„Брачна игра“ премиерно на 27 март во МНТ - Канал 5

„Брачна игра“ премиерно на 27 март во МНТ

Претставата „Брачна игра“ од авторот Едвард Олби, а во режија на Тони Михајловски премиерно ќе биде одиграна на 27 март на малата сцена на Македонскиот народен театар.

„Брачна игра“ премиерно на 27 март во МНТ
Во претствата играат Весна Петрушевска и Игор Џамбазов. Преводот го направи Петрушевска, а изборот на музиката е на Џамбазов. Костимограф е Елена Лука, а сценограф Илина Ангеловска.

Режисерот и уметнички директор на МНТ Тони Михајловски на денешната прес-конференција рече дека иницијативата за оваа претстава е на Игор и на Весна.

- Ова е пред се актерска претстава, која е напишана и дозволува да се распостеле целиот талент на еден женски и еден машки актер. Овој текст ја нуди целата дискомуникација меѓу двајца партнери, „осудени“ да бидат еден со друг, иако тоа е нивен личен избор. Претствата зборува за тоа што се случува кога сакате да направите промена во својот живот, имате волја, но немате сила и што се случува кога ќе се спојат ексцентричноста и конзервативноста на двајца партнери, рече Михајловски.

Петрушевска најави дека ќе поставуваат еден исклучителен автор и додаде оти ќе работат жестоко, прво за нив самите, а потоа за публиката.

Џамбазов истакна дека текстот се однесува на институцијата-брак која, како што рече, и кај нас почнува да се распаѓа.

- Ова не е приказна за бракот на нашите родители. Туку распадот на оваа институција почнува со нашата генерација, рече Џамбазов.

За Елена Лука претставува предизвик да се работи со Игор и Весна, кои во претставата ќе носат по два костими со цел да се долови двојството на личноста и позиционираноста во општеството.

Илина Ангеловска соопшти дека сценографијата треба да ја поддржи целата приказна што се случува.

- Станува збор за хипици, брачен пар, кои ќе ги следиме низ временски период од 30 години. Претствата ќе биде исполнета со многу детали, со доста визуелни коментари кои ќе ја поддржат целата приказна, рече Ангеловска.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето утре сончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Времето утре сончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

11 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Маврови Анови, 19 Берово, Претор, Прилеп, 20 Крива Паланка, 21 Битола, Охрид, 22 Тетово, 23 Штип, 24 Виница, Демир Капија, Кавадарци, 25 Зајчев Рид, Скопје Петровец, Струмица, Велес, 26 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево со слаб до умерен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсовски: Очекувам првата порака на фон дер Лајен да биде политичка, дека сега е моментот за евроатлански интеграции

Фон дер Лајен ќе пристигне во Скопје утре точно напладне, по што ќе следува тет а тет средба и работен ручек со премиерот Мицкоски, а потоа ќе имаат заедничка прес конференција.. 

Арсовски: Очекувам првата порака на фон дер Лајен да биде политичка, дека сега е моментот за евроатлански интеграции

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски очекува три теми да доминираат на нејзините средби со државниот врв..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп одби да го поддржи Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот претседател Доналд Трамп се воздржа од поддршката за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нов мандат пред изборите што ќе се одржат во Израел на 27 октомври. 

Трамп одби да го поддржи Нетанјаху на претстојните избори

Во интервју објавено денес, Трамп избегна директна поддршка на својот долгогодишен сојузник.

Избегнување на директна поддршка

Кога списанието TIME го праша дали Нетанјаху треба да добие уште еден мандат, Трамп одговори: „Сè што можам да кажам е дека повеќе не сум во политиката, освен што сме популарни...“. Кога новинарите го повторија прашањето, тој повторно избегна јасен одговор.

„Не, најважно за мене е да помогнам во одбраната на Израел“, рече тој во интервјуто во понеделник. Наместо тоа, Трамп се осврна на сопствениот углед меѓу израелската јавност и тврдеше дека неговата популарност таму достигнува „околу 99 проценти“ благодарение на потезите од неговиот мандат.

Коментар за изборите

На прашањето дали Вашингтон може поефикасно да соработува со кандидатот на опозицијата и поранешен началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, Трамп рече дека „не слушнал ништо лошо за него“. Сепак, тој предупреди дека Нетанјаху не треба да биде отпишан прерано.

„Луѓето го отпишаа Биби многу, многу пати, исто како што ме отпишаа мене многу пати“, рече Трамп, додавајќи: „Не би го потценил Биби“. Односите меѓу Трамп и Нетанјаху наводно се затегнале во последните месеци. Како причини се наведуваат војната во Иран и продолжувањето на израелските воени операции во Либан и Газа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер