„Чудна случка со кучето во ноќта” вечер во Народен Театар Битола - Канал 5

„Чудна случка со кучето во ноќта” вечер во Народен Театар Битола

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта” на Драмски театар Скопје, која вечерва ќе се одржи во во салата на НУ Народен Театар Битола, свечено ќе биде затворено 25 издание на Интернационален Фестивал на монодрама Битола 2024.

„Чудна случка со кучето во ноќта” вечер во Народен Театар Битола

Претставата ќе им биде посветена на наградените и на театарската публика што две и пол децении го следи фестивалот кој годинава се реализира под слоганот „Слободата живее тука“.

-Фестивалското мото е директна асоцијација дека не само актерите туку и уметниците се во константна трка и потрага по слобода, а неа ја наоѓаат токму таму каде што творат, на сцените, истакна на отворањето директорката Маја Андоновска-Илијевски.

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска. Асистент на режија е Димче Николовски, драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката е на Симон Симоновски.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021 година и досега има 30 изведби на матичната сцена и на фестивалите Охридско лето во 2022 година, фестивалите „Рута“ Љубљана, „5ре“ во Велес и „Војдан Чернодрински“ Прилеп во 2023 година, каде претставата освои повеќе награди меѓу кои, наградата најдобар актер ја доби актерот Дамјан Цветановски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пад на рејтингот на Трамп меѓу белците

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп меѓу белите гласачи падна на најниско ниво откако повторно ја презеде функцијата, според најновото истражување на CNN и агенцијата SSRS.

Голем пад на рејтингот на Трамп меѓу белците

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп меѓу белите гласачи падна на најниско ниво откако повторно ја презеде функцијата, според најновото истражување на CNN и агенцијата SSRS, кое укажува на растечко незадоволство меѓу групата гласачи што со години е основа на неговата политичка поддршка.

Според истражувањето, нето-рејтингот на Трамп меѓу белите гласачи, што ја претставува разликата помеѓу оние што го одобруваат и оние што не го одобруваат неговиот настап, е минус 20 процентни поени, најниска вредност забележана за време на неговото претседателствување.

Вкупната стапка на одобрување на неговата работа е 34 проценти, додека 66 проценти од испитаниците не го одобруваат. Со ова, тој достигна најниско ниво на рејтинг во својата политичка кариера, еднакво на она од јануари 2021 година, по немирите пред американскиот Капитол. Сепак, нето-рејтингот сега изнесува минус 32 поени, што е полош резултат отколку по настаните од 6 јануари 2021 година, кога беше минус 28 поени.

Незадоволство од економијата, инфлацијата, војните..

Анкетата покажува дека граѓаните се особено незадоволни од начинот на кој претседателот управува со економијата, инфлацијата, растечките цени на горивата и кризата поврзана со Иран. Само 25 проценти од испитаниците го одобруваат неговото управување со инфлацијата, 21 процент од неговиот пристап кон цените на горивата и 28 проценти од неговото водење политика кон Иран.

Околу две третини од Американците веруваат дека економските политики на Трамп ја влошиле состојбата на економијата, додека ист број испитаници веруваат дека неговите воени одлуки поврзани со Иран им наштетиле на интересите на Соединетите Американски Држави. Само една четвртина од испитаниците веруваат дека претседателот има јасен план за решавање на кризата во Иран.

Анкетата, исто така, покажува дека 73 проценти од Американците веруваат дека Трамп не обрнува доволно внимание на најважните проблеми на земјата, додека само 27 проценти веруваат дека неговите приоритети се точни. Околу три четвртини од испитаниците проценуваат дека претседателот не е доволно запознаен со секојдневните проблеми на обичните граѓани, а две третини веруваат дека ги става личните интереси пред интересите на земјата.

Падот на поддршката е видлив и кај републиканските гласачи. Рејтингот на одобрување на Трамп во рамките на Републиканската партија падна на 78 проценти, што е најниско ниво за време на неговиот мандат. Во исто време, нивото на ентузијазам за продолжување на неговиот втор мандат значително ослабе, при што само 19 проценти од републиканците велат дека се оптимисти за годините што доаѓаат, во споредба со 38 проценти минатата пролет.

Лош рејтинг

Анкетата, исто така, покажува раст на критиките кон некои од проектите на претседателот во Вашингтон. Поголемиот дел од испитаниците негативно ги оценуваат плановите за изградба на нова балска сала во Белата куќа и други градежни интервенции поврзани со администрацијата, додека само 17 проценти од граѓаните ги оценуваат позитивно. Исто така, 57 проценти од испитаниците го сметаат фактот дека Трамп заработил повеќе од две милијарди долари за време на неговиот претседателски мандат за негативен, додека само седум проценти го сметаат за позитивен.

Портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, ги отфрли резултатите од анкетата, велејќи дека ниту еден американски претседател не постигнал повеќе за граѓаните од Доналд Трамп и дека администрацијата продолжува да работи на создавање нови работни места, намалување на инфлацијата и зголемување на достапноста на домувањето.

Анкетата е спроведена од 23 до 27 јули од страна на CNN и SSRS на репрезентативен примерок од 1.225 возрасни лица во Соединетите Американски Држави. Статистичката грешка на анкетата е плус или минус 3,2 процентни поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Музичар е уапсен поради неподнослива бучава- полицијата му запленила 40 гитари

Музичар од Кјото, на јапонскиот остров Хоншу, е уапсен под сомнение дека ги вознемирувал своите соседи свирејќи гитара и гласно пуштајќи музика повеќе од седум години.

Музичар е уапсен поради неподнослива бучава- полицијата му запленила 40 гитари

К. Ј. (61) наводно свирел разни гитари и пуштал радио и друга музика многу гласно дење и ноќе од 2019 година, нарушувајќи го сонот и здравјето на своите соседи, според полицијата.

Три лица, на возраст меѓу 60 и 80 години, пријавиле дека страдале од несоница и депресија поради бучавата, додека друго лице рекло дека развило постојано зуење во ушите, познато како тинитус.

„Беше ужасно бидејќи сите видови звуци беа измешани цел ден“, изјавил еден сосед за новинската агенција Кјодо.

Полицијата соопшти дека претходните предупредувања не го промениле однесувањето на човекот, но дека соседите на крајот дале доволно докази за негово апсење.

За време на претресот на станот на Јокоџи, полицијата запленила повеќе од 40 гитари, вклучувајќи голем број електрични, како и ЦД плеери, радио и засилувачи.

Истражителите измериле нивоа на бучава од повеќе од 80 децибели во областа околу неговиот дом, што градските власти го споредиле со бучавата во воз во движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на езеро: Деца со голи раце копаат низ песокот, за да спасат затрупано девојче (ВИДЕО)

Тринаесетгодишно девојче почина откако врз неа паднале неколку тони песок во стариот каменолом Лебјажински во близина на Нижни Тагил, додека децата скокале во езерото за да се разладат.

Драма на езеро: Деца со голи раце копаат низ песокот, за да спасат затрупано девојче (ВИДЕО)

Девојчето стоело на карпа висока околу 10 метри кога сè почнало да се урива, по што паднало од голема висина во водата, а потоа било затрупано од голема количина песок, јавуваат руските медиуми.

Нејзините пријатели претходно скокнале во неодржуваното езеро за да пливаат. Таа се приближила до работ за да ги гледа како скокаат, кога одеднаш се случило уривањето. Следеле шокантни моменти, а нејзините пријатели се обиделе да направат сè што можеле за да ја спасат својата пријателка.

„Пријателите на девојчето кое починало и луѓето кои се нашле во близина се обиделе сами да ја ископаат од песокот, но не успеале“, рекле очевидци на трагичниот настан.

Децата се обидувале да ја пронајдат околу 20 минути, а потоа се случило уште едно уривање.

Ни очевидци ниту спасувачи од Министерството за вонредни ситуации, кои набргу потоа пристигнале на местото на настанот, не можеле да го извлечат девојчето. Потрагата по телото на девојчето влезе во својот петти ден.

Телото на тинејџерката сè уште е закопано под слоеви песок и вода, а нејзините родители зјапаат во езерото од 24 јули, додека нуркачите повторно го пребаруваат дното.

Ни денес не беше можно да се користи тешка механизација. Областа доби рекордни врнежи од дожд, а земјата е сè уште натопена со вода.

На почетокот, спасувачките екипи се плашеа да влезат во каменоломот, бидејќи постоеше ризик од уште едно уривање. Сличен инцидент се случи само еден час пред трагедијата, кога голем дел од брегот се откина и се лизна во водата, заедно со работите на капачите.

Тинејџерите потоа успеале да излезат на време. Останува прашањето дали девојчето кое починало и нејзините пријатели знаеле дека дел од каменоломот веќе се урнал пред тие да пристигнат. Нивните познаници тврдат дека знаеле.

@novosty.seychas Трагедия произошла в Нижнем Тагиле на Лебяжинском карьере. Подростки заметили на земле трещину и стали пинать по ней. В этот момент 13-летняя девочка подошла к краю. Подруга крикнула ей отойти, но было поздно. Школьница упала в воду с десяти метров. В этот же момент её завалило песком. Спасатели пока не могут извлечь тело ⚡️НОВОСТИ БЕЗ ЦЕНЗУРЫ в телеграм-канале ССЫЛКА В ОПИСАНИИ ПРОФИЛЯ #россия #новости #рф #политика ♬ оригинальный звук - Новости сейчас

Сепак, не е јасно зошто решиле да ризикуваат. Според сведоштвата, девојчето ги гледало своите пријатели како изведуваат каскади веднаш до работ на брегот, каде што веќе се појавила голема пукнатина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер