Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
2Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
1Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
3„Беше пеколна година“- четворица астронаути излегоа од изолацијата по 378 дена живот како на Марс (ВИДЕО)
Живот„Црната вдовица“ од Јапонија со години ги убивала своите љубовници, ја чека смртна казнаВо 2013 година, Исао Какехи (75) бил во добра здравствена состојба и заљубен во Чисако Какехи, тогаш 67- годишна, со која се запознал преку агенција за состаноци.По два месеци парот се венча и живееле заедно, многумина би рекле идиличен живот, во градот Муку, во регионот Кјото. Фаталнаста вечер подготвиле традиционални колачиња со ориз. За жал, Исао не ја доживеал новата година бидејќи на 28 декември стана четвртата и последна жртва на јапонската Црна вдовица, пишува Си -Ен –Ен. Денес, 74-годишната жена е осудена за убиство на тројца партнери и обид за убиство на четвртиот. Таа ги започнала убиствата во 2007 година, кога имала 61 година. Била уапсена дури во 2014 година. Во 2017 година, таа била осудена на смрт по едно од најдолгите судења во историјата на Јапонија. Жалбата против пресудата е одбиена во јуни оваа година. „Таа користеше агенции за состанување за да стапи во контакт со постарите жртви и, откако ќе ја добие нивната доверба, ќе ги отруеше“, рече судијата во нејзиниот случај. Таа го склучила својот прв брак во 1969 година, на 23 -годишна возраст, а нејзиниот сопруг починал во 1994 година по болест. Таа била вдовица до 2007 година, кога влегла во врска со 78-годишниот Тошиако Суехир. На 18 декември истата година, на ручекот со неговите деца, таа му дала таблета цијанид. По само 15 минути, тој колабирал, а кога пристигнала медицинската служба, тој умирал. Лекарите успеале да му го спасат животот, а тој починал година и пол подоцна од последиците од друга болест. Во 2011 година, таа се запознала со Масанорија Хонда, 71-годишник во добра здравствена состојба. Иако страдал од „поблага форма“ на дијабетес, тој често посетувал рекреативни активности. Тој стапил во контакт со Црната вдовица, а на пријателите им било кажано и дека планираат да се венчаат. На 9 март 2012 година, Црната вдовица се сретнала со Хонда во продавница. Потоа Хонда ја загубил свеста додека возел мотор истиот ден, а по два часа, лекарите ја констатирале неговата смрт. Подоцна се докажало дека Чисако започнала романтична врска со друг маж два месеци пред неговата смрт. Минору Хиоки, 75-годишник кој преживеал рак на белите дробови, планирал да започне нов живот во 2013 година. До август истата година, тој се заљубил во Какеха и во нејзините пораки напишал „дека сака да биде со неа засекогаш“. На 20 септември, таа му дала пилула со цијанид. Бидејќи двојката редовно земала лекови, на убиецот и` било лесно да вбризга цијанид, а Хиоки ја загубил свеста. Додека пристигнала медицинската служба, неговата состојба се влошила и се гушел и чувствувал болки. Какехи ги излажала лекарите тврдејќи дека боледува од напреден рак на белите дробови и го одбила неговото лекување, а тој починал во рок од два часа. Уште во ноември 2013 година, таа била во брак со Иса Какехи, а само неколку недели подоцна тој починал од срцева слабост. Како и повеќето жртви, тој починал по вечерата со Црната вдовица, а неговата смрт предизвикала сомневање. Обдукцијата не е честа постапка во Јапонија, но во овој случај била извршена поради честите смртни случаи на партнерите на Какехи. Наскоро, инспекторите пронашле празни капсули од лекови во нејзиниот стан во кои таа ставала цијанид, како и траги од цијанид. Два месеци подоцна, таа признала дека ги отрула Хонда, Хиоки и Суехир со таблети соп цијанид. Таа е осомничена дека е одговорна за смртта на четворица други мажи, но истражителите никогаш не нашле цврсти докази. Не е јасно што точно ја натерало на сите убиства. Нејзината одбрана се пожалила на недоследности во нејзиното сведочење, тврдејќи дека таа страдала од деменција. Одбраната го загубила случајот и таа е осудена на смрт. Казната ќе биде извршена во рок од шест месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПродолжува скандалот за доделувањето на Златната топка- организаторите најавуваат тужби Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба. Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба поради наводите за протекување информации и потенцијално лажно обложување поврзано со победата на Хари Кејн од Англија минатиот вторник, објави АФП. „Интегритетот на „Златната топка“ е апсолутен приоритет“, соопшти групацијата „Амаури“ во соопштение за медиумите испратено до АФП и потврди дека „многу сериозно ги сфаќа наводите за протекување резултати и потенцијално лажно обложување“. Сомнителни облози Финансискиот новински портал „Апсајд“ објави во последните денови дека неколку потенцијално сомнителни облози биле поставени на платформата за обложување „Полимаркет“, која нема лиценца за работа во Франција, пред церемонијата минатиот вторник во Лондон. Според „Апсајд“, само неколку дена пред церемонијата, речиси 265.000 долари биле исплатени преку 12 сметки за кои се верува дека се од исто лице. Редоследот на првите пет кандидати за „Златната топка“ е прецизно предвиден: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси. „Во тек се проверки за да се утврдат фактите и да се утврди кој би можел да биде одговорен“, објави групацијата Амаури.Тагови: Златната топка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрама на аеродромот во Тиват: Руски милијардер е задржан пред летот за Белград Рускиот милијардер Константин Иванович Струков, кој е на меѓународните листи со санкции, бил запрен на аеродромот во Тиват додека се обидувал да ја напушти Црна Гора, дознава Вијести од неколку независни извори.Според Вијести, надлежните органи покренале постапка за издавање одлука со која му се забранува влез во земјата. Откако неговиот лет за Белград бил одложен, Струков, откако дал изјава пред службениците на Секторот за гранична полиција, ја напуштил Црна Гора. „Одлуката за забрана ќе му биде доставена на домашната адреса подоцна“, ѝ било кажано на Вијести. Струков е еден од најпознатите руски милијардери во рударството и сопственик на компанијата „Јужуралзолото“, еден од најголемите производители на злато во Русија. Според меѓународната база на податоци OpenSanctions, неговото име е во евиденцијата на неколку јурисдикции кои вовеле санкции. Санкции му воведоа Соединетите Американски Држави (САД), Европската Унија (ЕУ), Обединетото Кралство, Швајцарија, Украина, Јапонија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Неговото име е наведено и во регистрите на санкции на Монако, Франција и Белгија, а некои од овие записи се однесуваат на спроведувањето на режимот на санкции на Европската Унија. Во украинскиот државен регистар се наведува дека Струков е сопственик на компанијата „Јужуралзолото“, како и на рудник за јаглен, и го поврзува со економски структури од стратешко значење за Русија. Инвестиција во Луштица: Хотел со пет ѕвезди или приватен комплекс? Инвестицијата на Струков во заливот Добра Лука, во областа Луштица, во рамките на месноста Кочишта-Бргули, во општина Херцег Нови, привлекува особено внимание. Според јавно достапната документација од општина Херцег Нови, Константин Струков бил наведен како раководител на проектот за изградба на туристичкиот центар Т1, чиј централен објект требало да биде петѕвездениот хотел Добра Лука, со придружни објекти, уште во 2018 година. Ова е проект на исклучително привлечна локација, веднаш до морскиот брег, за кој се спроведени процедурите за добивање на потребните одобренија и подготовка на техничка документација. Според достапните информации, Струков претходно го купил земјиштето од „Навигатор Фајнанс“ ДОО. Наводната вредност на трансакцијата била 5,4 милиони евра, заедно со правата од претходно стекнатата градежна документација. Сепак, посебно прашање е дали вистинската намена на комплексот е во согласност со неговата официјално презентирана туристичка функција. Според достапните информации, постои сомневање дека хотелот со пет ѕвездички служел како формална рамка за изградба на комплекс што во пракса би можел да се користи како приватна луксузна резиденција.Тагови: руски милијардер тиват Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИм делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полицијаДеца во германските покраини Тирингија и Рајнска област-Пфалц откриле метални иглички и магнети во своите бомбони собрани на Ноќта на вештерките, но за среќа никој не е повреден, објавија германските медиуми.Полицијата го истражува случајот како обид за тежок напад, објави германскиот весник „Билд“. Во Винчигероде, Тирингија, деца откриле метални иглички во своите бомбони додека ги одвиткувале, а полицијата верува дека игличките биле намерно поставени таму за да ги повредат децата. Сè уште не е јасно кој ги дистрибуирал бомбоните со опасните предмети. Слична ситуација се случила во Опенхајм, Рајнска област-Пфалц, на Ноќта на вештерките. #Halloween-Horror im Süßigkeitenbeutel! Kinder in #Thüringen und Rheinland-Pfalz entdeckten #Metallnadeln und Magnete in ihren gesammelten Naschereien. Zum Glück wurde niemand verletzt. Die Polizei ermittelt. Was gibt's eigentlich für Arschlöcher. #unfassbar 🔗 https://t.co/oOkWzoYVqa — GoscheUff (@GoscheUff) November 1, 2026 Деветгодишно момче подетално ги погледнало своите бомбони и открило два мали магнети, секој со дијаметар од околу два милиметри, на бомбоните. Неговата мајка била предупредена од објава на Инстаграм и го замолила својот син да ги провери бомбоните пред да ги јаде. Полицијата сега се обидува да открие кој стои зад овие опасни наоди за Ноќта на вештерките, бидејќи сè уште не е јасно од кои домови потекнуваат бомбоните. Затоа, на родителите им се препорачува почесто да ги проверуваат слатките на своите деца. Слични шокантни откритија се случиле и претходно. Во 2025 година, мајка во Кил пронашла бричеви меѓу бонбоните за Ноќта на вештерките на своите деца, се сеќава Билд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter