„Читај ја Македонија!", Денови на македонската литература за деца и млади во Москва - Канал 5

„Читај ја Македонија!", Денови на македонската литература за деца и млади во Москва

Во Културниот центар „Фазил Искандер” во Москва од 23 до 30 април се одржуваат Денови на македонската литература за деца и млади насловени „Читај ја Македонија!".

„Читај ја Македонија!", Денови на македонската литература за деца и млади во Москва

Такво широко претставување на македонските писатели за деца во Русија се прави прв пат, соопшти Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва.

Главни гости на настанот биле деца на 11-12 годишна возраст и нивни школски наставници. Панкина кратко ги запознала со историjата на словенското писмо, истакнуваjќи jа улогата на сесловенските просветители св. рамноапостолни браќа Кирил и Методиj и панорамски ги претставила македонските автори кои пишуваат за деца и млади - од класиците како Ванче Николески и Видое Подгорец, до современите Киро Донев, Биљана Станковска, Горјан Петрески и др., до најмладите како Натали Спасова и Хана Корнети.

- Посебно внимание му беше посветено на романот “Другата мајка” на Драгица Најческа (превод на руски: Олга Панкина, издавачка куќа “У Никитских ворот”, Москва, 2021) - историја на Кристина, десетгодишно девојче останато без мајка која загина во катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Присутните, како децата, така и возрасните буквално беа одушевени од поезијата на познатите македонски писатели: Бошко Смакоски, Васил Пујовски, Волче Наумчески, Васил Куновски, Цане Андреевски, Киро Донев, Панде Манојлов, Стојан Тарапуза и други, се вели во соопштението од Панкина.

Се додава дека таа истакнала дека низа песни од тие автори може да се прочитаат во реномираното списание „Иностранаја литература” излезено од печат во jануари оваа година.

За време на настанот на Олга Панкина ѝ помагалеа артистите на Театарот „Город” од градот Долгопрудни, кои пред публиката ги прочитале како песните, така и македонските приказни „Силјан Штркот„ и „Детето со sвезда на челото” преведени на руски.

Олга Панкина на сите заинтересирани им подарила книги на македонски автори.

Уште пред настанот во Центарот „Фазил Искандер” Панкина организирала конкурс за деца и нивни родители под наслов „Слушаме и цртаме македонски приказни”. Младите творци – од 3 до 14 години - направиле слики според мотивите на повеста „Силјан Штркот”, на приказните за Итар Пеjо, како и од книгата Македонското народно творештво „Детето со sвезда на челото”, Скопје, Детска радост, 2019. Панкина истакнала дека конкурсот имал цел да придонесе за приближување на македонското фолклорно богатство до светот на децата. Од наjдобрите детски творби била составена изложба коjа ќе биде отворена во Центарот уште еден месец.

Почнуваjќи од 2014 година Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва, се подвлекува во соопштението, успешно го реализира во Русиjа проектот „Читај ја Македонија!” одржувајќи разни литературни и културни настани низ цела година, а главниот настан на годината - на пролет, поврзуваjќи го со Денот на словенското писмо. Значајно е тоа што во 2025 година Деновите на македонската литература во Москва ѝ се посветени на македонската книжевност за деца и млади.

Фото: Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд возврати: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот, одговори Уставниот суд на забелешките на Судскиот совет и Здружението на судии .

Уставниот суд возврати: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот, одговори Уставниот суд на забелешките на Судскиот совет и Здружението на судии кои побараа воздржаност и внимателност од Уставниот суд за случајот со судијата од Основниот суд Скопје, пријавен за непочитување на нивна одлука за конкеретн предмет... Заедничкиот став на Судскиот совет и Здружението на судии има одредени противречности и уставно-правни апсурдности – се вели во реакцијата на Уставниот суд , кој повикувајчуи се на повеќе членови од Утсавот оценува дека овој суд има посебна уставна положба и не подлежи на начелото на поделба на власта.

-Почитувањето и извршувањето на одлуките на Уставниот суд не е прашање на избор, на толкување или пак, согласност на кој било орган или кое било службено лице. // Односот на Уставниот суд кон останатите власти не е однос на надреденост, туку одржување на состојбата на уставноста, и оттука извршувањето на неговите одлуки не претставува извршување на одлука на државен орган, туку претставува постапување во согласност со Уставот. Извршувањето на одлуките на Уставниот суд значи постапување во согласност со Уставот,- - Појаснување во врска со извршувањето на одлуките на Уставниот суд.

Уставниот суд појаснува и дека неправосилноста на одлуката не ја менува фактичката состојба дека судијата не ја извршил нивната одлука, а дополнително, ја игнорирал и практиката на Европскиот суд за човекови права, спротивно на ставот на Судскиот совет и на Здружението на судии, кои ценат дека за законитоста на одлуката треба да одлучува Апелација.

Правниот експерт Дарко Аврамовски оценува дека во конкретниот случај, има пропусти во одлучувањето и на Уставниот суд и на Основниот, меѓутоа, како што посочи, во државава постои недоволно развиена правна пракса а се уште до крај не се диференцирани колкави се надлежностите на Уставниот суд.

-Многу би било добро доколку овој случај е иницијалната каписла која ќе ги седне на иста маса Уставниот суд, Судскиот совет и редовното судство, на која ќе може да се договори некаква предвидливост во постапувањето и на Уставниот суд при одлучување за сторени повреди од страна на редовните судови но и механизмите за примена и давање на практичен ефект на овие одлуки на Уставниот суд од страна на редовните судови. Самиот пропуст на Уставниот суд да наведе дека ги поништува одлуките и како треба да се спроведе одлуката во пракса, не создава имунитет кај редовните судови затоа што одговорноста е префлена кај нив и тие мора да најдат начин како да ги имплементираат одлуките на Уставниот суд,- - Дарко Аврамовски, Коалиција сите за правично судење.

Во однос на тоа дали судијата од Основниот суд ќе сноси дисциплинска или кривична одговорност за своето постапување, Аврамовски посочува дека се уште е рано да се зборува дали таква постапка ќе биде покрената, а како клучен аргумент ја наведува токму правната дилема, дали се работи за различно толкување на правото и фактите од страна на Основниот суд во контекст на одлуките на Уставниот суд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиење

Утре по истекот на 72 часа од последното лабораториско испитување ќе се знаат официјалнитее резултати од третото тестирање на водата во Гостивар, по кое ако ги потврди претходните два резултати, гостиварци ќе можат да пијат вода од чешма.

Утре ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиење

Ова било констатирано на денешниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар. Извори од штабот за Канал 5 велат дека последните микробиолошки тестови се чисти, а по наредбата за намалување на количината на хлор, и двете последователни мерења покажале вредности во рамките на дозволените граници.

Сепак според истите извори, одлуката за евентуално укинување на забраната за користење на водата за пиење треба да ја соопштат надлежните институции, најверојатно Агенцијата за храна која и донесе одлуката за забрана.

На денешната прес-конференција во Министерството за здравство, заменик-министерот Јовица Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање кога би можел да биде прогласен крај на епидемијата во Гостивар, рече дека очекува состојбата наскоро да се нормализира, доколку и следните анализи го потврдат подобрувањето на квалитетот на водата.

„Колку што сум информиран, квалитетот на водата е драстично подобрен во однос на последните анализи и очекуваме да се направи уште една анализа. Не сум присуствувал на последниот состанок на Кризниот штаб, но доколку водата биде во ред, се надевам во најбрз можен рок ситуацијата да се нормализира. Во суштина, тоа го прогласува Кризниот штаб заедно со АХВ.“ изјави – Јовица Андоновски, заменик-министер за здравство.

Од Министерството за здравство велат дека внимателно се следи здравствената состојба во градот.

Дотогаш, гостиварци можат да ја користат водата од водоводот единствено како техничка. Останува на сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод и за подготовка на храна за сите граѓани, угостителски објекти и оператори со храна Снабдувањето со вода за пиење во Градот се обезбедува преку цистерни, а на граѓаните им се дистрибуира и пакувана вода.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент

Почина 83 годишен пациент со нилска треска на клиниката за инфективни болести.

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент

Пациентот возраста имал и други хронични заболувања, потврди директорот на клиниката Фадил Цана. На клиниката од нилска треска се лекуваат 20 пациенти пет од нив се на интензивно лекување.

Најчесто симптомите се висока температура, поврќање и дијареа, вртоглавица. Посебно треба да се внимателни возрасните граѓани и оние со хронични заболувања, појаснуваат докторите.

Во оштините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден, а во населните места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Јурумлери и Кадино е прогласена епидемија, потврдија од Центарот за јавно здравје. На терен ќе има редовно прскање од комарци во сите овие општини и населени места, објаснува Арсениевски од центарот за јавно здравје.

Досега осум пациенти се излекувале и заминале од инфективната клиника, а вкупно од стратот на нилската треска биле хоспитализирани 29 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер