„Чоколенд“ во Веро - слаткиот пат до награди - Канал 5

„Чоколенд“ во Веро - слаткиот пат до награди

Чоколадната празнична бајка во Веро и оваа година ги изненадува и наградува потрошувачите преку традиционалната манифестација „Чоколенд“. 

„Чоколенд“ во Веро - слаткиот пат до награди

Од 16 до 27 декември, Веро организира специјални промоции и супер промотивни цени на голем број слатки производи со чие купување потрошувачите стануваат потенцијален добитник на слатки награди.

Со секоја сметка над 200 денари од означените слатки производи, потрошувачите добиваат купон кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии во секој Веро маркет. Секој купон учествува во наградната игра во која ќе се доделат вкупно 300 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари.

Почнувајќи од 17 декември сѐ до завршувањето на наградната игра, секој ден се извлекуваат вкупно 30 добитници на слатките награди. Односно, секој ден Веро доделува по 10 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари. Ваучерите може да се искористат за пазарување производи од слатките рафтови во Веро маркетите најдоцна до 31 јануари 2023 година. Добитниците на слатките ваучери се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Vero marketi истиот ден по завршување на извлекувањето.

„Чоколенд“ е традиционална предновогодишна манифестација која Веро ја организира со години наназад како вовед во празничната магија на слатките задоволства. Организирајќи го „Чоколенд“, Веро ги промовира најпознатите брендови на чоколади и слатки од домашни и странски производители, а воедно на своите потрошувачи им овозможува да уживаат во најголем избор на слатки вкусови по промотивни цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Епицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.

Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Касано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано повторно крена бура со своите изјави, а овојпат мета на неговите критики беше Жозе Мурињо. 

Касано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома остро зборуваше за португалскиот стручњак во интервју за шпанскиот весник „Ас“, доведувајќи ги во прашање неговите тренерски квалитети и начинот на кој ги води екипите.

„Мурињо повеќе не би требало да води екипи. Имаше многу среќа, бидејќи ниту еден од неговите тимови не играше атрактивен фудбал. Неговите идеи за играта беа актуелни пред една деценија. Во кариерата не остави никакво фудбалско наследство, туку само скандали со сите“, изјави Касано.

Италијанецот изрази изненаденост што Реал Мадрид своевремено го ангажираше португалскиот тренер и што претседателот Флорентино Перез му ја укажал својата доверба.

Касано го пофали тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, нагласувајќи дека го смета за многу подобар стручњак од Мурињо.

Според него, доколку двајцата си ги заменеле улогите, Реал под водство на Гасперини би можел да оствари убедлива победа, дури и со резултат 10:0. Поранешниот фудбалер исто така смета дека Реал треба да се угледа на Барселона и на тренерот Ханси Флик.

„Во Реал треба да учат од Барселона и Флик. Тој изгради импресивен тим со силен карактер, во кој сите фудбалери учествуваат во нападите. Во Мадрид, пак, го прават токму спротивното“, изјави Касано.

На удар се најде и Винисиус Жуниор. Италијанецот смета дека неговиот соиграч Родриго, кој моментално е повреден, е многу подобар фудбалер. Иако признава дека Бразилецот Винисиус е голгетер и поседува добри напаѓачки способности, Касано смета дека нему му недостасува класата на вистинска светска ѕвезда.

Особено интересна беше неговата споредба на двајца познати фудбалери со име Роналдо. Касано, без двоумење, му ја даде предноста на Бразилецот Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“.

„Како централен напаѓач, немам видено подобар од Роналдо Назарио. Тој беше неверојатен феномен. Да не беа сериозните повреди, ќе достигнеше незамисливи височини. Тоа е вистинскиот Роналдо. Кристијано не може да се споредува со него и поседува само половина од класата на ’Феноменот‘“, истакна екс репрезенативецот на Италија и член на Реал, Антонио Касано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки

Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“,.

Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки

Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, чии средства со ребалансот се зголемени од еден на два и пол милиони денари, беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери.

„Современата механизација ја олеснува обработката на земјата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат можности за попрецизно планирање и поефикасно производство. Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски информираше дека, според условите на јавниот повик за мерката 115, регистрираните земјоделски стопанства чиј носител или член е жена можат до 13 ноември 2026 година да аплицираат за средства за набавка на опрема за преработка и доработка на примарни земјоделски производи и за услуги за спроведување на деловниот план.

„Сакам и надоместокот за мајчинство од Програмата за социјална сигурност да стигне до секоја жена за која е наменет. Ги охрабрувам жените со статус на осигуреник–индивидуален земјоделец кои ги исполнуваат условите да се информираат и да поднесат барање до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најдоцна до 10 декември 2026 година“, рече министерот Серафимовски.

Осврнувајќи се на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во кој се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена, од кои 3.918 се помлади од 40 години, министерот Серафимовски ја нагласи заложбата за поголемо учество на жените во управувањето со стопанствата и развојот на сопствени дејности, како и за надминување на стереотипот за земјоделството како „машка професија“.

„Во вашите успеси се гледа силата на македонското земјоделство, а во вашите идеи се препознава насоката за неговиот следен исчекор. Како министер, преземам обврска тие идеи да добијат поддршка, а вашиот глас да има поголемо влијание врз одлуките што ги носиме“, им порача министерот Серафимовски на жените земјоделки кои денес присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во Струмица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер