„BYD“ објавува кога ќе стане најголем производител на автомобили во светот - Канал 5

„BYD“ објавува кога ќе стане најголем производител на автомобили во светот

За време на годишниот состанок на акционерите на „BYD“, претседателот на Управниот одбор Ванг Чуанфу предвиде дека компанијата ќе стане најголем производител на автомобили во светот во следните пет години.

„BYD“ објавува кога ќе стане најголем производител на автомобили во светот

Ванг го истакна незапирливиот раст на кинеските брендови на автомобили на меѓународните пазари, истакнувајќи дека моделите на „BYD“, кои се одликуваат со конкурентни цени, напредна технологија и супериорно корисничко искуство, во моментов значително ги надминуваат многу локални конкуренти низ целиот свет.

Иако компанијата првично постави цел да продаде 1,6 милиони возила во странство оваа година, Ванг откри дека сегашните трендови сугерираат дека оваа бројка ќе биде далеку надмината. Нагласувајќи ја долгорочната стратегија за планирање, шефот на „BYD“ истакна дека клучот за стабилен и одржлив раст е локализирање на производството (отворање фабрики на клучните пазари).

Зборувајќи за иднината на паметните автомобили, Ванг го опиша модерното возило како форма на „отелотворена вештачка интелигенција“. Со 3,15 милиони паметни возила веќе на патиштата низ целиот свет, „BYD“ собира податоци од 200 милиони километри поминати секој ден. Овој голем збир на податоци служи како основа за развој на следната генерација на системи за автономно возење.

Ванг предвидува дека технологиите за автономно возење „L3“ и „L4“ ќе стигнат на пазарот многу порано од очекуваното. Тој потврди дека „BYD“ е целосно подготвен во областа на микрочиповите, напредните алгоритми и целиот екосистем на податоци.

„Штом ќе се донесе потребното законодавство, „BYD“ веднаш ќе преземе мерки“, рече Ванг, додавајќи дека компанијата веќе има воспоставено центри за обука во Европа, Јужна Америка, Југоисточна Азија и Блискиот Исток за поддршка на имплементацијата на овие системи.

Изовр: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер