Балкан„Божиќна кошничка“ од денеска во грчките супермаркетиПокрај основните продукти, од денеска се додаваат уште шест категории, односно мисиркино, јагнешко и козјо месо, чоколади, милиброд и новогодишна погача.Кошничката на домаќинствата“ во грчките супермаркет со конкретни основни производи чии цени треба да останат исти или да има минимални покачувања, од денеска е збогатена со т.н. „Божиќна кошничка“ во која се вклучени производи поврзани со претстојните празници, јави дописничката на МИА од Атина. Покрај основните продукти, од денеска се додаваат уште шест категории, односно мисиркино, јагнешко и козјо месо, чоколади, милиброд и новогодишна погача. Министерот за развој на Грција Костас Скрекас во интервју за грчката телевизија ЕРТ посочи дека оваа година, „Божиќната кошничка“ е поевтина во споредба со лани, но и дека поевтина ќе биде и божиќната трпеза за граѓаните. -Гледаме дека имаме пониски или исти цени како лани, така што имаме или нула или негативна инфлација во однос на истиот период во 2022 година. На пример, мисирката е за пет отсто поевтина, козјото месо за 16 проценти, а јагнешкото е за 17 отсто поевтино, рече Скрекас. Кошничката за домаќинствата во грчките супермаркети беше воведена лани во ноември, а содржи над 50 производи, меѓу кои ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook