Здравје Четири несвесни начини преку кои им дозволуваме на луѓето да не нè почитуваатПонекогаш, љубезните и несебични луѓе не сфаќаат дека преку своите постапки всушност им дозволуваат на другите да не ги почитуваат. Едноставните гестови како непотребното извинување или слабо поставените граници можат да ве наведат да ја занемарите сопствената вредност и чувството за себе. Ако постојано се чувствувате искористено или ве третираат неправедно, можеби е време да ја преиспитате својата улога во таквите ситуации, пишува Vice. Еве четири начини на кои можеби несвесно ги учите луѓето да не ве почитуваат. Не ги спроведувате поставените граници Едно е да поставите граници, а друго е да ги спроведете. Можеби ќе кажете што не поднесувате, еднаш или двапати, но дали кога некој ќе ја премине границата, го сметате за одговорен? Ако одговорот е не, во суштина ги учите да продолжат да ги поместуваат вашите граници. На пример, замислете дека некој ве користи како терапевт за своите проблеми. Се обидувате да поставите граници и го замолувате да не ве оптоварува со своите чувства или интимните детали од својот брак, но тој и понатаму го прави истото. По некое време, попуштате и слушате, мислејќи дека ви е потребна поголема енергија да инсистирате на своите граници, отколку само да го сослушате. За жал, со ова ја учите личноста да ги игнорира вашите граници и да го добие она што го сака. Не ја искажувате вашата непријатност Да кажете дека ви е непријатно поради нешто, не е секогаш лесно, особено ако имате работа со некој што ги омаловажува вашите чувства или го негира вашето искуство. Да речеме дека вашиот партнер е во пријателски однос со поранешната партнерка и сфаќате дека нивната врска сега е платонска. Најчесто, не ви пречи оваа динамика и му верувате на вашиот партнер, сè додека нема несоодветно однесување. Сепак, сте кажале дека нивните интимни разговори или постојаната комуникација ви пречат. Но, додека лежите во кревет доцна навечер, забележувате дека вашиот партнер со денови води длабоко емотивна преписка со бившата. Секоја вечер чувствувате „дупка“ во желудникот, но поминувате преку тоа. Не кажувате дека ви пречи затоа што не сакате конфликт. За жал, тоа е лизгав терен што може да ги поткопа дури и најздравите врски. Претерано се извинувате Да ја признаете својата грешка и да преземете одговорност за своите постапки е доблест, но претераното извинување или извинувањето без причина може бргу да доведе до тоа некој да ги „истури“ своите емоции/гнев врз вас. Затоа добро размислете пред да се извините за нешто што не е ваша вина. За жал, ова е честа навика, особено кај жените. Но, кога им дозволувате на другите да ве обвинуваат, или кога се обвинувате себеси за туѓите грешки, им давате можност на другите луѓе да не ве почитуваат. Ги жртвувате вашите вредности за другите Ова е подмолно, но опасно. Ако се фатите себеси како постапувате спротивно од сопствените уверувања или дури наоѓате изговори да ги прекршите сопствените граници само за да му угодите некому, во суштина не се почитувате себеси, што често ги охрабрува и другите да го сторат истото. На пример, да речеме дека ја цените интимноста во рамките на врската, не ги осудувате другите кои се впуштаат во секс без обврски, но едноставно не го сакате тоа за вас. Сепак, кога ќе излезете со некого, му дозволувате да ве наговори на нешто што не го сакате. Можеби вашите пријатели ви велат да се „опуштите“ и да бидете полежерни, или можеби станува збор за личност што сте ја запознале преку апликација за запознавање и која е премногу наметлива. Во секој случај, ако не се држите цврсто до вашите вредности, можете брзо да се изгубите себеси и да предизвикате да не ве почитуваат. Вашите вредности не мора да бидат општоприфатени за да бидат важни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook