ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано
Технологија„Cherry“ е новата „Cosmic Orange“: „Apple“ ја менува заштитната боја за „iPhone 18 Pro“Заборавете на „Cosmic Orange“ - инсајдери тврдат дека „Apple“ подготвува драстична промена кога станува збор за естетиката на својата најмоќна серија телефони следната година.Секоја есен, „Apple“ воведува нова линија на своите модели на „iPhone Pro“, а покрај подобрувањата на хардверот, една од главните теми е секогаш нова, ексклузивна боја. Овие нијанси (како „Midnight Green“, „Sierra Blue“ или сегашната „Cosmic Orange“) станаа статусен симбол на генерацијата. Американскиот гигант веќе планира голема промена за следната серија „iPhone 18 Pro“ - портокаловата боја ќе биде заменета со длабока, богата нијанса на „Dark Cherry“. First look at iPhone 18 dummies in the new colors: Black, Silver, Dark Cherry and Light Blue. Cherry will probably be the next hit, orange did very well. pic.twitter.com/2qpZDA7oEK — Sonny Dickson (@SonnyDickson) May 29, 2026 Извори од синџирот на снабдување тврдат дека одлуката е веќе донесена и дека „ Dark Cherry “ е официјално новата боја во Купертино. Новата боја „Dark Cherry“ е опишана како софистицирана мешавина од длабока скапана цреша и бордо со препознатлив метален сјај на рамката од титаниум. Целта на дизајнерскиот тим од Купертино е да се врати на полуксузен, „аристократски“ изглед, поприкладен на уреди чија цена редовно ја надминува границата од илјада евра. Извор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)Денес се случи сообраќајна несреќа на автопатот А3, меѓу клучката кај мостот на Сава и клучката „Загреб-исток“, во правец кон Липовац.Поради сударот, сообраќајот беше целосно запрен накратко, што предизвика колона долга околу два километра. Возилата моментално се движат низ овој дел од автопатот со ограничена брзина од 60 км/ч. Загрепската полиција за „Индекс“ потврди дека во несреќата учествувале два камиона и три патнички возила. Екипите на итната помош се на терен, но засега нема информации за загинати или повредени лица. Еден автомобил целосно смачкан Црвен шлепер директно удрил во задниот дел на бел автомобил; силината на ударот целосно го смачкала автомобилот и го заглавила под камионот, додека жолт камион со кран е позициониран веднаш до нив. Во далечината се гледаат запрени возила на итните служби, како и колона од автомобили наредени по лентата за застанување во итни случаи и по сообраќајните ленти. Извор: Индекс.хрТагови: Загреб несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСветскиот шампион Шпанија донесе одлука за селекторот Де ла Фуенте Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте постигна огромен успех со најдобрата селекција и сега треба да биде награден за тоа.Де ла Фуенте е многу блиску до нов договор со Шпанската фудбалска федерација, според кој би требало да остане на чело на репрезентацијата до 2030 година, пренесува „Атлетик“. Преговорите траат веќе два месеца, а извори запознаени со ситуацијата тврдат дека двете страни сега влегле во завршната фаза. Де ла Фуенте ја презеде репрезентацијата во декември 2022 година и многу брзо почна да ниже успеси. Првиот голем успех дојде уште во 2023 година, кога Шпанија ја освои Лигата на нации. Една година подоцна следеше Европското првенство во Германија. „Фуријата“ ја совлада Англија со 2:1 во финалето и се искачи на европскиот трон, а ова лето, освојувањето на Светското првенство дојде како шлаг на тортата. Продолжувањето на соработката до 2030 година би имало и посебна симболика. Токму тогаш Шпанија ќе биде еден од домаќините на Светското првенство, заедно со Португалија и Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организираноСДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат .СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен. Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии. Во нивното владеење парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, одеа во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00