„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката - Канал 5

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката

 Како што изјави денеска техничкиот дриектор Гоце Цветковски, веќе една недела компанијата целосно не работи, а загадувањето во главниот град останува горе-долу исто.

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката. Како што изјави денеска техничкиот дриектор Гоце Цветковски, веќе една недела компанијата целосно не работи, а загадувањето во главниот град останува горе-долу исто.

Цветковски е дециден дека „Усје“ работи согласно националното и европското законодавство, како и дека максимално ги почитува правилата на еколошката дозвола што ја поседува - правила кои, напомена, се многу построги од регулативата.

Како што оцени, загадувањето на Скопје е мултифакториски проблем и затоа е несоодветно причината за загадувањето да се бара само на едно место.

-Целосно ја разбираме загриженоста на граѓаните на Скопје за квалитетот на амбиенталниот воздух, но, сакам да кажам дека „Цементарница Усје“ не е причина за тоа. Голем број студии кои прават анализа на честичките во амбиенталниот воздух, го покажуваат нивното потекло и ниту една од нив не укажува дека индустријата е доминантен фактор.Од друга страна, „Усје“ има 24-часовен мониторинг што ја мери секоја секунда на секој оџак од производниот процес на фабриката. Сите овие мерења укажуваат дека компанијата целосно работи согласно националнто законодавство и европските директиви и во никој случај не е главниот причинител за загадувањето, потенцира Цветковски по средбата на главниот извршен директор на „Титан Усје“ Константинос Николау со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Според Цветковски, нема основа за дислоцирање на фабриката како што бараат граѓаните и активистите, а компанијата е секогаш отворена за јавна дискусија на која точно би се дефинирала причината за загадувањето.

-Со оглед дека компанијата работи по сите правила на игра и ги почитува законите, како и правилата на еколошката дозвола кои се построги од законодавтсвото, не би коментирал за дислокација зашто не гледам основа за тоа. „Титан Усје“ како дел од корпорацијата „Титан“ работи целосно во согласност со европското и националното законодавство. Немаме против отворена дискусија за реално наоѓање на проблемот. Инаку, согласно барањата на пазарот за цемен,т секогаш во зимскиот период цементарницата ги прави своите редовни ремотни. Исто е и оваа година. На 20 декември беше запрена едната производна линија, а на 16 јануари втората. Моментно веќе една недела компанијата целосно не работи, а загадувањето во Скопје останува горе-долу исто. Тоа уште еднаш покажува дека главната причина за загадувањето во Скопје не е „Цементарница Усје“, подвлече директорот.

Претходно, во дискусија со Азески, главниот извршен директор на „Титан Усје“, Константинос Николау, истакна дека целта на компанијата е нула нето емисии на јаглерод до 2050 година.

-Безбедноста и здравјето за нас се приоритет и клучна определба. Уделот на јаглерод во нашите производи е сведен на минимум. Тоа е одраз на нашата грижа за животната средина. Во последните шест години „Титан Усје“ инвестираше 36 милиони евра од кои 4,5 милиони за подобрување на оперативното работење и еколошките стандарди. Тука се применуваат најдобрите индустриски практики. Секоја година реализираме по 6 - 9 милиони евра инвестиции. Следните три години планираме вложувања од 30 милиони евра, подвлече Николау, додавајќи дека повеќе од 70 години „Титан Усје“ е дел од заедницата и има А интегрирана дозвола.

Групацијата „Титан“ во светски рамки има преку 6 000 вработени, а „Титан Усје“, која придонесува со преку 50 милиони евра во македонската економија, брои повеќе од 500 директни и индиректни вработувања и дополнително, соработува со над 3 000 добавувачи.

Азески оцени дека ја остварува посетата во сензитивен период, кога компанијата, како што рече, е нападната во јавноста. Тој повика на дијалог и во овој контекст понуди поддршка од Комората.

-Треба да докажеме дека имаме капацитет за опстанок, за контролирање на ситуациите и за интеграција. Мислам дека тој испит ќе го положиме зашто враќање назад нема. Мора да се разговара за да се надминат проблемите. Тоа е единствениот начин. Придонесот на оваа компанија во државата е голем, Групацијата се шири, што потврдува дека е силна и дека работи согласно законите, потенцира Азески.

Истакна и дека овој случај конечно го отвори клучното прашање - заштитата на животните средина и развојот на индустријата.

-Дојдов тука кога наша членка е нападната во јавноста. Не бегам од тоа, дојдов да изразам поддршка на менаџментот. Треба да имаме вин-вин ситуација, државата да овозможи компаниите да остваруваат профит, но во услови на максимално заштитена животна средина. Големи мултинационални компании се тука, а тоа значи дека ја гарантираат стабилноста на државата и на системот, рече Азески на средбата со Николау на која стана збор и за организирање меѓународна конференција, како и меѓународен мониторинг за загадувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недела на јапонски филм во Кинотеката – шест филмски приказни со бесплатен влез

Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Недела на јапонски филм.

Недела на јапонски филм во Кинотеката – шест филмски приказни со бесплатен влез

Публиката ќе има можност да проследи шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Сите проекции започнуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Програмата ќе биде отворена во среда, на 4 ноември, со „Чекор“ на режисерот Кен Иизука, емотивна приказна за татко кој, по ненадејната смрт на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка. Низ нивното секојдневие, филмот зборува за родителството, загубата и силата на семејната блискост.

На 5 ноември ќе биде прикажан „Маскирано одделение“ на Хисаши Кимура, напнат трилер за лекар кој се соочува со опасен натрапник и со тајните на болницата. На 6 ноември следува „Речиси чудо“ на Јуја Ишии, приказна за младоста, добрината и првите љубовни чувства.

На 7 ноември на програмата е „Деца на морето“ на Ајуму Ватанабе, визуелно впечатлива анимирана авантура што ја истражува поврзаноста на човекот со морето и природата.

Циклусот продолжува на 9 ноември со „Банана? Во ова време од ноќта?“ на Тецу Маеда. Инспириран од вистинска приказна, филмот ја следи решеноста на човек со мускулна дистрофија да живее самостојно и неговите односи со волонтерите кои му помагаат во секојдневието.

Неделата на јапонски филм во Скопје ќе заврши на 10 ноември со „Иване: Меч на спокојот“ на Кацухиде Мотоки, историска драма за самурај кој се обидува да започне нов живот, но се вплеткува во опасен заговор во периодот Едо.

Преку различни жанрови и авторски пристапи, програмата отвора простор за запознавање со јапонската култура и со приказни за семејството, љубовта, солидарноста и личната слобода.

На 11 ноември програмата ќе продолжи во Центарот за култура во Битола, со проекции на „Деца на морето“ и „Чекор“.

Сите проекции во Кинотеката се во 19:00 часот. Влезот е бесплатен, без резервации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијата

Еден од најдобрите свтески кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ продолжи со своите спектакуларни настапи на почетокот од НБА сезоната. 

Видео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијата

Словенечкиот кошаркар со 42 поена, 13 асистенции и седум скока, ги предводеше Лејкерси до убедлива победа од 138–117 над Мајами Хит.

Лука погоди шест тројки, што беше негов петти натпревар по ред со најмалку 37 постигнати поени. Ова беше четврти натпревар на Дончиќ со најмалку 40 поени во неговите последни пет настапи.

Во тој период, тој имаше просек од неверојатни 43,4 поени, 8,6 скока и 9,2 асистенции.

Само претходната вечер, против Торонто Репторс, тој постигна 45 поени и оствари 15 скока. Со оваа победа, Лејкерс стигнаа до учинок од 6 победи и 2 порази. Покрај Дончиќ, се истакна и Остин Ривс со 27 поени, како и Вокер Кеслер, кој забележа „дабл-дабл“ учинок со 15 поени и 15 скока.

Словенечкиот кошаркар имаше одличен почеток на натпреварот, што полека но сигурно станува традиција. Само до крајот на првата четвртина, Дончиќ забележа 16 поени, пет асистенции и четири скока, а до полувремето стигна до 24 поени.

Во првите четири и пол минути од второто полувреме, тој додаде уште девет поени, помагајќи им на Лејкерси да ја зголемат предноста на 93–74. Потоа, Мајами не успеа сериозно да се врати во натпреварот.

Дончиќ, кој минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во НБА, оваа сезона е особено доминантен во првите четвртини, со просек од 15 поени.

YouTube video

Исто така, вреди да се напомене дека Дончиќ приреди вистинско шоу не само на теренот, туку и за време на прес-конференцијата по натпреварот. Тој им кажа на новинарите дека е подготвен да одговори на уште прашања, но откако го доби првото, со насмевка стана од столот и си замина.

Прашањето гласеше: „Зошто доби техничка грешка?“ Техничките грешки се чест проблем за Дончиќ; тој често ги добива поради своите реакции или расправии со судиите. Минатата сезона собра 16 такви грешки – само една помалку од Дилон Брукс, кој беше прв во лигата во таа категорија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Според информациите од МВР на неколлку локации во Скопје и Штип во тек е акција на полицијата за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ .

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер