Британските медиумите продолжуваат да ја споменуваат Македонија како дестинација за нелегалните мигранти - Канал 5

Британските медиумите продолжуваат да ја споменуваат Македонија како дестинација за нелегалните мигранти

Велика Британија би можела да депортира одбиени баратели на азил во Македонија – ова е само еден од насловите кои изминатите неколку дена одекнаа по британските медиуми.

 Британските медиумите продолжуваат да ја споменуваат Македонија како дестинација за нелегалните мигранти

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли наводите на дел од британските медиуми, но и на опозицијата дека во земјава ќе се отворат мигрантски кампови или транзитни хабови за одбиени баратели на азил од Велика Британија. Вели дека додека тој е премиер, такво нешто нема да се случи, а темата за прифаќање на мигранти во земјава според него, не само што не била разговарана со македонските власти, туку и да се разговара истата ќе биде одбиена. Прашан пак, за обвинувањата на лидерот на СДСМ Филипче кој најави и он-лајн петиција, Мицкоски одговори дека во политиката на неговата партија е борбата против нелегалната миграција.

„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција.“

Мицкоски појасни и дека темата која е разговарана со британските власти е за борба против нелегалната миграција, односно како да се спречи влезот на мигрантите од земјите членки на ЕУ, мислејќи, пред се, на Грција во земјава на патот кон западна Европа.

„Тоа што беше во рамките на британските медиуми. Едно е, они викаат failed asylum seekers, тоа што е, неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји. Да потенцирам и да кажам јасно и гласно пред македонската јавност дека таква тема не е разговарана. Но, доколку се разговара, исто така ќе биде одбиена од наша страна. Што е разговарано? Разговарано е дека заеднички ќе се бориме против илегалната миграција, и ќе се бориме заеднички против илегалната миграција бидејќи верувале или не, ние ја браниме Европа од Европа бидејќи илегалните мигранти влегуваат токму од граница која што е граница од земја членка на ЕУ.“

Дел од британските медиуми изминатите неколку дена пренесуваа дека нивната земја би можела да депортира одбиени баратели на азил во Македонија. Во текстовите објавени на „The Times“, „Telegraph“, „The Sun“, „Daily Mail“ и британски „Express“ се наведува двете земји се во фаза на преговори, според кои Македонија би добивала финансиска помош од 20 илјади фунти за секој прифатен мигрант, а финалниот план би имал за цел да ги охрабри одбиените баратели на азил во Британија, да бараат работна виза и азил во Македонија. Тие како што се наведува нема да бидат затворени, туку ќе имаат можност да заминат кога сакаат. Дополнително, се наведува дека како дел од договорот Велика Британија би се согласила да инвестира во Македонија и да понуди безбедносни гаранции за справување со заканата од Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер