранбена политика, како и да најдат одговор на прашањето како Европа ќе се брани ако го напушти американскиот „одбранбен чадор“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЗаедничка превентивно-едукативна активност на МВР и РСБСП по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиВо рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали.Денеска (15.11.2026), во Скопје, кај фонтаната во Градскиот парк, полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), реализираа заедничка превентивно-едукативна активност за подигнување на свеста и унапредување на безбедноста во сообраќајот, во знак на одбележување на „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“. Активноста беше насочена кон подигнување на свеста за значењето на одговорното и совесно учество во сообраќајот, унапредување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата, под мотото: „Заедно, со одговорно однесување во сообраќајот, да придонесеме за патишта без жртви!“ Во рамки на активноста, на граѓаните им беа поделени едукативни материјали – летоци со превентивни пораки и апел за одговорно учество во сообраќајот, со посебен акцент на почитувањето на сообраќајните правила и прописи и грижата за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Дополнително, беше упатен потсетник дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, како и апел до возачите за прилагодување на брзината и начинот на управување со возилото согласно временските услови и состојбата на патиштата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо изминатото деноноќие, на територијата на целата држава регистрирани се 15 пријави за семејно насилствоНа 15.11.2026 во 05:05 часот на ул. „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.На 15.11.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Г.С.(54) од пробиштипско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга. На 15.11.2026 во 04:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.Х. (32) од гостиварско, по претходна пријава дека во 03:10 часот дека околу 00.30 часот во нејзиниот стан физички ја нападнал неговата поранешна 25-годишна девојка од Турција, со привремен престој во Гостивар. На 14.11.2026 во 09:45 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.С.(59) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неговата 91-годишна мајка, а на неговиот 63-годишен брат му упатувал закани. На 14.11.2026 во 18:45 часот полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода М.О.(37) од гостиварско, по претходна пријава дека во 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 17:50 часот на ул. „Јордан Јорданоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(56) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека упатувала закани на неговиот 31-годишен син В.Б. (31) од гостиварско. На 14.11.2026 во 16:50 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.Р.(42) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.М.(62) од струмичко, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 53-годишна сопруга. На 14.11.2026 во 14:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 33-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен поранешен невенчан сопруг дека физички го нападнала. Подоцна, и таа пријавила дека била физички нападната од него. На 14.11.2026 во 17:55 часот на ул. „15 Kорпус“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода е В.Б.(34) од Скопје, со престој во Охрид, по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата девојка. На 14.11.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко. На 14.11.2026 во 15:20 часот полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.И.(65) од Скопје, по претходна пријава во 13:30 часот, поради тоа што на 13.11.2026 околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 62-годишна сопруга. Според пријавеното, таа ѝ претходно била физички нападната од истиот. На 14.11.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека ноќта околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг Н.К.(50) од Скопје, со кого се во бракоразводна постапка, физички го нападнал нивниот 16-годишен син. На 14.11.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 14:40 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош во Скопје, на него и на неговата 42-годишна сопруга им биле упатувани закани од нивниот 18-годишен син Д.С. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговата 36-годишна сопруга Б.Д., која фрлала кон него разни предмети и употребила тврд предмет. Според пријавеното, истата се обидела да ја нападне и нејзината свекрва. По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Министерство за внатрешни работи упатува апел до граѓаните да не го премолчуваат семејното насилство и навремено да го пријавуваат секој случај. Секој што е жртва на семејно насилство, но и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство, може да пријави во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДиректно предупредување: Америка ја чека брутален одговор„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна. Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним. „Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи. Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“. Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“. „Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани. Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.Тагови: Америка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55